ЗабаваСинот на Ѓорѓе Балашевиќ стана татко: Внукот го доби името по неговиот дедоАлекса Балашевиќ и неговата сопруга Николина Балашевиќ добија второ дете - син кого го крстија Ѓорѓе. Бабата на момчето, Оливера Балашевиќ, исто така објави трогателна порака на Инстаграм. Алекса Балашевиќ и неговата сопруга Николина Балашевиќ добија второ дете - син кого го крстија Ѓорѓе. Момчето го доби името во чест на покојниот татко на Алекса, легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ. Двојката веќе има четиригодишна ќерка, Вера. Гордиот татко не ја криеше својата среќа и сподели емотивна благодарност до докторката што го изврши породувањето на социјалните мрежи. – Што да кажам, денес не познавам никој како тебе? – напиша Алекса покрај фотографијата на која ја прегрнува докторката. – По втор пат ги пречекувате нашите Небесни Деца – додаде тој. Порака од баба Оливера Бабата на момчето, Оливера Балашевиќ, исто така објави трогателна порака на Инстаграм. – Џоле се врати дома... Го повика срцето на една „провинцијалка“, баба која посака најубав подарок што небото може да ѝ го испрати за роденденот утре. Добредојде, мало големо момче! Твојот дедо те чува од најсјајната ѕвезда, а твојата баба веќе те чува со секое отчукување на срцето! – напиша таа покрај фотографијата од новороденчето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаСтојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИПратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ. Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ. „Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ. Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“. Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска. Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче. „Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпреварЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЈотова во водство на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите . Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook