Синот на Балашевиќ ја откри тајната на бракот на своите родители

Алекса Балашевиќ (23) , син на популарниот Ѓорѓе Балашевиќ за прв пат проговори за тајните на бракот на своите родители.

,,Не сум дете на познати , туку на големи луѓе. Каде е Ѓорѓе кога некој ми ја крши вилицата? “ , рече меѓу другото Алекса во врска со односите во семејството на Ѓорѓе и неговата сопруга Олја Балашевиќ.

Тој вели дека двајцата останале заедно најмногу поради децата , но и љубовта што ги врзува. ,, Тие имаат нешто свое, зашто и кога се караат и кога се смирени има нешто што ги поврзува. Има нешто кај нив што не може да се опише.” , рече Алекса , кој е успешен борач и бизнисмен . Себеси се опишува како голем романтичар , исто како татко му.

,,Сите ние сме романтичари . Тато не покажува љубов само преку стиховите , туку и преку гестови кои не им се познати на медиумите. Секогаш велам дека не сум дете на познати , туку на големи родители. Познат денес може да биде секој , а голем и успешен многу тешко. Ако некој ги сака моите родители , ќе ме гледа со поубави очи, ако не ги сака, нема воопшто да сака да ме види. Каде е Ѓорѓе Балашевиќ кога сум во рингот и некој ми ја крши вилицата , кога сум на работа со голем настан , со обложувалници и политика?” , вели Алекса Балашевиќ.

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во Рио Гранде

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска побара од Конгресот да прогласи природна катастрофа поради големите поплави што ја погодија најјужната држава Рио Гранде до Сул, при што загинаа осумдесет и пет лица.

Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150.000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита.

Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа.

Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави.

- Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет.

Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови.

- Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој.

Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Според локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај.

- На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места.

Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа.

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ.

ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа

Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“.

ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“.

ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“.

Токму од областа на преминот Рафа вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети.

Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“.

притисни ентер