Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСиниша Каран: Саво Миниќ доби нов мандат за формирање на Влада на РСПретседателот на Република Српска, Синиша Каран, денеска му додели на Саво Миниќ нов мандат за формирање на Владата на Република Српска.„Станува збор за техничко прашање, но од политички аспект, ова е силна порака за институционалната сила и стабилност на Република Српска“, рече Каран на прес-конференција во Палатата на Републиката. Каран истакна дека ова е последица на кризата во Босна и Херцеговина и напад врз нејзината стабилност, прво преку напад врз претседателот на Република Српска, Милорад Додик, а потоа и врз Владата на Република Српска. „Овој чин е последица на најголемата уставна и политичка криза во Босна и Херцеговина создадена од Кристијан Шмит, кој дејствува како протектор, како да владее со Босна и Херцеговина, како да има супремација над сите владини институции. Тој влезе во законодавната сфера и ја поништи волјата на граѓаните кои го избраа Додик за претседател“, рече Каран. Каран нагласи дека ќе го предложи Миниќ на гласање во Народното собрание за да продолжи таму каде што застана и да ја покаже силата на институциите на Република Српска, кои по сите удари имаат сила да се борат и да ја зачуваат стабилноста. „Миниќ донесе нова енергија во овие предизвикувачки времиња. Владата покажа резултати што се видливи за нашите граѓани. Стигнавме до сржта на секој проблем и денеска имаме институции и влада што покажа сила и цврстина. Да продолжиме понатаму, да ги зајакнеме нашите институции“, рече Каран на прес конференцијата во Палатата на Републиката во Бања Лука.Тагови: Синиша Каран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
СветКушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на РусијаТериторијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата. Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.Тагови: Кушнер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДевет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранетиБројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови. Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти. „Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook