Синот на Николас Кејџ ги зачуди сите со невообичаениот имиџ со шминка на очите (ФОТО) - Канал 5

Синот на Николас Кејџ ги зачуди сите со невообичаениот имиџ со шминка на очите (ФОТО)

31-годишниот син на Николас Кејџ, Вестон Кејџ Копола, кој ретко се појавува во јавност, е виден во центарот на Лос Анџелес.

Синот на Николас Кејџ ги зачуди сите со невообичаениот имиџ со шминка на очите (ФОТО)

Фотографите го снимиле како поминува улица во друштво на русокоса, со која подоцна отишол во ресторан.

Вестон ги изненади обожавателите со својот уникатен имиџ. Има долга коса, сива маица и панталони од змиска кожа со соодветни чизми, а очите силно ги истакнал со молив.

Вестон се оженил со Хилари Кејџ Копола во 2018 година и има четири деца: синовите Лусијан и Сорин и близнаците Сајрес и Венеција.

Неговите претходни сопруги се Даниел Кејџ, со која беше во брак од 2013 до 2016 година и Ники Вилијамс, со која се ожени во 2011 година, а се разведе во 2012 година.

Вестон е најстариот син на Николас Кејџ и актерката Кристина Фултон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети.

Гори саудиски танкер полн со нафта, погоден е со ракета

Јеменските Хути рано утринава соопштија дека извеле воена операција насочена кон два саудиски танкери за нафта, при што извештаите за поморска безбедност укажуваат дека еден од бродовите наведени од групата – танкерот „Енселија“ (Encelia) што плови под саудиско знаме – бил погоден во Црвеното Море.

Хутите објавија дека ги нападнале танкерите „Енселија“ (ENCELIA) и „Лајла“ (LAYLA) со повеќе балистички и крстосувачки ракети, тврдејќи дека пловилата ја прекршиле поморската блокада наметната врз Саудиска Арабија од страна на група поврзана со Иран.

Извор од областа на поморската безбедност соопшти дека танкерот „Енселија“ испратил повик за помош, пријавувајќи дека бил погоден од ракета додека се наоѓал во близина на надворешните граници на саудиското пристаниште Џизан во Црвеното Море и дека се запалил.

Британската групација за управување со поморски ризици „Вангард“ (Vanguard) соопшти дека саудискиот танкер „Енселија“ (Encelia) бил погоден од проектил од непознато потекло на десната страна, на околу 70 наутички милји југозападно од Ал Шукаик во Саудиска Арабија, во 20:00 часот по Гринич (GMT).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Кризниот штаб бара решение за обезбедување технички исправна вода во Гостивар. 

Заседаваше кризниот штаб за надминување на состојбата во Гостивар

Водата и натаму е небезбедна за употреба, а залихи ќе се обезбедуваат со цистерни од околните општини, но и од Куманово, Кавадарци и Неготино.

Кризниот штаб усвои и низа дополнителни мерки за заштита на здравјето на граѓаните на Гостивар.

Во меѓувреме продолжува да се испитува квалитетот на водата, а на помош се испратени и екипи од скопскиот водовод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со температура до 34 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност.

Сончево со температура до 34 степени

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, особено долж Повардарието и во источните делови од земјата.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе достигнат од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре под влијание на влажен бран се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Врнежите наместа ќе бидат проследени со грмежи и со засилен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер