СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
2СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
2Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЖивотСиндром на ненадејна смрт: Младоженецот починал ден пред свадбата!Макс Лори имал 34 години и бил сосема здрав. Само ден пред свадбата со неговата избраничка Џејн Дејвис, тој еннадејно починал!Макс и Џејн се запознале додека биле средношколци, а 16 години потоа се сретнале повторно и решиле веќе да не се разделат. Почнале врска и живееле заедно извесно време пред да решат да се венчаат. Ден пред венчавката, на 24 септември 2010, за да ја испочитуваат традицијата, Џејн отишла да спие кај својата сестра. Вели дека на вечерата кај сестра си почувствувала притисок во градите, претчувство дека нешто не е во ред. - Морав да го видам Макс. Мислев дека тоа е можеби паника која се појавува пред венчавка, но морав да го видам. Станав и истрчав во двевната соба да му се јавам. Ми одговори, звучеше добро, и му реков дека не сакам ноќта пред венчавката да бидеме разделени - вели Џејн за Дејли меил. Тука почнуваат да се нижат настани како од ноќна мора. Џејн, повеќе од 3 години подоцна, вели дека сето тоа и изгледа како трагичен нереален филм. Не може да се помири дека сето навистина се случило. - На крајот од разговорот по телефон ми рече „те сакам“ а потоа испушти чуден звук, како ропот, пропратен со тешко дишење. Знаев дека нешто не е во ред - вели Џејн. Таа помислила дека Макс од нешто се задавил, го викнала нејзиниот татко и веднаш отишле кај него. Од другата страна на слушалката се уште се слушале звуци, како тој да се задушува. Потсетувајќи се на страшните моменти кобната вечер, Џејн вели дека постојано му зборувала на Макс дека го сака, да издржи, дека итна помош доаѓа.... Во еден момент Макс веќе не испуштал никаков звук. Џејн, нејзиниот татко и лекарите пристигнале само за 12 минути - но веќе било доцна. Обидите за оживување не успеале. Џејн опишува како вкочането ги гледала лекарите и својот вереник. - Се сеќавам дека реков - ова е мојот вереник, утре ќе се земеме! Ме извадија од собата во која тој лежеше неподвижен со слушалката до увото, и ми рекоа дека е во многу лоша состојба! По еден час го изнеле од станот. - Знаев дека е мртов. Мислев - тоа не е Макс, тоа е неговото тело! Во болницата го преколнувала докторот да не и вели дека Макс е мртов бидејќи треба да се венчаат. - Замислував дека ќе му биде подобро, дека ќе се шегуваме како не преплашил пред венчавката... Според Дејли меил, секоја недела во Британија умираат во просек 12 млади луѓе на возраст до 35 години, од Синдромот на ненадејна смрт. Се верува дека има 130 000 луѓе кои имаат недијагностицирани проблеми со срцето, кои може да завршат со ненадејна смрт. 80% од нив, како Макс, немаат никакви тешкотии или симптоми кои би укажале дека нешто не е во ред. Макс, на пример, редовно тренирал, имал личен тренер, редовно одел на прегледи и се гордеел колку е здрав и во форма! Ноќта по смртта на Макс, Џејн ја поминала кај неговата мајка. Следниот ден, на денот на венчавката, Џејн почувствувала потреба да биде до својот вереник. Отишла во болницата. - Макс изгледаше исто. Му реков дека го сакам и секогаш ќе го сакам . Дури 3 и пол години подоцна Џејн е подготвена да продолжи со животот. Се лекувала од посттрауматски стрес, не можела да се соочи со огромната загуба. - Бевме толку среќни што се најдовме. Но Макс не би можел да поднесе да се затворам во тагата и да престанам да живеам. Тој беше забавен, го сакаше животот, би ме мразел да ме види како пропаѓам - вели Џејн./ извор: Дејли меил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизФото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во бракСветската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември. Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс. Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите. Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост. 🔗: https://t.co/j7MTVCtFxm #MileyCyrus can buy herself flowers, but this time #MaxxMorando brought the ring. 💍🥹 The couple said “I do” in an intimate Palm Springs ceremony on Nov. 21. Swipe to see exclusive photos from the newlyweds’ special day and head to the link for more. 📷: Backgrid — People (@people) November 22, 2026 „Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот. Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година. „Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој. Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“. На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во АтинаНа покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА. Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена. Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени. На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина. Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена. Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook