Симовски го објави списокот со ракометарки повикани за дуелите со Шведска и со Србија - Канал 5

Симовски го објави списокот со ракометарки повикани за дуелите со Шведска и со Србија

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Симе Симовски, денеска го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета за двата први натпревари од квалификациите за Европското Првенство 2018 година во Франција.

Симовски го објави списокот со ракометарки повикани за дуелите со Шведска и со Србија
Македонија ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија.

Првиот собир е закажан за 25 септември (понеделник) од 18:30 часот во СРЦ „Кале“, а селекторот Симовски во поширокиот список вклучи 23 ракометарки: Наташа Антиќ, Матеја Серафимова, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Теодора Керамичиева, Мирјета Бајрамоска, Дајана Јовановска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска, Душица Ѓорѓијевска, Елена Ѓорѓијевска, Маја Трпковска, Зорица Десподовска, Александра Боризовска, Андреа Белеска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Јована Саздовска, Сара Ристовска, Наташа Нолевска, Марија Гајиќ, Ивана Гакидова, Марија Николиќ.

Инаку, непосредно пред првиот собир, македонската репрезентација ќе одигра подготвителен меѓународен турнир во Турција, во периодот од 21 до 24 септември. Симовски, за настапот на турнирот на кој Македонија ќе се сретне со Италија и со две екипи на домаќинот Турција ќе поведе 17 ракометарки./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Гостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите. 

АХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиење

Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска.

Сега клучното прашање е дали гостиварци им веруваат на иституциите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Скопјанец на возраст од 72 години е втората жртва на западнонилска треска годинава, информираше директорот на Инфективната клиника во скопје, Д-р Фадил Цана.

Втор смртен случај со западнонилска треска - почина 72-годишен скопјанец, 5 пациенти се на механичка вентилација

Пациентот имал придружни болести, а уште при приемот на клиниката бил во тешка општа состојба која прогресивно се влошувала.

Во моментот на клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти. Д-р Цана информираше дека кај седум од нив е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор. Ова е втор случај на смрт од западнонилска треска, по смртта на 83 – годишен пациент.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер