Синер поради воспалени крајници нема да настапи на Олимпијадата, Ѓоковиќ прв носител - Канал 5

Синер поради воспалени крајници нема да настапи на Олимпијадата, Ѓоковиќ прв носител

Првиот светски рекет Италијанецот,  Јаник Синер нема да настапи на Олимписките игри во Париз.

Синер поради воспалени крајници нема да настапи на Олимпијадата, Ѓоковиќ прв носител

Синер откри дека последните неколку дена не се чувствувал добро и дека има висока температура и воспалени крајници.

- Со тага ве информирам дека нема да можам да настапам на Олимписките игри во Париз. По многу добар тренинг на земјена подлога, почнав да се чувствувам лошо. Одморив неколку дена и при посета на лекар ми беше дијагностициран тонзилитис. Тој ме советуваше да не го играм турнирот. Пропуштањето на Игрите е големо разочарување бидејќи тоа беше една од моите главни цели оваа сезона. Едвај чекав да ја претставам мојата земја на овој голем настан. Среќно на сите италијански натпреварувачи за кои ќе навивам од дома. Форца Италија – изјави Синер.

По откажувањето на Синер, најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ ќе биде прв носител на Олимпијадата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција

Бил Гејтс, познат по своите предвидувања за иднината на технологијата, го прошири својот список на работни места за кои верува дека ќе го преживеат подемот на вештачката интелигенција. 

Бил Гејтс ја откри четвртата професија што ќе ја „преживее“ вештачката интелигенција

Откако првично именуваше три професии, сега додаде и четврта.

Како еден од пионерите на технолошката ера, предвидувањата на Гејтс имаат посебна тежина. Порано оваа година, објави „Економски тајмс“, тој именуваше три професии кои сè уште би биле потребни во ерата на автоматизација: програмери, биолози и енергетски работници.

Сега тој додаде професионални спортисти на таа листа. За време на гостувањето во емисијата на Џими Фалон, Гејтс го објасни својот став: „Знаете, како бејзбол. Нема да гледаме компјутери како играат бејзбол.“

„Нема да ни требаат луѓе за повеќето работи“

Кога водителот го праша дали ќе ни требаат луѓе за повеќето работни места во иднина, Гејтс даде прилично директен одговор, што предизвика низа реакции. „Не за повеќето работи - ние ќе одлучиме“, рече тој, додавајќи дека луѓето сè уште ќе извршуваат одредени задачи, но во многу помала мера отколку што прават денес.

„Значи, ќе има некои работи што ќе ги задржиме за себе, но во однос на производството, транспортот и одгледувањето храна, со текот на времето, тие во суштина ќе станат решени проблеми“, додаде тој.

Работни места со најголем ризик

Во студија спроведена во 2025 година, Мајкрософт наведе 40 работни места кои се „најизложени на најголем ризик“ да станат вишок поради порастот на вештачката интелигенција. Вишиот истражувач во Мајкрософт, Киран Томлинсон, објасни за Скај њуз дека студијата „истражува кои категории на работни места можат продуктивно да користат чет-ботови со вештачка интелигенција, наместо да одземаат или заменуваат работни места“.

Сепак, работните места со најголемо преклопување со можностите на вештачката интелигенција се:

• толкувачи и преведувачи (98 проценти),

• историчари (91 процент),

• математичари (91 процент),

• лектори (91 процент),

• програмери на автоматизирани системи (90 проценти),

• писатели и автори (85 проценти),

• статистички асистенти (85 проценти),

• продажни претставници (84 проценти),

• технички писатели (83 проценти) и

• новинари (81 процент).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“

Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“  и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју.

Муцунски : Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“

Ужасно сум разочаран од одговорот што дојде од Софија, одговорот во суштина беше „одамна се случило“ и не беше ни јасен демант, реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во Само Интервју, за протекувањето информациии од Софија за семејството на премиерот.

Грешки се случуваат, вели Муцунски, а цивилизациски е да се извини тој што греши – особено во случај кога се споделени податоци за сопруга на премиер на Влада на земја членка на НАТО и малолетно дете.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерката за образование Весна Јаневска.

Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со најавената оптимизација на образовниот систем и последиците врз наставниот кадар и учениците. Лукаревска укажа дека процесот се спроведува без доволна јавна дебата, со кратки рокови и бројни нејаснотии кои предизвикуваат загриженост кај наставниците, родителите и стручната јавност. Во прашањето, Лукаревска побара одговори колку наставници ќе останат технолошки вишок, колку од нив ќе бидат прераспределени како образовни асистенти и каква ќе биде нивната иднина по истекот на едногодишниот ангажман.

Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Лукаревска:

„Имам прашање многу актуелно деновиве за оптимизацијата во образовниот систем, затоа што доаѓаат многу реакции и од наставниците и од родителите, исто така и од независниот синдикат за образование и наука. Многу непознати, а малку одговори. Ова е навистина сериозен процес кој што бара инклузивност, комуникација со јавноста и предвидливост за да можат да бидат вклучени и слушнати сите засегнати страни од стручната фела. Значи неопходна е дебата.

Бидејќи зададовте екстремно кратки рокови од шест дена на општините да направат анализи и да ви достават податоци на основа на кои ќе ја темелите оптимизацијата, како и прераспределбата на наставниците како образовни асистенти, сакам да ја информирате јавноста од овде, од оваа говорница колкава е реалната потреба од образовни асистенти на ниво на државата. Колку наставници според вашите проекции ќе останат технолошки вишок како последица на оптимизацијата? Колку од нив планирате да бидат прераспределени како образовни асистенти и каде ќе бидат распределени останатите наставници кои нема да можат да бидат ангажирани на тие позиции.

Но, она на што исто така треба да биде да добиеме конкретен одговор што ќе се случи по една година. согласно член 19 став 11 од Законот за основното образование и член 3 став 11 од Законот за средното образование прераспределувањето на наставник на позиција образовен асистент е со време траење од една година. Што ќе се случи откога ќе истече оваа една година министерке? Дали имате план за тие луѓе? Дали ќе бидат вратени на наставни позиции и каде или секоја година повторно ќе поминуваат низ истата неизвесност и страв за својата егзистенција? Што е позадината на ова? Затоа што наставниците не се бројки односно ставки во некаква оптимизациска програма, тоа се луѓе со семејства, професионален интегритет, долгогодишно искуство.

Едноставно тоа се човечки судбини. Имаме информации дека во изминатиот период не се дозволува ниту трансформација на работните места на наставниците кои биле со договор на определено време, иако ги исполнувале условите да се трансформира нивниот работен однос од определено на неопределено. Дали тоа значи дека на сите нив ќе им се заблагодарите и со тоа ќе заврши нивниот работен ангажман? И да не ги заборавиме децата, бидејќи тие се и најважни во целиот овој процес. Дали размисливте колку овие прераспределувања кои се прават без одредена динамика, брзоплето и без сенс ќе се одрази на нивниот емоционален развој? Сите земји се трудат да го направат ученикот центар и столб во образовниот систем. Ама кај вас веројатно други се приоритетите, тендерите за превоз, а учениците не го добиваат приоритетот. И затоа јавноста заслужува јасен одговор. Моето прашање е дали зад оваа оптимизација стои сериозен и долгорочен план или повторно сведочиме на импровизација која ќе создаде нови проблеми наместо да ги реши постојните“, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер