Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
1Разговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!
2ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад
3Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
ЖивотСин на француски министер во Лас Вегас потрошил 3,5 милиони долариСинот расипник на францускиот министер за надворешни работи може да заврши во затвор поради тоа што во коцкарското лудило потрошил неверојатни 3,5 милиони долари, за потоа долгот да се обиде да го исплати со чекови без покритие, пренесуваат британските медиуми.Судот во државата Невада издал налог за апсење по пријавите за неупотребливи чекови кои Томас Фабиус ги пополнил во три казина во Лас Вегас на 15 мај 2012 година, само еден дена пред неговиот татко Лорен Фабиус да стане министер за надворешни работи во владата на претседателот Франсоа Оланд. Аферата која излезе повторно на виделина повторно го сврти вниманието на јавноста на разгалениот син на Фабиус, кој единствено создава проблеми во беспрекорната политичка кариера на таткото. Според документирате на судот од април 2013 година, Томас Фабиус се обидел да ги покрие огромните загуби со издавање на чекови без покритие , врзани за три различни банковни сметки и тоа на износи од 100 000 до еден милион долари. Поради сето ова Томас Фабиус сега се соочува со казна затвор поради обид за измама и кражба. Поради што е издаден налог за негово апсење, според кој Томас ќе заврши зад решетки ако стапне на територијата на САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЗапален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип ЖивојиновиќЏип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград, Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом. Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот. Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент. Сега влезот во семејниот дом на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.Тагови: Александра Пријовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаРазговори за иднината во 12:05“ -Нелегално стекнатиот имот со политичката корупција мора да почне да се конфискува!Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Во врска со најавата за донесување нов Кривичниот законик Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следниот став: Новиот Кривичен законик е резултат на притисокот на Европската Комисија, која и во годинешниот Извештај за напредокот на Македонија забележи за крајно негативните последици од скандалозните измени на кривичното законодавство од 2023. Факт е дека најавата за нов Кривичен законик е чекор напред во борбата против политичката корупција, но апсолутно не дава одговор како да се спроведе правдата и исполнат очекувањата на граѓаните. Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика и обиди за перење совест за претходните гревови! Тоа што едни наводно изразуваат каење и ги оценуваат измените на Кривичниот законик во 2023 како грешка, а другите сега популистички најавуваат нова казнена регулатива која наводно ќе важела само за сегашните нивни функционери, а не и за претходните, не ја менува горчливата правосудна реалност. Мнозинството граѓани со право се сомневаат дека меѓу актуелната власт и опозиција постои договор за меѓусебна амнестија. Да не заборавиме дека измените на Кривичниот законик во септември 2023 се усвоија во итна постапка, водена со ЕУ знаме, немаше ниту еден амандман од тогашната опозиција која направи кворум на гласањето, указот беше веднаш потпишан од тогашниот претседател на државата, а иницијативата за испитување на уставноста на овие измени и барањето за времена мерка со која ќе се стопираше примената на овие одредби беше конечно запрена од Уставниот Суд на 25 февруари 2026. Со скандалозните измени на Кривичниот законик се намалија затворските казни за злоупотреба на службената положба што отвори можност за брзо застарување на кривичните дела сторени со политичка корупција, се избришаа одредби кои предвидуваа казни за злоупотреба на јавни набавки и оштетувања на државниот Буџет. Проценката кажува дека околу 800 поранешни и сегашни носители на функции ги злоупотребуваат овие скандалозни измени на Кривичниот законик за ослободување од кривична одговорност. Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 дел од политичарите - пазарџии и објавија војна на правдата во Македонија. Заради иднината на државата сметаме дека е дојдено крајно време од декларативни заложби да се премине на дела. Тоа и го должиме на актуелната младина и на генерациите кои доаѓаат. Корумпираните политичари без разлика на етничка, верска и партиска припадност мора да одговараат и покрај скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023. Затоа, предлагаме: После членот 112 од актуелниот Кривичен законик со кој се дефинира „незастарливост на кривични дела геноцид и воени злосторства“, да се додаде нов член 112-а со кој ќе се дефинира незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнат имот и за кривичните дела сторени од сите избрани и именувани лица како и од јавни и државни службеници во централната и локалната власт кои располагаат со буџетски средства и државен капитал а кои со незаконито однесување и политичка корупција стекнале противправна имотна корист. Со ваква законска интервенција ќе се испрати јасна порака дека никогаш повеќе нема да има ниту јавна ниту скриена амнестија за политичари; Во актуелниот Кривичен законик, во главата триесетта каде се дефинирани „кривични дела против службената должност“, во членот 359-а кој го дефинира кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“ да се зголемат минималните казни затвор и тоа од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните казни затвор да се зголемат од пет на десет години и од осум на петнаесет години; Конечно усвојување на посебен Закон за потекло на имот со кој ќе се создадат неопходните правни механизми за испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпадВо текот на изминатиов викенд, непознати сторители опожариле четири садови наменети за одлагање на комуналниот отпад. Опожарени се два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, како и два метални контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок опожарените садови ги замени со нови. ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, со цел екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и се очекува да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија вкупно 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложени на јавни и собраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии – вкупно 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар. Воедно, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во општината Кисела Вода, беа реализирани еко-предавања за правилно постапување со отпадот и придобивките од неговата примарна селекција. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 100 ученици од четвртите одделенија во училиштето.Тагови: ЈП Комунална хигиена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook