Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
1Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
КултураСимон Трпчески настапи со Државниот филхармониски оркестар на СолунПијанистот Симон Трпчески синоќа ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун. Во Церемонијалната сала на Универзитетот „Аристотел“, под диригентската палка на Милтос Логиадис, на програмата беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, покрај делата од Респиги и Стравински. -Топлиот прием од грчката публика, Трпчески го награди и со изведба на бис. Грчкото оркестарско деби на нашиот пијанист се надоврза на серијата концерти која само во последниве два месеца го одведе на престижни сцени во Соединетите Американски Држави и Шпанија, регионално во Сараево и Љубљана, а во Женева настапи во ѕвездената камерна комбинација со најголемиот жив виолинист Максим Венгеров и еден од најпознатите виолончелисти на својата генерација Стивен Исерлис. Швајцарските медиуми се натпреваруваа во делењето критичарски ловорики за тројцата врвни инструменталисти кои, на пример според „Л Тамп“ ја одушевија публиката во салата „Викторија“. Критичарката Силви Боние својата зашеметеност од воодушевувањето по концертот вчудоневидено ја претставува низ дилемата „како дружењето на ова никогаш како постојано неоформено трио резултира во преседан чиниш отсекогаш сензибилитетите на тројцата уметници се усогласени во фузија што допира“, споредувајќи ја нивната изведба со „звучен и емотивен земјотрес со амплитуда од 100 степени“ што ќе остави „неизбришлив спомен за најдоброто што може да се понуди“, соопшти КултурОп. Македонскиот пијанист со светско реноме идниот месец со проектот „Македонисимо“ ќе настапи на фестивалите во Дојран, во Литванија и Германија, а ќе продолжи и во Љубљана со Словенечката филхармонија и диригентот Васили Петренко и во Осор, Хрватска, со Загрепските солисти. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook