3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Други спортовиСиниша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман" Авто-мото спортот од година во година станува сè популарен во Македонија, а тоа е благодарение на многуте успеси на нашите возачи на меѓународна сцена. Еден од нив е Синиша Кочоски. Членот на „Сајлент Хантерс" веќе неколку сезони е при самиот врв во регионот, а потврда за тоа се резултатите во престижните БМУ Европскиот шампионат и ФИМ Европскиот шампионат. Кочоски е двократен шампион во БМУ и актуелен вицешампион во категоријата СТК 1.000. Тој и оваа сезона ќе се трка на патеките во Грција, Чешка, Словачка, Хрватска, но најголемиот негов досегашен предизвик во кариерата ќе го има кон средината на април. Имено, македонскиот мотоциклист како дел од тимот Уни Серв Мото 82 од Чешка ќе настапи на најтешката трка во историјата – „24 часа Ле Ман". Кочоски ќе ја има честа да ја претстави нашата држава во друштво на најиздржливите возачи во светот, што претставува уште еден голем чекор напред во неговата кариерата, како и голем напредок за македонскиот авто-мото спорт. „Ми претставува особена чест и задоволство што добив покана за настап на трката за која сонував од дете. Прво сакам да му се заблагодарам на клубот од Чешка, Уни Серв Мото 82 кој ми ја пружи оваа можност. Ветувам дека достојно ќе ги бранам боите на клубот и ќе го дадам максимумот во одлично светло да ја претставам Македонија. Подготовките за настап на најтешката трка на светот веќе се започнати. Моја цел и на ривалот, а сега колега Христијан Бузалковски е да се квалификуваме и да ја извозиме трката", рече Кочоски. Покрај Кочоски на овогодишната трка „24 часа Ле Ман" ќе настапи уште еден Македонец – Христијан Бузалковски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септемвриПремиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани. Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив. Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим. A crazy moment in Bolivia as Argentine goalkeeper Gustavo Tesonotte refused to attempt to save a penalty in protest. The Bolivian football federation's National Referees Commission later suspended referee Arteaga. https://t.co/2eXhTye33a — Sky Sports (@SkySports) September 24, 2026 Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.Тагови: Боливија голман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степениУтре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец. Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook