Синоќа во КИЦ Битола, д-р Сашко Кедев со презентација на планинарските подвизи „8/8000“ - Канал 5

Синоќа во КИЦ Битола, д-р Сашко Кедев со презентација на планинарските подвизи „8/8000“

Синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, се случи величенствен спортско-културен настан, кој ја исполни салата и срцата на присутните со возбуда, восхит и возвишеност...

Синоќа во КИЦ Битола, д-р Сашко Кедев со презентација на планинарските подвизи „8/8000“

Синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, се случи величенствен спортско-културен настан, кој ја исполни салата и срцата на присутните со возбуда, восхит и возвишеност...Така е отсекогаш. Со големите дела и подвизи на поединците да се идентификуваме сите како народ. Токму таков личен голем подвиг, синоќа сподели со нас еден од најголемите македонски планинари,д-р Сашко Кедев, презентирајќи ги осумте врвови над 8000 м, од постојните 14 светски кои тој ги освоил во изминатите години.

На самиот почеток , д-р Сашко Кедев, изразувајќи благодарност на присутните и организаторите ПСК Пелистер и КИЦ Битола, рече дека од секогаш ја сакал Битола и многу ги ценел битолчани бидејќи од тука потекнуваат корените на македонското планинарство и алпинизам уште од 1989 кога на првата македонска експедиција на Еверест кога и загина битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, симбол на битолскиот и македонскиот алпинизам.

Во текот на презентацијата д-р Сашко Кедев на публиката им понуди интересни случувања и допадливи факти со случки и анегдоти околу тие искачувања, користејќи и имиња на шерпаси и водичи како и легендарни планинари кои веќе не се меѓу нас...Неспоредливо искуство и дело за почит. Во преполната сала беа присутни бројни планинари, јавни личности, граѓани кои по презентацијата споделија свои искуства, фотографии за планинарските искуства, сеќавања за настани и личности и следни предизвици.

Организатори на настанот беа ПСК Пелистер и КИЦ Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Премиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. 

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии.

Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

„Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ.

Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер