Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. 

Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Вредноста на СМК за јуни 2024 година во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари зголемена е за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари. За образование со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022 денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти), лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари, здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1100 денари (1,8 проценти).

Хакерски напад врз Клиничко-болничкиот центар Загреб

Поради хакерски напад што се случил рано утрово, сите информациски системи во Клиничко-болничкиот центар Загреб се исклучени, но новонастанатата ситуација нема да ги загрози пациентите, соопштија од здравствената установа.

„Поради оваа причина бевме приморани да ги исклучиме сите системи заради дополнителни проверки и ќе ги вратиме во функција кога ќе се увериме во нивната исправност. Оваа ситуација нема да ги загрози пациентите во КБЦ Загреб“, соопштија од установата, пренесува Хина.

Хакерскиот напад врз болницата се случи еден ден по ДДоС нападот врз неколку интернет страници на хрватски институции, меѓу кои и Министерството за финансии, Даночната управа, Хрватската народна банка и Загрепската берза, кои повторно проработеа синоќа околу 20 часот.

Ануноби ќе добие нов договор во Њујорк вреден 212,5 милиони долари

Раководството на Њујорк никс е согласи на продолжување на договорот со напаѓачот Оу Џи Ануноби.

Новиот договор ќе биде на 5 години и вреден 212,5 милиони долари.

Ануноби им се приклучи на Никс минатата сезона во трејд од Торонто.

Во НБА лигата, 26-годишниот Британец имаше просек од 14,1 поен, 4,4 скока, 1,5 асистенции и 1,7 украдени топки со 1 блокиран удар.

Израел тврди дека „може да го врати Либан во камено доба“, но не сака војна со Хезболах

Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, за време на неговата посета на американскиот главен град Вашингтон, предупреди дека израелската армија е способна „да го врати Либан назад во каменото доба“ во евентуална војна со либанската шиитска група Хезболах.

Сепак, тој експлицитно нагласи дека неговата влада претпочита дипломатско решение на тензиите на израелско-либанската граница.

Галант, исто така, им рече на новинарите дека разговарал со високи американски претставници за „повоениот“ нацрт-предлог за тоа како да се управува со Појасот Газа по завршувањето на израелскиот конфликт со радикалната палестинска група Хамас што ја контролира енклавата.

Според разгледуваната опција, управувањето со крајбрежната територија би вклучувало локални Палестинци, регионални партнери и САД, но тоа би бил „долг и комплициран процес“, објасни израелскиот министер за одбрана.

притисни ентер