Синоќа е убиен 49-годишен жител на Инџиково пред три члена од семејството - Канал 5

Синоќа е убиен 49-годишен жител на Инџиково пред три члена од семејството

Грозоморно убиство ги вознемири жителите на скопско Инџиково. 

Синоќа е убиен 49-годишен жител на Инџиково пред три члена од семејството

Грабеж или нерасчистени долгови, синоќа ладнокрвно егзегутиран 49 годишниот И.А. од скопско Инџиково. Според наводите на министертството за внатрешни работи, две маскирани и вооружени лица пред полноќ влегле во неговиот дом, барајќи пари но, откако им кажал дека нема , едното лице пукало во него по што двајцата разбојници избегале.

,,М.Н. пријавила дека во двор од куќата во селото Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг 49-годишниот И.А. едното од нив со пиштол пукало во него. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Истрелот го слушнале и соседите кои од безбедносни причини не сакаа да говорат пред камера. Но, вака информираа за ситуацијата која видно ги вознемирила. Еден од соседите ИСПЛАШЕН од истрелот веднаш истрчал надвор, а по повикот на сопругата на убиенот отишол и во нивниот дом во обид да помогне.

,,Беше некаде меѓу 22 часот и триесет минути. и 23 часот, го слушнав истрелот и веднаш истрчав од мојот дом, но бев уплашен за да одам натаму, стравувајќи за мојот живот. Пет минути по истрелот кај нас дотрча неговата сопруга, барајќи помош. Повикавме полиција и брза помош, а воедно отидов и во куќата да помогнам, и доколку можам нешто да направам човекот да се спаси. Но кога стигнав таму, видов дека соседот е веќе починат со прострелна рана во главата, сликата беше необјасниво вознемирувачка.

Соседот не информираше дека сега убиениот,, кој во моментот на упадот на разбојниците бил со уште три члена од семејството, во замена за пари го понудил својот џип, скапиот часовник и мобилниот телефон. НО безуспешно, бил застрелан на очиглед на семејството. Застреланиот 49-годишник од Инциково важел за добар човек, и за добро ситуиран бизнисмен. Тој имал уште една куќа во Инџиково во која живеел, а во куќата каде што бил застрелан, доаѓал повремено.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција како никогаш порано ја засилува одбраната- потпишува голем воен договор со Израел

Се очекува Грција да потпише договор со Израел за купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана во вредност од околу 3 милијарди евра (3,5 милијарди долари).

Грција како никогаш порано ја засилува одбраната- потпишува голем воен договор со Израел

Се очекува Грција да потпише договор со Израел за купување на повеќеслоен систем за воздушна одбрана во вредност од околу 3 милијарди евра (3,5 милијарди долари), како дел од пошироката програма за модернизација на војската, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори.

Советот за национална безбедност на Грција даде првично одобрение за договорот, кој вклучува напредни ракетни системи со краток, среден и долг дострел.

„Грчките претставници ќе потпишат четири договори со директоратите на СИБАТ и МАФАТ на Израел подоцна во понеделник во Тел Авив, во вредност од околу 3 милијарди евра, кои опфаќаат три вида ракети и радарски системи“, изјави еден од претставниците за Ројтерс.

Грција планира да потроши околу 28 милијарди евра до 2036 година за изградба на повеќеслоен систем „Ахилов штит“ за одбрана од балистички ракети, авиони и беспилотни летала, како и за купување до 40 борбени авиони Ф-35 од САД и фрегати од Франција и Италија.

Изворот додаде дека ќе биде потпишан и посебен договор за систем за борба против беспилотни летала.

Грција, која користи американски системи „Патриот“, руски системи „С-300“ и разни системи со краток дострел за заштита на својот воздушен простор, издвојува речиси 3,5 проценти од својот бруто домашен производ за одбрана, што е поголем удел од многу членки на НАТО. Причината е долгогодишниот спор со соседна Турција.

Грција и Израел имаат силни економски и дипломатски односи, управуваат со центар за обука на воздухопловните сили во Грција, одржуваат заеднички годишни воени вежби и соработуваат во областа на системите против беспилотни летала и сајбер безбедноста.

Министерствата за одбрана на Грција и Израел претходно потпишаа договор во Атина во април за набавка на израелски ракетни артилериски системи „ПУЛС“ за грчката армија, во вредност од околу 758 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И покрај големата побарувачка, БМВ М дефинитивно ги напушта рачните менувачи

BMW е еден од ретките премиум производители кои сè уште се држат до мануелните менувачи, но се чини дека таа ера е при крај. 

И покрај големата побарувачка, БМВ М дефинитивно ги напушта рачните менувачи

И покрај големата побарувачка, особено во САД каде половина од купувачите на М2 избираат рачен менувач, сегашниот М2 би можел да биде последниот модел на BMW M со три педали.

Високата продажба го натера БМВ да лансира специјална серија M3 CS Handshalter, но идните генерации на M3 и M4 најверојатно ќе се откажат од оваа опција.

Голема побарувачка за рачен менувач

Додека конкурентите како Audi и Mercedes-Benz одамна ги напуштија мануелните менувачи, BMW продолжи да им ја нуди опцијата на ентузијастите. Шефот на BMW M, Френк ван Мел, откри дека побарувачката за нивните автомобили со рачен менувач е сè уште значителна. Бројката е импресивна: секој втор модел М2 во САД е опремен со шест-брзински мануелен менувач, наместо достапниот автоматски ZF со осум степени.

Големиот интерес за мануелните M2 модели во САД го убеди BMW неодамна да ја претстави ограничената серија M3 CS Handschalter за тој пазар. За прв пат, овој модел ги комбинира намалената маса и техничките надградби на верзијата CS со рачен менувач.

„Погонот на задните тркала и мануелниот менувач се комбинација од соништата за многу пуристи“, рече ван Мел во едно неодамнешно интервју. „Затоа направивме и ограничен модел со рачен менувач за американскиот пазар. Побарувачката беше огромна, а автомобилот се распродаде практично веднаш.

Последните М модели со рачен менувач?

BMW не објави точно колку примероци од M3 CS Handshalter планира да произведе, но само потврдија дека бројот ќе биде „многу ограничен“. Тој модел ќе служи како збогум на генерацијата M3 G80 во САД и најверојатно ќе биде последниот M3 со опција за рачен менувач.

Според достапните информации, следната генерација на M3, која се очекува околу 2028 година, ќе го задржи познатиот 3.0-литарски мотор со 2-турбо полнач, но повеќе нема да се нуди со мануелен менувач.

Актуелниот BMW M4 ќе остане на пазарот уште некое време, но и тој ќе биде заменет пред крајот на деценијата. Неговиот наследник исто така се очекува да го отфрли шестстепениот мануелен менувач. Поради сето ова, моделот М2 би можел да остане последниот BMW M кој му овозможува на возачот самостојно да менува брзини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски пратеник се заканува со нуклеарно оружје: Ако треба да се удри, ќе удриме

Пратеникот на руската државна Дума и лидер на партијата Родина, Алексеј Журавлев, изјави дека Русија треба да започне нуклеарен напад врз Украина и да ја принуди да се предаде. 

Руски пратеник се заканува со нуклеарно оружје: Ако треба да се удри, ќе удриме

Тој верува дека „мора да удриме за непријателот да разбере дека мора да капитулира“.

„Постојано се дискутира дали можеме да користиме тактичко нуклеарно оружје. Не можеме. Слушајте, не треба да има таква дискусија. Доколку е потребно, ние сме должни да го користиме. Ако треба да удриме, ќе удриме. Нема дискусија за тоа“, рече Журавлев.

Дипломатијата и рускиот одговор

Извори блиски до Кремљ, цитирани од Блумберг, претходно објавија дека претседателот Владимир Путин подготвува ескалација на конфликтот во Украина. Тие велат дека тој би можел да користи тактичко нуклеарно оружје како последно средство за да спречи пораз. Во средината на ваквите пишувања, директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, неочекувано пристигна во Москва на 25 август. Извори на Аксиос тврдат дека Ратклиф се обидел да го одврати Путин од ескалација и да го убеди да се врати на преговорите.

„Њујорк тајмс“ објави дека американскиот функционер дал „мрачна проценка“ за состојбата на руската војска и економија и повикал на договор пред да биде предоцна. По посетата, Русија тестирала нуклеарна ракета што може да стигне до САД, чие име Министерството за одбрана не го откри.

Меѓународни предупредувања

И покрај засилената реторика, „Блумберг“ забележува дека во моментов нема знаци дека Путин всушност се подготвува да употреби нуклеарно оружје. Партнерите на Русија, вклучително и Кина, се остро против идејата и го предупредуваат Кремљ да не прави таков потег. Администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден, исто така, го предупреди Путин за последиците од нуклеарен напад.

Фиона Хил, виш соработник во Институтот Брукингс и поранешен советник на тројца американски претседатели, потсети дека Белата куќа во тоа време изјавила дека одговорот ќе биде конвенционален напад на американските вооружени сили врз Русија. Според неа, Путин тестира колку далеку може да оди пред да му се даде шанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер