Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
МакедонијаСиндикат на Филхармонија: Партискиот договор е единствена референца за раководни позиции Одлуката Мустафа Имери да биде директор доказ дека партискиот договор е единствена референца за раководни позиции.Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции, реагираат од Синдикатот на Македонската филхармонија. Љутков, додаваат оттаму, денеска донел политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дисфалификува, тој решил на незаконски начин да го назначи за директор кандитатот кој на конкурсот не ги доставил сите потребни документи и со тоа ги прекршил условите припишани во Законот за култура и во самиот конкурс. -Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков кој наместо да ги почитува законите реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ. Нашето единствено барање до Љутков беше конкурсот да се спроведе на законски и транспарентен начин и да се избере кандитатот кој ги исполнува сите услови. Не ни беше важна етничката припадност и на самиот почеток се оградивме од ваквиот наратив. За разлика од нас, уште вчера, пред официјално да биде доставено решението за назначување во нашата институција, албански портали пренесоа дека Мустафа Имери ќе биде прв Албанец на чело на Македонската филхармонија чии “врати досега биле херметички затворени за Албанците”, нагласуваат од Синдикатот на Македонската филхармонија. Синдикатот ги осудува сите изјави кои имаат националистичка позадина, бидејќи, како што велат, ним не им е важна етничката припадност на идниот директор, туку неговиот капацитет и способност да ја води најстарата културна институција во земјата. -Мустафа Имери не ги исполнува тие услови и е избран на незаконски начин. Затоа, ќе престанеме со работа и ќе протестираме се додека не се промени оваа одлука. Непочитувањето на системот и законите и носењето погрешни одлуки во минатото веќе не чинеа прескапо. Очигледно оваа власт нема интерес да учи од грешките и продолжува на најдрзок начин да не “влече за уши“ со лицемерие и лаги. Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат најстарата институција во културата и бастион на класичната музика во нашата земја да биде уште една жртва на трулиот државен систем без вредности кој не почитува закони и промовира непрофесионалност, потенцираат од Синдикатот. Воедно, ја информират јавноста дека нивниот хуманитарен концерт „Без зборови“ закажан за утревечер ќе се одржи, бидејќи, тоа им го должат на невините жртви во страшната трагедија во Кочани, но и на публиката која со своето присуство и купениот билет ќе донира во фондот за настраданите.Тагови: филхармонија синдикат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисТалон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!Холандскиот тенисер Талон Грикспор упати критики кон финалето на УС Опен, оценувајќи ги играчите како просечни, медиокритетни. Како возраста и повредите на Новак Ѓоковиќ влијаат врз тениската сцена? Па, да речеме само дека тоа веќе не е истиот спорт. Германецот Саша Зверев го победи Бен Шелтон во финалето на УС Опен во 2026 година – меч што љубителите на тенисот очигледно не сакаа да го видат, иако со години се зборуваше дека сакаат „нови лица“. Сега, кога Новак Ѓоковиќ е далеку од формата потребна за финале на Грен слем, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се повредени и не се на своето највисоко ниво, станува очигледно колку остатокот од тениската турнеја е незанимлив за гледање. Токму на ова укажа холандскиот тенисер Талон Грикспор, познат по својот остар јазик, тој упати остри критики кон своите колеги кои не одиграа особено квалитетен меч во Њујорк, иако Зверев сепак беше малку подобар и ја освои втората Грен слем титула во кариерата. „Мислам дека финалето на Ју-Ес Опен беше прилично просечно, одиграа како медиокритети“, изјави Грикспор за холандскиот весник „Телеграф“ по не толку интересното финале во Њујорк: „Шелтон беше многу непостојан и подаруваше по два или три поена во секој гем.“ „Во исто време се одржуваа и други спортски настани, а мене едноставно ми е тешко да го гледам Зверев. Особено на овој турнир, каде што го удираше топчето од подлогата по 400 пати пред секој сервис. Тоа беше навистина екстремно, но очигледно му помогна. Можеби и јас треба да го правам истото“, рече Грикспор, кој беше елиминиран од турнирот од страна на Бен Шелтон (3:1) и смета дека Американецот имал среќа што бил подобар од Алкараз: „Карлитос требаше да го победи Шелтон во четвртфиналето, но одигра ужасен тај-брејк во петтиот сет.“ „Ниту една влакно на мојата глава не верува дека Зверев ќе ја заврши годината како светски број еден“, заклучи тој. Талон Грикспор (30) досега има освоено три титули во кариерата, а најдобриот пласман му е 21-то место на АТП-листата. Моментално е 56-ти во светот и настапува за холандската репрезентација во Дејвис купот против Колумбија, па споменатите изјави беа дадени пред тие мечеви, во малку поопуштен тон со „домашни“ новинари. Инаку, тој доживеа голем подем во 2023 година и влезе во најдобрите 100, а тогаш и Ѓоковиќ пофално зборуваше за него: „Има многу силни удари во својата игра. Има одличен сервис и форхенд, а тоа му се омилените удари. Се обидува да го диктира темпото на поените од основната линија и знаев дека морам да ја ’преземам’ таа позиција за да го победам.“-изјавил тогаш Ѓоковиќ.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во УкраинаСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели: „Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“. https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embedТагови: Александар Вучиќ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter