Синот на Бекам покажа како прави пица, сите му се смеат: Ова изгледа грозно (ВИДЕО) - Канал 5

Синот на Бекам покажа како прави пица, сите му се смеат: Ова изгледа грозно (ВИДЕО)

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, веќе некое време се обидува својата страст за готвење да ја претвори во професионална кариера, но судејќи по коментарите за неговите кулинарски способности, нема да биде така лесно.

Синот на Бекам покажа како прави пица, сите му се смеат: Ова изгледа грозно (ВИДЕО)

Синот на познатиот фудбалер често е предмет на потсмев на социјалните мрежи бидејќи се уште го бара својот професионален пат, а во последно време сака да биде готвач. Сега со објава на својот Инстаграм ги покажа своите вештини за правење домашна пица, а многу коментатори не беа воодушевени од тоа што го покажа.

На видеото се гледа како Бруклин ги меша вообичаените состојки за тесто - брашно, квасец и маслиново масло со чаша вода. Тестото го оставил да одмори пред да го рассука, а од другата страна направил сос од домати и пржени печурки. Откако ги наредил состојките и ја испекол пицата, ја украсил со листови спанаќ.

Неговата сопруга Никола Пелц оставила коментар во кој му изразува поддршка на својот сопруг, но судејќи според другите реакции, следбениците не биле воодушевени. Ги погледнале состојките кои младиот готвач ги користел при правењето пица.

"Сериозно? Основата за вашиот сос се конзервирани домати и свеж лук?" е еден од коментарите, додека други корисници исто така истакнале како пицата изгледа „незготвена“. „Оваа пица изгледа ужасно“, напишал еден корисник, додека друг му рекол на младиот Бекам „да престане да готви“.

Инаку, ова не е прв пат да го исмејуваат Бекам. Неодамна бил запрен на улица додека возел скап автомобил и го прашале што направил за да си го дозволи, а тој одговорил дека е готвач.

„Еј човеку, што правиш? Колата ти е кул“, го прашал Бруклин тиктокерот Даниел Мек откако го видел зад воланот на неговиот автомобил. Застанувајќи за момент, тој одговорил: „Јас сум готвач“, што поттикна голем број саркастични коментари на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна трпеза полна со месо, колбаси

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна гозба – трпеза полна со месо, колбаси и колачи – а потоа испрати и порака.

Халанд го прослави својот 26-ти роденден на јахта со незаборавна трпеза полна со месо, колбаси

Светската фудбалска ѕвезда норвешкиот репрезентативец и напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, 26-ти роденден го прослави на свој начин – со раскошна гозба за време на паузата по Светското првенство.

Маестралниот голгетер одигра важна улога во норвешката репрезентација на овогодишното Светско првенство во САД, Канада и Мексико, предводејќи ја својата селекција до најдобриот пласман во историјата, пред да бидат елиминирани од Англија во четвртфиналето.

Бидејќи до почетокот на новата сезона во Премиер лигата има уште неколку недели, Халанд одлучи да одмори на Сардинија, каде што ужива на јахта со својата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен.

На својот роденден, тој сподели фотографија од нејзиниот профил на Инстаграм на која се гледа импресивна трпеза.

Масата е полна со огромни порции месо на скара, колбаси, палачинки, јајца, бејгели и овошје, како и голем избор на торти и пецива, додека во позадина се протегаше погледот кон морето.

Подоцна, тој објави и фотографија на која се релаксира на јахта со викиншки шлем на главата, придружена со кратка порака: „26 години. Прекрасно.“

Халанд е познат по една од најекстремните диети во светот на фудбалот. Тој внесува околу 6.000 калории дневно за да ја одржи својата импресивна физичка градба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси пејачка носи само две ленти

Носи само 2 розеви ленти, никогаш не сте виделе вакво минијатурно бикини!

Фото: Секси пејачка носи само две ленти

Атрактивната српска пејачка Теодора Џеверовиќ успеа да ја разбуди имагинацијата на своите следбеници кога сподели фотографии во минијатурно бикини.

Таа покажа дека е во топ форма, а во една прилика откри и како успева во тоа.

Теодора позира на лежалка во розов костим за капење, а тетоважата меѓу градите и на бутот се во преден план.

Таа речиси секојдневно објавува видеа и фотографии од теретана, па не е изненадување што има совршено тело, а неодамна откри дека за појадок се труди да комбинира овошје и житарици за да има рамен стомак и доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб, ќе игра на Филипините.

Поранешната НБА ѕвезда, Бобан Марјановиќ има нов клуб

Како што објави менаџерот на српскиот центар Бобан Марјановиќ, познатиот Мишко Ражнатовиќ, искусниот центар потпишал краткорочен договор со тимот SGA од Филипините, за кој ќе настапува на турнирот „Вилијамс Џонс куп“ во Тајван.

Интересно е што овој тим е основан во 2023 година. Тој не се натпреварува во ниту една лига, туку учествува на споменатиот куп, кој го има освоено двапати.

Марјановиќ минатата сезона ја помина во екипата на Илирија, каде што имаше просек од 13,9 поени и 8,6 скока. Останува да видиме што го очекува по завршувањето на соработката на Филипините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер