Синот на Бекам заврши во болница: Жена ми се грижи за мене (ФОТО) - Канал 5

Синот на Бекам заврши во болница: Жена ми се грижи за мене (ФОТО)

Бруклин Бекам бил итно пренесен во болница откако го скршил рамото, пишува Дејли Мејл.

Синот на Бекам заврши во болница: Жена ми се грижи за мене (ФОТО)

Синот на Бекам потоа прозборел од болничкиот кревет и напишал дека му е добро и се заблагодарил на сопругата Никола што се грижи за него. „Си го скршив рамото, но во ред е затоа што ја имам Никола да се грижи за мене. Те сакам душо“, напиша тој на Инстаграм. Следбениците во коментар му посакаа брзо закрепнување.

Се уште не е познато како се повредил Бруклин. Вечерта пред да заврши во болница, посетил јапонски ресторан во Њујорк, од каде покажа неколку фотографии на Инстаграм.

Бруклин не крие колку му значи сопругата Никола Пелц. Тие се венчаа во април 2022 година, а тој го зеде и презимето на сопругата. На почетокот на оваа година тој откри дека истетовирал лик на неговата сопруга.

Имено, Бекам на десното рамо има тетоважа на главата на неговата сопруга Никол. Тоа е само една од низата тетоважи што ги има синот на Бекам, а тој тврди дека има меѓу 80 и 100, но на луѓето навистина не им се допадна оваа со лицето на неговата сопруга, за која рече дека е последна во низата што ја направил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да стане нов генерален секретар на Обединетите нации (ОН), пренесува „Џерузалем пост“, повикувајќи се на извори од три земји.

Трамп има нов план: Дали Орбан би можел да застане на чело на Обединетите нации?

Според извештаите, американски претставници веќе разговарале со Орбан и му предложиле да се кандидира за таа функција. Тој покажал интерес, но сè уште нема донесено конечна одлука.

Според извештајот, Вашингтон смета дека Орбан би можел да ја обезбеди поддршката од Русија и Кина. Тоа би значело дека неговата кандидатура би била поддржана од три големи светски сили кои имаат право на вето во Советот за безбедност на ОН.

Еден американски функционер проценува дека Орбан би можел да добие поддршка од најмалку осум од 15-те членки на Советот за безбедност, со можност бројот на гласови да достигне десет. Сепак, досега ниту една земја јавно не ја потврдила својата поддршка за него.

Орбан е „кандидатот од соништата“ на Трамп

Според извештајот, американските претставници подолго време разговараат за тоа каков профил на личност би сакале да видат на чело на ОН. Во текот на овие дискусии, често се спомнувала идејата да се најде „некој како Орбан“ – замисла со која, наводно, се согласиле и претставниците на Русија и Кина.

Претставник на Стејт департментот на САД го опиша Орбан како „кандидат од соништата за конзервативците од движењето MAGA“, првенствено поради неговото противење на масовните миграции и либералните невладини организации. За време на своето владеење, Орбан често бил во судир со Европската унија, додека истовремено одржувал добри односи со рускиот претседател Владимир Путин и со Кина.

Трамп му даде поддршка за време на унгарските парламентарни избори во април, а во неговата кампања учествуваше и новоизбраниот потпретседател на САД, Џ. Д. Венс.

Извори тврдат дека Трамп и Венс се подготвени да ја поддржат кандидатурата на Орбан, но само доколку тој одлучи да влезе во трката. Не се очекува никакво официјално објавување на неговата кандидатура сè додека не завршат американските избори на средината на мандатот.

Дали Европа ќе го поддржи?

Франција и Обединетото Кралство би можеле да се покажат како едни од најголемите пречки за кандидатурата на Орбан. Двете нации се постојани членки на Советот за безбедност на ОН и имаат право на вето, што значи дека би можеле да го блокираат изборот на некој кандидат, дури и ако мнозинството од другите членки го поддржуваат.

Сепак, американските претставници сметаат дека Лондон и Париз можеби нема да сакаат да блокираат кандидат зад кој стојат САД, Русија и Кина. Ниту една од овие две европски земји сè уште нема изнесено став.

Кој ќе го наследи Гутереш?

Меѓу кандидатите за следен генерален секретар на ОН е Лана Нусеибе, дипломат од Обединетите Арапски Емирати, која минатата недела ја објави својата кандидатура и, според извештаите, добива сè поголема поддршка.

За среда е закажано уште едно неофицијално гласање во Советот за безбедност на ОН, со цел да се утврди нивото на поддршка за различните кандидати. Сè уште не е јасно дали меѓу нив ќе биде и Орбан. Мандатот на актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш, истекува на 31 декември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота!

Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо!

И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!

На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. 

„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!

По повод одлуките на државјаните, граѓаните на Србија и Бугарија на нивните парламентарни и претседателски избори, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следното:

На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. Честитки до „Студентската листа“ за својата истрајност, упорност и принципиелност со што ја освоија довербата на големото мнозинство на Српскиот народ и ја добија честа и одговорноста да раководат со Република Србија во наредниот период. Добивме уште еден пример после Унгарија дека граѓаните се уморни од традиционалните политички опции, долгогодишните професионални политичари и корупциски профитери. Затоа се приклонуваат кон автентични политички коалиции на прогресивната демократска јавност. Земајќи предвид дека без малку цели две години во Србија се практикуваше улична демократија која предизвикуваше драматични политички тензии, сега после демократската смена на власта, посакуваме брзо нормализирање на внатрешните состојби кои се предуслов за стабилност во целиот регион.

Историски најслабиот одзив во првиот круг на претседателските изборите е ехо на Бугарскиот народ за актуелната политичка понуда. Очекуваме, откако го злоупотреби бегството на Ива Михајлова во својата кампања, Претседателката Илијана Јотова да покаже политичка мудрост и во пресрет на вториот круг да иницира постапка за нејзина брза екстрадиција во Македонија и соочување со правдата. Земајќи предвид дека во моментот кога се потпишуваше фамозниот Договор за добрососедство Јотова беше потпретседателка на Румен Радев, таа има морална одговорност да ја прекине спиралата на непотребни провокации од официјална Софија. Во спротивно, доколку и во кампањата за вториот круг се пласираат радикални ставови со кои драматично се нарушуваат билатералните односи, кандидатите треба да бидат свесни дека со таквиот пристап во Македонија го зголемуваат внатрешниот притисок за преиспитување на Договорот за добрососедство.

После вчерашните парламентарни и претседателски избори во Србија и Бугарија, може да го заклучиме дека:

Политичката борба за полноправно членство во ЕУ не подразбира безусловна подготвеност на национални отстапки кои не ги одобрува високото мнозинство на Македонскиот народ. Млаките реакции за провокациите на официјална Софија не ја приближуваат Македонија до ЕУ туку го разјадуваат македонското национално ткиво создавајќи внатрешни поделби заради кои речиси е невозможно да се постигне консензус за неопходните внатрешни реформи кои го надминуваат мандатот на една или друга политичка Влада;

Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори;

Во Македонија студентите и генерално младите, без разлика на нивната етничка и верска припадност и колку во моментот се потценети од традиционалните партии, поседуваат интегритет и капацитет да бидат значаен фактор во политичките промени;

Уште еднаш се потврди дека без вистинско обединување на целокупната опозициска прогресивна демократска јавност е речиси невозможно да се победат десничарските популистички власти на Балканот.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер