СветСимион бара поништување на резултатите од претседателските избори во Романија- Изборите во декември беа поништени од истите причини: НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ од страна на државни и недржавни актери. Ниту Франција, ниту Молдавија, ниту кој било друг, нема право да се меша во изборите на друга земја, објави Симион на Икс. Поразениот кандидат на романските претседателски избори лидерот на националистичката партија Алијанса за обединување на Романците, Џорџе Симион синоќа најави дека ќе ги оспори резултатите поради наводно мешање од страна на Франција и на Молдавија. Тој на платформата Икс објави дека ќе побара од Уставниот суд да ги поништи романските претседателски избори. - Изборите во декември беа поништени од истите причини: НАДВОРЕШНО МЕШАЊЕ од страна на државни и недржавни актери. Ниту Франција, ниту Молдавија, ниту кој било друг, нема право да се меша во изборите на друга земја, објави Симион на Икс. Основачот на платформата за размена на пораки Телеграм, Павел Дуров пред два дена изјави дека го одбил барањето од една западна земја, која не ја именуваше, да се „замолчат“ конзервативните гласови во Романија. - Една западноевропска влада се обрати до Телеграм и побара од нас да ги замолчиме конзервативните гласови во Романија пред денешните претседателски избори. Јас категорично одбив. Телеграм нема да ја ограничи слободата на корисниците во Романија ниту ќе ги блокира нивните политички канали, напиша Дуров на 18 мај на Телеграм. Тој ја придружи објавата со емотикон од багет, сугерирајќи дека станува збор за Франција. Романија, која е членка на ЕУ и на НАТО, западна во уставна криза во декември откако Врховниот суд ги поништи резултатите од претседателските избори на кои беше извесно дека ќе победи друг десничарски кандидат. Судот ја оправда одлуката со наводната вмешаност на Русија во изборниот процес. Во вториот круг на претседателските избори победи градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан освојувајќи 54 проценти од гласовите, додека Симион доби 46 отсто.Тагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетнициЛишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
МакедонијаСо едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на УкраинаСо оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook