Симовски: И покрај поразот задоволен сум од многу работи - Канал 5

Симовски: И покрај поразот задоволен сум од многу работи

Женската ракометна репрезентација на Македонија вчера го забележа и петтиот пораз во групата од квалификациите за Европското првенство во Шведска 2016.

Симовски: И покрај поразот задоволен сум од многу работи
За подмладената селекција останува само горчина по уште една загубена битка особено што фаворитот Црна Гора до 50. минута не беше сигурен во победата. Сепак, искуството на гостинките и малиот фонд квалитетни ракометарки кои можат да играат цел натпревар водството во СРЦ „Кале“ го претворија во пораз.

По дуелот селекторот Симе Симовски уште еднаш повика на трпеливост кога станува збор за оваа селекција.

- Во поголемиот дел од натпреварот игравме дисциплинирано. Во финишот на дуелот имаше две сомнителни исклучувања со кои Црна Гора се врати во игра. Без оглед на поразот од многу работи сум задоволен и треба да имаме трпение за оваа генерација да созрее. За последниот натпревар со Хрватска на гости останува да се обидеме, да се покажаеме во што е можно подобро издание, како на дуелите дома со Словенија и со Црна Гора, истакна Симовски.

Репрезентацијата со автобус ќе патува за Риека, каде ќе се игра натпреварот од последното коло, а во составот покрај повредените од претходно Зорица Десподовска, Габриела Величковска и Ангела Тодоровска, ќе ја нема и Елена Ѓеорѓиевска (капитен), која се повреди во водедните минути од вчерашниот натпревар со Црна Гора. Натпреварот Хрватска – Македонија се игра во недела на 5. јуни. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Унгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.

Политико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и Молдавија

Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

На територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. 

ЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпад

Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати.

Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад.

Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

По кратко боледување почина истакнатиот македонски лекар, д-р Душан Јовановски, специјалист радиолог со над четири децении кариера во здравството.

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Д-р Јовановски, својот професионален пат го започна во Здравствениот дом Кратово во 1989 година, каде беше и Директор од 2005 до 2009.

Од 1987 до 1997 беше спортски доктор на фудбалскиот клуб Силекс, а во периодот од 2000 – 2005 и спортски доктор на Националниот фудбалски тим на Република Македонија

Последните 17 години беше незаменлив дел од тимот на МЕГАМЕД ПЛУС. Колегите и пациентите ќе го паметат како врвен радиодијагностичар со огромна емпатија и висока стручност, кој спаси стотици човечки животи.

Со неговото заминувањето ќе остане огромна празнина во јавното и приватното здравство.

Последниот поздрав ќе се одржи во Четврток, 25 Јуни 2026, од 09:00 до 10:00 часот на гробиштата Ѓорче Петров во Скопје

Нека почива во мир

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер