СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
2СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна
СветСинот на Бајден бара одложување на судењето, кое што треба да започне во јуниНа Бајден помладиот треба да му се суди во Делавер на 3 јуни, под обвинение дека лажел на барање за купување огнено оружје во 2018 година. Адвокатите на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, денеска ќе побараат од судијата да го одложи за септември почетокот на судењето, што треба да започне на 20 јуни, по обвиненија за затајување повеќе од 1,4 милиони долари даноци. На Бајден помладиот треба да му се суди во Делавер на 3 јуни, под обвинение дека лажел на барање за купување огнено оружје во 2018 година. Адвокатите на Хантер Бајден велат дека не можат адекватно да се подготват за двете судења во исто време и побараа одложување, но и отфрлање на обвиненијата. Панелот од тројца судии на Деветтиот окружен апелационен суд на САД го отфрли предлогот на одбраната минатата недела. Во обвинението се наведува дека Хантер Бајден не платил повеќе од 1,4 милиони долари данок во текот на четири години додека живеел „екстравагантен начин на живот“ и наводно се борел со зависност од дрога. Во случајот Делавер, обвинителите тврдат дека Бајден лажел за неговата употреба на дрога во октомври 2018 година на формулар за купување огнено оружје. Тој признал дека во тој период имал зависност од крек и кокаин, но неговите адвокати рекле дека не го прекршил законот. Долготрајната федерална истрага за синот на претседателот изгледаше дека ќе заврши со договор за признавање вина минатата година, но тоа не се случи. Според договорот, тој ќе добие две години затвор, условно доколку се изјасни за виновен за обвиненијата за затајување данок. Тој, исто така, ќе избегне гонење за обвинението за оружје во тој случај. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука.Почитувани сограѓани Албанци, 22 Ноември е датум чие значење ја надминува симболиката на историски јубилеј. Тој е сведоштво за национална визија и свест за посебен идентитет, чиј темел е стандардизираната албанска азбука. Конгресот во Битола од 1908 година означи пресвртница и нова фаза во развојот на албанската нација, преку образование и култура на унифициран албански јазик. Јазикот е основниот белег на националната посебност. Тој е најсилниот инструмент за градење и изразување на колективната меморија на еден народ, неговото духовно наследство и искуство. Албанскиот јазик, вам Албанците ви овозможи да изразите почит кон претците, но и одговорност кон потомците. Во македонското мултикултурно општество и демократски политички систем, Албанците и албанскиот јазик имаат долга традиција на постоење во уставниот, политичкиот, економскиот, образовниот, научниот, културниот, спортскиот, медиумскиот, забавниот и секојдневниот живот. Дозволете ми како претседателка на државата, да изразам став дека наша заедничка должност е да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите, третирајќи ги како трајни општествени вредности. Посакувам 22 Ноември да не биде само ден на сеќавање, прослава и гордост, туку и поттик за нови образовни, научни и културни дострели на албански јазик! На сите граѓани Албанци им упатувам искрени честитки по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука! Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски на ЕНЕР објавила предлог законски измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со којшто се брише одредбата (член 120) за уплата на пари во вториот пензиски столб, во вистина од 6%.Доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, овие измени со бришење на членот за 6% од придонесите да не се префрлат во втор столб, значи дека сите придонеси остануваат во првиот столб во Фондот. Дали ова значи дефинтивно рушење на вториот пензиски столб? Криминалната власт ги доведива во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се овие пари, власта не даде одговор. Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати. Во исто време, со предлог-законот објавен на ЕНЕР се предлага бришење на членот 120, со кој е утврдена уплатата на 6% во вториот пензиски столб. Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците. Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентнаСДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна.Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 проценти од акциите се реализира преку Македонската берза, со јавно објавена постапка, утврдени правила и познати термини за аукциите. Првата аукција е закажана за 30 ноември, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Сите информации се јавно достапни и секој заинтересиран граѓанин може да ги провери. Затоа, обидите на СДС оваа постапка да ја претстави како тајна зделка се обични политички манипулации. СДС и Филипче без никаква одговорност и грижа на совест, само се расфрлат со разноразни лаги и обвинувања со што се обидуваат да создадат недоверба и паника кај граѓаните. Ова е веќе препознатлив и веќе виден модел на политичко дејствување на СДС, најпрво обвинувања и драматизација, а потоа молк, никаде ги нема да се извинат кога фактите ќе ја покажат вистинската состојба. Тоа што е сигурно, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи неодговорни политички конструкции да ја нарушуваат довербата во финансискиот систем. Стабилноста на банкарскиот сектор и сигурноста на граѓаните се приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нема да дозволи, како во времето на СДС, банки да пропаѓаат и граѓаните да ги изгубат своите средства. Граѓаните заслужуваат вистина, транспарентност и одговорна политика, а не секојдневни обиди и лаги на СДС, од ништо да создава скандали кои не постојат. Токму затоа се и таму каде што се, во длабока опозиција без поддршка од граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33