Синот на Бекам си го истетовирал ликот на жена му, сите му се смеат (ВИДЕО) - Канал 5

Синот на Бекам си го истетовирал ликот на жена му, сите му се смеат (ВИДЕО)

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, ја покажа тетоважата на неговата сопруга Никол Пелц во шоуто на Џенифер Хадсон.

Синот на Бекам си го истетовирал ликот на жена му, сите му се смеат (ВИДЕО)

Бекам има тетоважа на главата на неговата сопруга Никол на десното рамо, а тој гордо ја покажа среде шоуто со соблечена кошула. Тоа е само една од низата тетоважи што ги има синот на Бекам, а тој тврди дека има меѓу 80 и 100, но на луѓето навистина не им се допадна оваа со лицето на неговата сопруга, за која рече дека е последна во низата што ја направил.

„Друже, момчето има милиони на неговата сметка, а неговата тетоважа изгледа како да ја направил во RV“, „На мама Викторија сигурно ѝ се допадна цртежот“, „Тоа е малку неуредна тетоважа“, „Тој тетоважист треба да биде затворен“, „Останав без зборови кога го видов ова“, „Момчето има веројатно 70 тетоважи посветени на неговата сопруга“, „Само што ја видов тетоважата на Бекам, дали е нормален“, се само дел од коментарите на Твитер.

Некои дури забележале интересна тетоважа под лицето на Никол. „Пушти ја сликата со Никол, погледни под неа. Има тетоважа на сидро на кое пишува „Тато“, како Дејвид Бекам во морнарицата“, додаде еден твитерџија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер