Сингапур најави целосно исфрлање на пасошите в година - Канал 5

Сингапур најави целосно исфрлање на пасошите в година

 Aеродромот „Чанги" во Сингапур најави целосно исфрлање на употребата на пасошите од почетокот на 2024 година. Тоа, според надлежните, ќе значи автоматска гранична проверка, само со помош на биометриски податоци.

Сингапур најави целосно исфрлање на пасошите в година

- Сингапур ќе биде една од првите земји во светот што ќе воведе автоматизирана гранична контрола без пасоши. Биометриската технологија, заедно со софтверот за препознавање лица, веќе донекаде се користи на „Чанги“. Но, новововедените методи ќе ја намалат потребата патниците повторно и повторно да ги вадат патните исправи, што ќе го олесни процесот на проверка, изјави сингапурската министерка за комуникации, Жозефин Тео во државното Собрание.

Биометриските податоци ќе се користат за создавање тн. „токен за автентификација“ што ќе се користи на различни точки - од предавањето и преземањето багаж до качувањето на авион. Во сите овие ситуации, патниците веќе нема да мора секојпат да ги покажуваат пасошите или картите на службениците.

Аеродромот „Чанги“ во Сингапур се смета за еден од најдобрите и најпрометните во светот. Опслужува над 100 авиокомпании кои летаат до 400 дестинации во околу 100 земји и области.

Стручњаците сметаат дека биометриската идентификација е иднината на воздушниот сообраќај. Во 2018 година, и Меѓународниот аеродром во Дубаи воведе биометриски „паметни порти“ што користат препознавање на лицето и отпечатоци од прсти, па го потврдуваат идентитетот на патниците во рок од пет секунди.

Технологијата за препознавање лице во одреден степен се користи и во Хонг Конг, Токио, Меѓународниот аеродром „Индира Ганди“ во Делхи, Индија, „Хитроу“ во Лондон, како и „Шарл де Гол“ во Париз. И во САД, големите компании, како што се „Американ ерлајнс“, „Јунајтед“ и „Делта“ експериментираат со биометриско пријавување, пуштање багаж и качување на одредени аеродроми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожари

Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на бесправна сеча и пожари

Денеска (05.08.2026) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивно - едукативна активност „Безбедно поминување на пешаците преку улица- бидете одговорни во сообраќајот“, во која на пешаците им беше потенцирано дека тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони и да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации.

Отсекот за превенција при СВР Куманово на наплатната станица Романовце на автопатот „Пријателство“ спроведе превентивна активност насочена кон возачите кои транзитираат низ нашата земја. При тоа, им беше укажувано почесто да прават паузи, затоа што заморот е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи во летниот период и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и Одделението за превенција при СВР Скопје и СВР Штип во Скопје, Берово, Штип и Кочани. Во рамки на превентивните активности беа поделени печатени едукативни материјали со препораки за безбедно учество во сообраќајот, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.

Полициски службеници од ОВР Пробиштип во Пробиштип реализираа превентивни активности за спречување на пожари и бесправна сеча. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари, како и бесправната сеча се кривични дела, што соодветно законски се санкционираат. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

​Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температури

Грижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. 

​Проект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температури

Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината.
Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација.
-Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. 

Лишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрога

На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана.

Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер