3Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
Шоу бизСинот на еден руски сенатор од 8-годишна возраст бил заљубен во ѕвезда на филмови за возрасниПосле 10 години ја признале врската, а сега се откриени сите пикантерии.Владислав Тјулпанов уште како дете сонувал еден ден да ја освои Катја Самбука, најпосле тоа му се остварило. Под светлата на рефлекторите, осамна една необична љубовна приказна за еден млад човек чии фантазии од детството станале реалност. Имено, Владислав Тјулпанов (18), син на покојниот руски сенатор Владим Тјулпанов, првпат на 8-годишна возраст видел фотографии од ѕвездата на филмовите за возрасни Катја Самбука (32), и се заљубил. Младиот Владислав тогаш имал осум години, а Катја, 22. Владислав цела наредна деценија бил фасциниран од Катја, а неодамна срамежливо ѝ пратил порака преку Инстаграм. Не ни очекувал таа да му одговори, но кога го сторила тоа, бил пресреќен. -Кога станав познат, ѝ испратив комплименти преку Инстаграм, на кои не ни очекував да одговори. Мислев дека, како и кај секоја друга ВИП личност, има асистент што ги води социјалните мрежи. Затоа се изненадив кога лично од неа добив одговор во кој пишуваше: „Ви благодарам. Добре дојдовте на мојот профил“. Така почнавме да се допишуваме преку Инстаграм, а првпат се видовме кон крајот на април 2022 година – објаснил младиот Тјулпанов, а за тоа пишуваше и Дејли Стар. Владислав истакнува дека како момче не ни можел да сонува дека еден ден ќе ја запознае славната Катја, за која сонуваат сите мажи. Меѓутоа, средбата се случила на 22. април 2022 година, а на овој штотуку полнолетен млад човек не му пречат ниту нејзините три деца. Сепак, јавноста не можеше а да не забележи дека тој е во врска со Катја нецели две години, што значи дека тој имал само 16 години кога се сретнале, додека таа тогаш имала 30 години. - Нашата прва средба траеше неколку дена, едноставно, не можевме да се разделиме. Децата на Катја ги гледам како свои по 20 месеци врска. Мислам дека секој нормален маж треба да го направи тоа, не треба да ги дели жената што ја сака и нејзините деца. Само слабите и неискрени мажи кои не сакаат да сносат одговорност можат да кажат: „Ова не е мое дете“. Сама школувај го“. Тоа значи дека не ја сакаат својата партнерка – објаснил овој млад човек. Парот сè уште се навикнува на заедничкиот живот, а Владислав секогаш истакнува дека неговата љубена не е ѕвезда на филмовите за возрасни туку ѕвезда на еротските фотографии, а нејзиното минато не го интересира. - Поминувам многу време со нејзините деца. Шетаме заедно и секогаш одиме некаде. Неодамна бевме во циркус. Имаме сосема нормален живот, како и секое друго семејство. Многу сакам да го поминувам времето со моето семејство, а тоа е Катја и нејзините деца – заклучил овој млад човек. View this post on Instagram A post shared by Владислав Тюльпанов (@vladislav_tulpanov1) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20