Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова
1Телефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова
МакедонијаСиноќа крадец се заглавил на оградата на „Св. Георгиј“ во Кочани интервенирала пожарната, полицијата и брза помошСиноќа крадец се заглавил на оградата на „Св. Георгиј“ во Кочани интервенирала пожарната, полицијата и брза помош.Лицето се обидело насилно да влезе во црковниот објект.според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот.на местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа на територијалната противпожарна единица – Кочани, како и итната медицинска помош, со цел безбедно извлекување на лицето. Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на славата на на црквата „Св.Великомаченик Ѓеорги Победоносец“,Тагови: кочани Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТелефонски разговор на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-ЧамоваМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.Во рамки на разговорот, министерот Муцунски најостро го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој беа опожарени возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Притоа, министерот информираше дека надлежните институции веќе преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и изведување на сторителот пред лицето на правдата. Тој нагласи дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаПредлог законот за соодветна и правична застапеност на седница на СобраниетоЖестоки реплики и контра реплики на расправата за предлог законот за правична застапеност во Собранието.Опозицијата бара се повлече законското решение, власта и реплицира да не прават политички фолклор. Игор Манасиевски ја следи седницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
МакедонијаОпожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во СкопјеДелумно опожарени две дипломатски возила во сопственост на бугарската амбасада во Скопје. Случајот бил пријавен и до МВР од каде велат дека полициски екипи го документирале настанот и работат на негово расчистување. Неофицијално се трага по непознатиот сторител, кој избегал од местото на настанот. - Непознат сторител го полеал едното возило со запалива течност и го запалил. Меѓутоа од првото возило било зафатено и возилото кое било паркирано во непосредна близина на опожареното. И двете возила се со дипломатски регистарски таблички. Опожарените возила за кратко време биле изгаснати од страна на скoпската против-пожарна бригада. Настанот најсостро го осудија и од Влдата и од македонското МНР и го оценија како вандалскиот и недозволив чин. - Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава. Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран. Нема да дозволиме поединци да ја нарушуваат репутацијата на Македонија, се наведува владиното соопштение. Рекација и осуда прсистигна и од бугарското МНР. Според нив станувало збор чин на агресија и нов напад врз Бугарија и Бугарите и бараат навремено и праведно расчистување на случајот. - Овој најнов напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите, наведуваат од бугарското МНР. Во пожарот нема повредени лица и не се зафатени објекти во близна на бугасрската амбасада во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook