Синер по пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим: Како да ми падна голем товар од грбот - Канал 5

Синер по пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим: Како да ми падна голем товар од грбот

 Три месеци без играње тенис поради суспензија оставија трага врз играта на Јаник Синер, но ниту еден од неговите противници досега не успеа да го искористи тоа. 

Синер по пласманот во четвртфиналето на Мастерсот во Рим: Како да ми падна голем товар од грбот

Франческо Серундоло синоќа го измачи најдобриот тенисер на светот во првиот сет од осминафиналето на Мастерсот во Рим, вториот сет можеше да биде уште потежок, но Италијанецот знаеше како да стави крај на тоа.

- Како да ми падна голем товар од грбот. Не чуствувам дека го носам веќе, Синер објасни како се чувствува откако беше затворен скандалот со допинг.

Тој ја плати цената со три месеци неиграње, а сега е подготвен да продолжи таму каде што застана - со победи и освојување трофеи.

- Нема подобро место за играње од Централниот терен на „Форо Италија“. Секој пат кога излегувам таму, се чувствувам фантастично и единственото нешто што можам да го направам е да дадам 100 проценти, изјави синоќа Италијанецот.

Иако ги освои сите турнири на кои играше од август (Синсинати, Отвореното првенство на САД, Егзибицискиот турнир во Ријад, Торино, Дејвис купот и Отвореното првенство на Австралија), освен Пекинг, сега е пресреќен од четвртфиналето во Рим.

- Одличен резултат. Знам точно што ми треба - да имам што е можно повеќе тешки ситуации за да се вратам во максимална форма што е можно побрзо, да ја вратам менталната сила и сè друго, додаде Синер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер