ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС
КултураСимпозиум за Првата светска војна на Конгресот на кинотеки и филмски архиви Аудиовизуелното наследство е впечатливо сведоштво за историјата и културата на сите цивилизации. Тоа е основен елемент на нашиот идентитет. Токму затоа, наследството, неговата заштита и презентацијата се врвен државен приоритет, нагласи денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на симпозиумот посветен на 100-годишнината од Првата светска војна, со кој и официјално почна 70. јубилеен конгрес на Меѓународната асоцијација на кинотеки и филмски архиви (ФИАФ). На Конгресот, кој од вчера до 10 мај ќе се одржува во Скопје, пријавени се 200 делегати од 80 кинотеки и филмски архиви од целиот свет, кои според министерката, имаат одлична можност да ги презентираат своите визии за унапредување на заштитата на аудиовизуелното наследство, да се лоцираат можностите за развој на стандардите на теориското, но и на практичното ниво во работата на филмските архиви. Владата и Министерството за култура, како што посочи Канческа-Милевска пред присутните, во изминатиот период реализираа бројни инвестиции со кои се унапредија состојбите во македонската кинематографија. - Беа реализирани големи вложувања во филмската дејност во Република Македонија кои резултираа со значајни филмски остварувања, со многу копродукции, претставувања на меѓународните фестивали и релевантни признанија и награди, истакна Канческа-Милевска. Министерството за култура, додаде, донесе посебен закон за заштита на аудиовизуелните добра, изработен според европските стандарди, а значително се пдообрени и условите за чување на националната продукција. - Со поддршка на Владата, Кинотеката на Македонија се здоби со најсовремени депоа за чување на нашиот богат фонд на аудиовизуелни добра, а започнавме и со реализацијата на една од најголемите инвестиции во областа на аудиовизуелната дејност кај нас, а тоа е проектот за обнова и ревитализација на споменикот на културата, Хавзи-пашините конаци, кој покрај музејската вредност ќе има и намена за заштита, чување и презентација на целокупното македонско филмско културно наследство, информира Канческа-Милевска. Преку реализација на бројни проекти, посочи таа, соодветно се сочувуваат вредни примероци од нашата богата кинематографска дејност, вредни артефакти кои се сведоштво за историјата и културата на Македонија за идните генерации. Кинотеката на Македонија изврши дигитализација и дигитална реставрација на голем број од материјалите што ги поседува. - Дигитализацијата ја препознавме како значаен елемент во изградбата и развојот на информатичкото општество и општеството на знаење, сегмент кој преставува значаен фактор во остварувањето на културната политика и на културниот развој на земјата. Затоа, со голема сериозност Кинотеката на Македонија му се посвети на овој процес и досега е извршена дигитална реставрација на целокупното филмско творештво на првите сниматели на Балканот, браќата Манаки, како и творештвото на реномирани автори, режисери кои ја афирмираат нашата држава ширум светот, како што се Милчо Манчевски, Столе Попов и Љубиша Георгиевски, подвлече Канческа-Милевска. Кинотеката на Македонија, нагласи министерката, е единствената институција во Република Македонија одговорна за прибирање, чување, заштита, истражување и презентирање на аудиовизуелното наследство која денеска располага со фонд од над 15.000 копии на филмови од домашна и странска продукција, многуброен материјал, фотографии, плакати, пишувани документи, книги и списанија за историјата и теоријата на филмот, како и значајна колекција на стари кинематографски апарати. Филмската програма на ФИАФ почнува со филмот „Човекот од слама“ на Волфганг Стауте, а во наредните пет дена ќе бидат прикажани филмови од 22 кинотеки, кои обработуваат периодот на Првата светска војна. Дел од нив првпат се прикажуваат по стотина години и претставуваат извонредно вреден архивски материјал. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНСВенко Филипче и Зоран Заев, по нивниот пример како неразделни другари, си земаа и советници од партијата СНС, на нивниот другар Александар Вучиќ.Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ како олицетворение на Вучиќ, од кој СДС и Филипче, по поразот на изборите, сакаат да се дистанцираат и од него бегаат како ѓавол од темјан, си ги вдомија во владата. Обрадовиќ, иако балкански мешетар, беше ангажиран како советник на Зоран Заев, кој потоа дури сакаше да го постави и за директор на ЕЛЕМ. Благодарение на притисокот што како ВМРО-ДПМНЕ тогаш го направивме оваа постапка беше стопирана, но сепак, во 2021 година Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Истиот овој човек, Обрадовиќ, кој Заев го вдоми во Македонија, од функцијата директор на Електростопанство на Србија, беше сменет поради луксуз и хедонизам. Кумот пак на Вучиќ, Башановиќ, кој исто така Заев си го вдоми во македонската влада, е и сегашен ПР шеф на СДС, на чело со Венко Филипче, и заедно со Милјан Шчекиќ им ги пишуваат соопштенијата и прес-конференциите кои потоа Венко и другите ги читаат. Дополнително, за Башановиќ се зборува дека е човекот којшто ги споил Зоран Заев и Алексис Ципрас кои го променија името на Македонија и дека во координација со Заев бил одговорен за зделки во делот на енергетиката. Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште одамна. Па, оттука се поставува прашањето, дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? А, „Зобек мининг груп“ е истата таа фирма која на Филипче му купи автомобил од марката „АУДИ“. Преку вакви кадри СДС, Заев и Филипче го носеа српскиот свет во Македонија и единственото по што жалат е што не се власт во државата за да продолжат и понатаму да местат милионски тендери со луѓето на Вучиќ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
СветМосква цел на масовен напад со 862 украински дронаГрадоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека ноќеска бил извршен масовен напад со украински дронови. Според него, од синоќа до утрово кон московскиот регион биле испратени 862 беспилотни летала.Руската воздушна одбрана неутрализирала најголем дел од дроновите. Од нив, 170 биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.Руските медиуми нападот го оценуваат како еден од најмасовните оваа година. Претходниот голем напад врз Москва бил регистриран ноќта меѓу 28 и 29 октомври. Тогаш, според руските власти, биле испратени околу 613 дрона. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го оцени нападот како невообичаен. Тој посочи дека се случил за време на Самитот Русија-Африка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСамит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-ЛавровВо Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио. Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа. Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,Тагови: Г20 САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter