„Apple Intelligence“ нема наскоро да се појави на моделите на „iPhone“во Кина, како што објави веб-страницата „The Information“.
Според извештајот, „Apple“ се бори да го прилагоди „Baidu LLM“ (large language model), кој има проблем да ги разбере командите и прашањата, како и да нуди прецизни одговори и дејства во вообичаени сценарија.
„Apple“ ги лансираше уредите „iPhone 16“ со ветување дека телефонот ќе добие функции за вештачка интелигенција во октомври, со ажурирањето на „iOS 18.1.“ Сепак, тој подоцна објави дека платформата „Apple Intelligence“ ќе биде одложена за Европа и Кина.
Американската компанија се соочува со уште еден проблем во Кина. Политиката за приватност на „Apple“ не дозволува собирање податоци од корисници на „iPhone“ кои поставуваат прашања за вештачка интелигенција. Сепак, „Baidu“ сака да ги задржи податоците за да ги анализира и да ја подобри својата вештачка интелигенција.
„Ernie 4.0“ е најнапредниот модел на „Baidu“ и „Apple“ сака да го користи за генеративна вештачка интелигенција на уредите „iPhone“, „iPad“ и „Mac“. Планот е, исто така, да се имплементира „LLM“ во „Siri Assistant“.
Извор: Б92