Синдикатите поделени за 1 Мај – ССМ на протест, СОНК и КСС правата ќе ги бараат преку социјален дијалог - Канал 5

Синдикатите поделени за 1 Мај – ССМ на протест, СОНК и КСС правата ќе ги бараат преку социјален дијалог

Едните на протестен марш, другите по патот на преговори ќе ги бранат работничките права.. 

Синдикатите поделени за 1 Мај – ССМ на протест, СОНК и КСС правата ќе ги бараат преку социјален дијалог

Едните на улица, други преку дијалог. Синдикатите со различен пристап за одбележување на Денот на трудот. Додека од ССМ го најавија традиционалниот првомајски протест и повикаа на масовност, од СОНК порачуваат дека работничките права ќе ги бранат преку социјален дијалог.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов најавувајки го протестот, под мотото „„За плата се бориме, не се молиме“, кажа дека покрај барањето за 600е минималец и почитување на колективнтие договори, во фокус на годинешниот протест ќе бидат и барањата за зголемување на безбедносните услови за работа, по трагичниот случај на градилиштето во Кисела Вода. Трендафилов упати и критики до СОНК, оценувајки дека наместо да застанат зад работниците, избрале симболично одбележување на празникот, без реална борба за работничките права

„ Ако сметаат дека Први мај, како што го направија тоа минатата година,а најверојатно го прават и сега ќе го одбележуваат во скап хотел, со скап коктел на грбот и на сметка на нивното членство и нивните работници сметаме дека тоа не е синдикализам, туку квази-синдикализам. Ве повикуваме сите сите кои сметате дека треба да се борите за вашето достоинство, за достоинството на вашето семејство, за вашите достоинствени плати и достоинствени услови за работа. Да живее први мај.“

Од СОНК пак, Први мај го одбележаа со конференција посветена на работничките права и примената на колективните договори. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков, изјави дека нема да се придружат на протестот на ССМ, бидејки според него најефикасниот начин за остварување на работничките права е да се седне на маса.

„Протестот го организира друг сојуз, така да ние нема да се вклучиме. Ние го одбравме патот на социјален дијалог и на преговори и резултатите ги постигнуваме на маса. Тие го одбрале тој пат да одат по улици, тоа е нивната стратегија и така нека продолжат. “

Протестот во организација на ССМ ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом, по што ќе продолжи кон Собранието, преку Стопанската комора и ќе заврши пред Владата, од каде ќе бидат испратени барањата. Трендафилов не ја исклучува можноста и за организирање на нови протести по Први мај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ веќе неколку години активно се префрла од тенисот на работните места што ќе ги работи по завршувањето на неговата неверојатна кариера. 

Новак Ѓоковиќ гради кула од 320 метри во Мајами (ВИДЕО)

Србинот продолжува да им пркоси на физиката и се обидува да освои уште еден голем трофеј на 39-годишна возраст.

Од друга страна, тој е вклучен и во развојот на ATMA, нов луксузен бренд на Aman Group, кој има план да направи нешто навистина големо во Мајами.

Имено, идејата е да се комбинираат сместување, спортски објекти и програми што ќе помогнат во здравјето, закрепнувањето и долговечноста. Централната фигура на сè ќе биде облакодер во Брикел, во една од најпознатите и најлуксузните области во Мајами. Се наведува дека кулата ќе достигне висина од 320 метри, што е три пати повисоко од Белградската кула...

Ѓоковиќ и Aman Group започнаа соработка во 2024 година. Српскиот тенисер треба да учествува во планирањето на програмата и идеите што луѓето ќе ги користат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер