Синот на норвешката кралица оди на повторно судење, откако му беше прифатена жалбата - Канал 5

Синот на норвешката кралица оди на повторно судење, откако му беше прифатена жалбата

Мариус Борг Хоиби, син на норвешката кралица Мете-Марит, кој беше осуден на четири години затвор за силување, семејно насилство и низа други кривични дела, ќе биде повторно суден откако судот денеска ја прифати неговата жалба.

Синот на норвешката кралица оди на повторно судење, откако му беше прифатена жалбата

„Апелациониот суд веднаш ќе започне со подготовки за постапката. Датумот на рочиштето сè уште не е одреден“, објави судот.

Адвокатот на Хоиби, Петар Секулиќ, изјави за норвешката телевизија НРК дека очекува таква одлука и дека е задоволен од неа.

Пресуда и жалба за дел од обвинението

Во јуни, Хоиби беше осуден на четири години затвор за две точки од обвинението за силување, семејно насилство и низа други кривични дела.

29-годишникот поднесе жалба на пресудата за две точки од обвинението за силување и злоупотреба на поранешна девојка.

Услови на притвор на кралскиот имот

Хоиби моментално е во притвор, престојувајќи во имотот Скаугум, резиденцијата на норвешкото кралско семејство, со електронска нараквица за следење.

Семејни врски и погребот на кралот Харалд V.

Хоиби е син на кралицата Мете-Марит од Норвешка од нејзината претходна врска, а кралот Хакон од Норвешка е негов очув.

Нему му е дадена дозвола да излегува неколку пати по смртта на неговиот очув, кралот Харалд V од Норвешка, пред помалку од две недели. Исто така, му беше дозволено да присуствува на вчерашниот погреб на монархот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата

Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од Европската Унија, тоа е само изговор на Мицкоски и бандата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата

Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од Европската Унија, тоа е само изговор на Мицкоски и бандата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостување на телевизија Сител. Филипче посочи дека политиката на Мицкоски за барање дополнителни гаранции е само изговор, заради тоа што не сакаат европски систем и судство.

„Тоа е изговор на Христијан Мицкоски и на неговата банда. Затоа што не сакаат во Европа, затоа што не сакаат систем, затоа што не сакаат европско правосудство, затоа што не сакаат контрола на парите. Каква гаранција се бара во процес во кој ниедна земја немала гаранција? Европа и патот кон Европа не е загрозување на националните интереси“ рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека Мицкоски преку страв и манипулација со националните чувства, се обидува да создаде впечаток дека европската интеграција може да го загрози македонскиот идентитет.

„Го разбирам, моментот на манипулација и играње на емоцијата на луѓето, кога ви вели: „А, ние сакаме да ги заштитиме нашите национални интереси.“ И со тоа ги плашат луѓето - „утре Бугарија може да ни го загрози јазикот, културата и така натаму“. Поднесовме предлог-резолуција со црвени линии во Собранието. Не одговорија, јасно е. Кој е тој, кој што има различни црвени линии во нашата земја. Ние, никој, ниту една политичка партија, СДСМ, ВМРО, сите други, имаат еднакви црвени линии. Тоа е идентитетот, кој е потврден со Преспанскиот договор, според претседателката Сиљановска Давкова. Јазикот, кој е потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик, културата,“ рече Филипче.

Тој додаде дека одговрност на власта е да го продолжи процесот и да не ја користи европската интеграција како изговор за блокада.

„Зарем не е тоа одговорност на власта? Зарем тие не ветија подобра преговарачка позиција? Што ние повеќе да направиме од оваа наша борба силна против криминалната власт, во која што ги разобличуваме сите политики“ рече Филипче.

Филипче посочи дека две години СДСМ предупредува оти Владата води политики спротивни на интересите на државата и на европскиот пат.

„Две години наназад укажуваме дека оваа Влада е антиевропска. Дека работи спротивно, не само на нашите интереси, туку и на интересите на Европската Унија, затоа што проширувањето е еден од од приоритетите. Колку време ние треба да чекаме, треба да се затвори вратата за проширување?. Сега, после толку години, повеќе од децении, има бран на проширување. Треба да го испуштиме? При тоа Антонио Кошта, минатата година, кога дојде, што кажа - имаме само план А“, рече Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=wLZDCuQESTw

Скопје, 02.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ- Отчет за својот двегодишен парламентарен мандат

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.

ЗНАМ- Отчет за својот двегодишен парламентарен мандат

ДВЕ ГОДИНИ МАНДАТ.

ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА.

ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.

По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати.

Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата.

ЗНАМ не е само коректор на власта.

ЗНАМ е креатор на политики.

Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија.

Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати.

Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција.

Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата.

ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти.

За нас тоа не е партиски интерес.

Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија.

Нашата политика е јасна:

Повеќе работа – помалку политичка бучава.

Повеќе одговорност – помалку изговори.

Повеќе резултати – помалку политички театар.

Довербата се добива на избори.

Но, довербата се оправдува со дела.

ЗНАМ продолжува да работи за Македонија во која политиката не се мери според тоа колку ветува, туку според тоа колку испорачува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

„Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“.

Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI).

Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми.

Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата.

Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер