Синдикатите утре на протест - бараат 600 евра минимална плата и линеарно зголемување на платите - Канал 5

Синдикатите утре на протест - бараат 600 евра минимална плата и линеарно зголемување на платите

Со барање за 600 евра минимална плата и линеарно зголемување од 100 евра на сите останати плати, ССМ утре организира протест под мотото „Денот кога зборуваат работниците“.

Синдикатите утре на протест - бараат 600 евра минимална плата и линеарно зголемување на платите

Збирното место ќе биде пред работничкиот дом во 17 часот, по што, протестот ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, се до Владата.

Првиот човек на синдикатот Слободан Трендафилов повика на масовност, зашто како што посочи, 200.000 граѓани земаат плата под 30.000 денари, која не стасува да се врзе крај со крај.

Тој воедно најави и јавно објавување на работодавачите што вршеле притисоци да не се присуствува на протестот, но и продолжување на блокадите и можен генерален штрајк доколку нема одговор на нивните барања.

- Облечете се топло, ставете капа, шал и дојдете на улица во мракот со работниците за да не ве препознае никој доколку ви се заканува. Ве молам да разберете дека другите не бројат и дека другите сметаат дека ако не дојдете им давате огромна подршка да не ви ја зголемат платата и дека вие добро живеете и дека вие зборувате само за убави работи, но реалноста е друга, не ги симнаа розовите наочари и затоа се гледаме на улица,- Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Од Бизнис-конфедерацијата сметаат дека приватниот сектор не може да издржи зголемување на платите за 100 евра без олеснувања на придонесите. Според претседателот на конфедерацијата Миле Бошков, секое зголемување над законското усогласување би било тежок удар за стопанството и предлага евентуалното покачување од 6.000 денари, да биде ослободено од социјални придонеси во сите сектори.

-Очекуваме и размслуваме дека треба да биде олеснето, не да биде субвенционирано, туку олеснето за социјалните придонеси. И тоа може да го направиме заедно со Владата доколку се одвојат средства, односно доколку се испланира дека тие средства може да се наплатат за период од 1 година, таков би ни бил и предлогот,- Миле Бошков – претседател на Бизнис – конфедерација.

Прашан за утрешниот протест, премиерот Христијан Мицкоски вели дека секој има такво демократско право. Тој нагласи дека ќе биде подржано секое решение помеѓу синдикатите и работодавците, постигнато со двепартитен дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Поддршка за компаниите од 5,4 милиони евра за вработување на 1385 лица.

Заменик-министерот Ристески на работна средба со претставниците на поголемите стопански комори

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денеска оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

На средбите Ристески пред присутните ја презентираше мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на Оперативниот план за вработување, преку која се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

- Креирањето на нови работни места е приоритет за Владата и Министерството за економија и труд, а годинава преку Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година создаваме повеќе од 3.500 нови работни места. Со мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ обезбедуваме поддршка на компаниите за зголемување на бројот на вработени, годинава со оваа мерка ќе бидат опфатени 1385 лица, а вкупниот буџет изнесува 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра – кажа заменик-министерот Ристески.

Со јавниот повик една компанија може да аплицира за финансиска поддршка за најмногу 5 работни места и вкупна поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. И оваа година најголема финансиска поддршка од 250.000 денари се предвидува за вработување на младо лице до 29 години.

Ристески и претставниците на стопанските комори апелираа до сите компании кои имаат интерес и ги исполнуваат предвидените услови да аплицираат во некој од центрите на Агенцијата за вработување.

Јавниот повик е отворен до 24 јули 2026 година

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македонија (https://av.gov.mk/).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосен прекин на електричната енергија во Куба

Куба во вторник доживеа уште еден прекин на електричната енергија во Националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи ја целата земја без струја, соопштија официјални лица.

Целосен прекин на електричната енергија во Куба

Ова беше трет ваков инцидент за помалку од две недели, објави „Euronews“.

Државниот синдикат на работници во електричната енергија соопшти дека проблем со производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на фреквенцијата“, што резултирало со прекин на електричната енергија што траел неколку часа околу пладне по локално време.

И Министерството за енергетика и рударство и Синдикатот на работници во електричната енергија соопштија дека „протоколите за нејзино враќање се активирани“, се обезбедува електрична енергија за приоритетни локации, како што се болници и фабрики за преработка на храна.

До попладне, електричната енергија беше вратена во некои делови од главниот град Хавана, според извештаите на медиумите, додека властите соопштија дека четири проценти од градот добиле електрична енергија.

Некои провинции, вклучувајќи ги Гвантанамо и Сиенфуегос, објавија дека започнале со дистрибуција на електрична енергија до нивните болници, а Матанзас потврди дека електричната енергија е вратена во историскиот центар на градот.

Минатата недела, два национални прекини на електрична енергија оставија повеќе од девет милиони Кубанци без електрична енергија, со уште два во март, како и неколку регионални прекини.

Прекините на електричната енергија имаат значително влијание врз населението и, во комбинација со енергетското ембарго, доведоа до ограничувања на патувањето, намалено работно време и откажувања на летови, покрај сериозните последици за јавното здравје.

Прекините на електричната енергија, исто така, влијаеја на снабдувањето со вода, интернет и телефонски услуги.

Вашингтон воведе енергетско ембарго врз Куба во јануари по апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и се закани со царини за други земји што продаваат гориво на островот, што само ја влоши петгодишната криза предизвикана од претходните санкции.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Лишени од слобода двајца сопружници од Скопје, расчистено убиството на лекарот во Автокоманда

МВР: Лишени од слобода двајца сопружници од Скопје, расчистено убиството на лекарот во Автокоманда

Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(65) и неговата сопруга С.В. (59), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека на 21.03.2024 на паркинг во скопската населба Автокоманда, М.В. го убил А.Т., а С.В. му помогнала прикривајќи ги трагите. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, а врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и поднесена е кривична пријава против М.В. за кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик, а против С.В. за кривично дело помагање при извршување на кривичното дело.

Осомничената С.В. се договорила со А.Т. да се најдат на паркингот во Автокоманда и влегла во неговиот автомобил, а кратко време потоа пристигнал и М.В., кој го извлекол А.Т. од автомобилот и со нож му нанел девет убодни рани, од кои А.Т. починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на починатиот во автомобилот, по што М.В. го одвезол автомобилот до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале од местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер