Симиќ им се извини на луѓето од МКФ за својата реакција на полуфиналето од Купот на Македонија - Канал 5

Симиќ им се извини на луѓето од МКФ за својата реакција на полуфиналето од Купот на Македонија

Една недела по крајот на завршниот турнир во Охрид од Купот на Македонија еден од најтрофејните кошаркари на домашната сцена ветеранот на Лирија Тони Симиќ како голем спортист јавно преку соопшнетие одлучи да им се извини на генералниот секретар на МКФ и на директорот на Македонските селекции за својата реакција за време на прекинот на полуфинале од Купот меѓу Лирија и Куманово.

Симиќ им се извини на луѓето  од МКФ за својата реакција на полуфиналето од Купот на Македонија
Само еден ден откако дозна дека е пријавен од раководството на МКФ, и е предаден на Дисциплинската Комисија на МКФ, кошаркарот на Лирија, Тони Симиќ, излезе со свое видување на случајот. Односно на она што се случувало за време на прекинот на полуфиналната средба од Купот, односно дуелот на неговата Лирија со екипата на Куманово.

“Сето она што го направив во тие моменти треба да се сфати декае реакција на случувањата за време на натпреварот. И тоа го направив во една афектна состојба. И затоа во оваа прилика сакам јавно да им се извинам на ген.секретар на МКФ и дир.на Македонските селекција на МКФ- вели играчот на Лирија.
„Оние кои добро ме познаваат, а мислам дека ги има доста во македонската кошарка и пошироко, знаат дека моја основна цел на секој натпревар, па и на овој со Куманово, е да бидам подобар од противникот. Односно да помогнам мојата екипа да победи. Но исто така треба да се знае дека и јас сум од ’крв и од месо’, и дека тешко го преживувам сето она што се случуваше и на тој натпревар. Не е едноставно да се ’живее’, да се игра под еден таков притисок, со такви навреди од публиката кои ги имаше доста и во Охрид“- додава Симиќ

.Еден од оние кои ја креираше историјата на Купот на Македонија низ сите овие 22. години, смета дека ќе наиде на разбирање кај надлежните, оние кои треба да решаваат за овој случај.

„Многу сум дал во македонската кошарка. Веројатно сум еден од ретките кои е во неа сите овие години наназад. Никогаш не сум направил никаков сериозен инцидент, ниту пак некогаш сум ималнамера за такво нешто. И сето ова во Охрид е само сплет на несреќни околности кои се најдовме сите таа вечер. Но верувајте дека не е лесно за само една година повторно да се соочиш со такви, нималку пријатни чувства. Повторно прекин, па една подолга пауза. Така беше лани во Скопје, така и сега во Охрид. Нее едноставно, нитуу пак лесно да се остане ’мирен’. Во тие моменти е тешко да се сопре, да се смири темпераменот кај сите нас. Некои успеваат да го симнат на пониско ниво, некои не. Таму спаѓам и јас, но тоа е некако посилно од мене“- заклучува Симиќ една лоша епизода во неговата кариера, онаа која се случи минатиот викенд во Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата.

Превентивна активност на МВР и РСБСП: Апел до возачите да возат одморени

Вчера (07.08.2026) во рамки на летната кампања „Безбедно лето 2026 – Вози одморен“, на автопатот А1, на наплатната станица Романовце, во периодот од 17:00 до 18:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), спроведе превентивно-едукативна активност наменета за возачите.

Активноста беше насочена кон подигнување на сообраќајната култура и безбедноста на патиштата, со посебен акцент на ризиците од управување со возило во состојба на замор, особено во услови на високи температури и зголемена фреквенција на сообраќај во летниот период.

На возачите им беа поделени едукативни флаери, а преку непосредна комуникација им беше укажано да не управуваат возило доколку се чувствуваат заморни, да прават почести паузи при подолги патувања и да внесуваат доволно течности, особено вода, за време на патувањето.

Министерството за внатрешни работи и РСБСП и понатаму ќе продолжат со превентивни активности насочени кон заштита на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната безбедност зависи од секој од нас – секој живот е важен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

На 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница.

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави

Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.

Дрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со Романија

Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер