Симеоне за Интер: Имаат карактер и неверојатен состав - Канал 5

Симеоне за Интер: Имаат карактер и неверојатен состав

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, упати комплименти до Интер со кого неговиот тим ќе се соочи во 5. коло од Лигата на шампионите.

Симеоне за Интер: Имаат карактер и неверојатен состав

-Интер игра многу добро, има карактер и многу јасен напаѓачки план. Имаат неверојатен состав. Доминираа во текот на целиот натпревар против Милан (0:1), имаа шанси за гол и можеа да победат. Што се однесува до Лигата на шампионите, нивните резултати зборуваат сами за себе, изјави Симеоне за „Goal.com“.

Натпреварот ќе се игра вечер во Мадрид, со почеток во 21 часот.

Атлетико Мадрид е на 20. место во генералниот пласман со 6 бода, додека Интер е на третото место со 12 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

 Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет, обезбедени се рекордни средства и силна поддршка за развојот.

ВМРО-ДПМНЕ:  Со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, културата и туризмот повторно се државен приоритет

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само две години ја врати културата и туризмот таму каде што им е местото, меѓу стратешките приоритети на државата.

По години на запоставеност, денес културата добива рекордни вложувања, а туризмот добива политики што отвораат нови можности за развој и промоција на Македонија.

Средствата за годишната програма за култура се зголемени од 768 милиони денари во 2023 година на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти.

Поддршката за националните установи е зголемена за 25 проценти, а нивните сопствени приходи се зголемени за дури 150 проценти во споредба со 2023 година, што е потврда дека инвестициите даваат резултати.

По седум години повторно е реализиран конкурсот за креативни индустрии, преку кој се поддржани 108 проекти, а по речиси една деценија повторно се реализира и откуп на ликовни дела од македонски автори.

Зголемена е и поддршката за домашната кинематографија, при што буџетот на Агенцијата за филм е речиси двојно зголемен, од 100 милиони денари во 2024 година на 187 милиони денари во 2026 година.

Паралелно со тоа, капиталните инвестиции во културата се повеќе од двојно зголемени. Во тек е реализација на значајни проекти, меѓу кои Театарот во Струмица, реконструкцијата на киното „Партизан“ во Битола, Македонскиот народен театар, новите простории на Џез оркестарот и повеќе проекти за заштита на културното наследство.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува силна поддршка и за развојот на туризмот, така што буџетот за оваа намена е зголемен од 58 милиони денари во 2023 година на 186 милиони денари во 2026 година, што претставува раст од над 200 проценти.

Во соработка со туристичкиот сектор се отвораат нови туристички пазари, а во завршна фаза е и Националната стратегија за развој на туризмот, со која Македонија ќе стане поконкурентна и поатрактивна туристичка дестинација.

Разликата е очигледна, додека во минатото културата и туризмот беа ставени на маргините, денес тие повторно добиваат институционална поддршка, рекордни инвестиции и јасна визија за развој.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што ја зајакнуваат македонската култура, го штитат културното наследство и го развиваат туризмот како значаен двигател на економскиот раст и промоцијата на Македонија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила

Агенцијата за храна и ветеринарство  соопшти дека се земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека е безбедна.

АХВ: Земени нови мостри од повеќе локации во Гостивар, додека забраната за користење на водата останува во сила

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, информираше дека вчера биле земени примероци од јавна чешма во Гостивар, од две градинки, од општата болница, од ресторан, како и од чешми во црква и џамија.

„Земени се мостри од чешма која е јавна во Гостивар, чешми од две градинки, чешма од општата болница, чешма од ресторан и чешми од црква и џамија. Ијз треба да ги достави резултатите од испитувањата направени вчера“, изјави Миланов.

Прашан како функционира градот во услови кога водата е забранета и за пиење и за подготовка на храна, особено во период кога се очекува доаѓање на иселеници, свадби и зголемен број гости во угостителските објекти, Миланов рече дека инспекторите на АХВ се постојано на терен.

„Самите ресторани мора да имаат техничка вода. Ако нешто што доаѓа во контакт со храна, како приборот, дојде во контакт со вода, ќе бидат казнети“, рече директорот на АХВ.

Тој нагласи дека водата од системот на ЈП „Комуналец“ – Гостивар не смее да се користи сè додека институциите не дадат поинаква насока.

„ Треба да биде обезбедена посебна вода, технички безбедна, во однос на приготвување храна, пијалоци... Исто и во болниците и јавните установи. Но не да се користи водата од комуналец-гостивар“, изјави Миланов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште на следното Светско првенство ќе има 64 репрезентации!?

Дали на Светското првенство во 2030 година ќе учествуваат дури 64 репрезентации?

Уште на следното Светско првенство ќе има 64 репрезентации!?

Според претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, одговорот е потврден.

Првиот човек на јужноамериканскиот фудбал на социјалната мрежа „Икс“ (X) објави дека јубилејот – 100 години од првото Светско првенство – ќе биде одбележан со турнир со рекорден број учесници.

„Следното Светско првенство се игра дома. Во 2030 година, Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на Светското првенство. Ова е одлична можност фудбалот да го прослави еденвековниот јубилеј на Светското првенство со натпреварување во кое ќе учествуваат 64 национални тима“, напиша Домингез.

Неговата изјава звучи како потврда на проект за кој тој долго време се залагаше.

Најавата на Домингез уследи само неколку дена по изјавата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој потврди дека сериозно се размислува за проширување на Светското првенство, но дека конечна одлука сè уште не е донесена.

„Сите треба да имаат можност да учествуваат на Светското првенство, а не само Европа или Јужна Америка. Тоа е тема за која надлежните тела на ФИФА ќе дискутираат по ова Светско првенство“, изјави Инфантино во интервју за швајцарскиот „Блувин“ (Bluewin).

Главни организатори на следното Светско првенство ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, додека три натпревари ќе се одиграат во споменатите јужноамерикански земји во чест на еден век од постоењето на Мундијалот. Поради тоа, веќе се познати дури шест учесници на турнирот.

Предлогот за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации првпат беше претставен од претседателот на Уругвајската фудбалска асоцијација, Игнасио Алонсо, за време на состанокот на Советот на ФИФА во март 2025 година.

КОНМЕБОЛ потоа ја поддржа иницијативата, а Домингез истакна дека јубилејот заслужува посебно издание на турнирот, со оглед на тоа што првото Светско првенство се одржало во Уругвај во 1930 година. Според италијанските медиуми, ФИФА ги интензивирала разговорите за овој проект во последните месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер