Симулациска евакуација во основното училиште „Круме Кепески“ - Канал 5

Симулациска евакуација во основното училиште „Круме Кепески“

 Во основното училиште „Круме Кепески“ денеска се одржа симулациска вежба за евакуација и постапување во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации. 

Симулациска евакуација во основното училиште „Круме Кепески“

Вежбата се реализираше во соработка со „Премиум сејфти солушн“ и Црвениот крст и претставува дел од редовните активности што Општина Кисела Вода ги спроведува во сите образовни установи со цел унапредување на безбедносната култура кај учениците и вработените, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Целта на ваквите симулациски вежби, како што се појаснува во соопштението, е навремено подигнување на свеста и подготвеноста за справување со потенцијални ризици, преку практична обука и запознавање со процедурите за евакуација и заштита. Учениците и персоналот имале можност да поминат низ целосна симулација на евакуација од објектот, водени од стручни лица.

Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, симулациските вежби се исклучително важен инструмент за учениците, бидејќи преку нив, тие учат како да реагираат брзо, смирено и организирано - вештини што може да спасат животи.

- Нашата заложба е секое дете, секој наставник и секој родител да бидат сигурни дека престојот во училиштето е безбеден. Затоа, покрај редовните симулациски вежби што ги спроведуваме во сите основни училишта, во изминатиот период спроведовме и вонредни контроли на сите образовни и предучилишни установи, со фокус на исправноста на противпожарните уреди, достапноста на противпожарната опрема, како и ажурирањето на евакуационите планови. Утврдено е дека безбедноста не е нарушена и граѓаните можат да бидат мирни - системот функционира. Продолжуваме со редовна едукација, контроли и вложувања во безбедносната инфраструктура, затоа што вложувањето во безбедноста е вложување во иднината на нашите деца, се наведува во писмената изјава на градоначалникот.

Тој најавува дека во наредниот период ќе се продолжи со ист тип активности и во останатите училишта, со цел секое училиште да има подготвени и обучени кадар и ученици за постапување во кризни ситуации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трката продолжува: Направен полнач од 1,5 мегавати!

Трката за развој на брзи полначи за електрични автомобили во Кина повторно добива на интензитет – „Dongfeng“ објави дека направил систем кој испорачува до 1,5 MW, или 1.500 kW, преку една конекција.

Трката продолжува: Направен полнач од 1,5 мегавати!

На овој начин, „Dongfeng“ се изедначи со максималната моќност со најновиот полнач од „BYD“, што дополнително ја нагласува сè пожестоката конкуренција меѓу кинеските производители во нивните напори да го намалат времето на полнење на електричните возила на само неколку минути.

Овој потег, исто така, означува поширока стратегија на „Dongfeng“ насочена кон развој на нова генерација на поддршка на инфраструктурата и високонапонски системи за погон, во време кога целата автомобилска индустрија се движи кон полнење на ниво на мегавати, како за патнички автомобили, така и за комерцијални електрични возила.

Во срцето на најновата технологија за полнење на „Dongfeng“ е модуларен систем базиран на кабинет за напојување од 1,2 мегавати. Неколку такви единици можат да се поврзат за да формираат заеднички енергетски базен, што може да го зголеми вкупниот капацитет на станицата за полнење на 2,4 мегавати или повеќе.

Кога е поврзан со компатибилно возило, еден порт за полнење може да обезбеди максимална моќност од 1.500 киловати, струја до 1.500 ампери и работен напон до 1.000 волти.

Полначот е дизајниран со широк опсег на напон од приближно 150 до 1.000 волти, што му овозможува да биде целосно компатибилен со широк спектар на постојни и идни електрични модели. Во случај двата кабли за полнење да се користат истовремено, достапната моќност автоматски се дели помеѓу двете возила.

Донгфенг наведува дека вкупната ефикасност на системот е висока од 96,7 проценти, што го прави овој полнач еден од првите производи во индустријата што го доби првото ниво на сертификација за енергетска ефикасност според новиот национален стандард на Кина.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер