ФудбалСимеоне: Барселона е најдобриот напаѓачки тим во Европа, ова е сериозен предизвик за АтлетикоТренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го нарече четвртфиналниот натпревар со Барселона во Лигата на шампионите сериозен предизвик.Во осминафиналето, Атлетико го победи Тотенхем со вкупен резултат 7:5, додека Барселона го совлада Њукасл со 8:3. - Патот до четвртфиналето не беше лесен, како и во претходните натпревари. Ќе мора да се бориме посилно од кога било. Целта ни е да се натпреваруваме со Барселона. Не се сомневам дека тие се најдобриот напаѓачки тим во Европа, а можноста да се соочиме со нив во четвртфиналето е сериозен предизвик што ќе бара од нас да играме на исто ниво, изјави Симеоне за „AS“. Другите двојки за четвртфиналето се: ПСЖ – Ливерпул Реал Мадрид – Баерн Минхен Арсенал – Спортинг. Натпреварите во оваа фаза ќе се одржат на 7/8 април и 14/15 април.Тагови: Симеоне Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Судири на улиците во Рим: Полицијата интервенираше со водени топовиСудири на улиците во Рим- Поставени контејнери во близина на Колосеумот; Полицијата интервенираше со водени топови.Најголемите собири се одржаа во Рим и Болоња, каде што во секој од овие градови се собраа повеќе од 50.000 луѓе. Протести се одржаа и во Милано, Неапол и Торино, додека ученици и студенти се приклучија на демонстрациите во повеќе од 50 градови. In Rome, protesters have set up barricades in front of the Colosseum.Rome #Italy #Colosseum #Protesters #Barricades #Protests #Demonstrations #CivilUnrest #BreakingNews #snnfinland https://t.co/QzTQPFQ3Hh — SNN Finland (@snnfinalnd) October 30, 2026 Синдикатот USB, кој го организираше овој ден на протестни активности, тврди дека до пладне во протестите низ земјата учествувале најмалку еден милион луѓе. Полицијата сè уште нема излезено со свои проценки. Поради страв од насилство, на улиците е распореден голем број припадници на безбедносните сили. Сепак, повеќето протести во текот на денот поминале мирно. Мирољубивите протести, организирани од синдикатите и студентите во Рим, завршија, но потоа група демонстранти се собрале на брегот на реката Тибар и се обиделе да стигнат до центарот на градот, јавува СРНА, повикувајќи се на руската новинска агенција РИА Новости. Полицијата со употреба на сила ги запрела демонстратните на мостот. Демонстрантите потоа се обиделе да стигнат до центарот на Рим по друг пат, но полицијата ги запрела и во вториот обид употребувајќи водени топови. A group of masked protesters were seen throwing rocks, glass bottles and firecrackers at officers as clashes erupted outside the Colosseum in Rome. More than 20,000 demonstrators were expected to march across the Italian capital to protest against the rising cost of living. 🔗 https://t.co/kouT9yjn7E — Sky News (@SkyNews) October 30, 2026 Ситуацијата во Рим дополнително се заостри, при што беа запалени контејнери и поставени барикади во близина на Колосеумот. Немирите избија по масовните протести низ Италија, за време на кои полицијата во неколку наврати интервенираше за да ги запре демонстрантите. Италија е потресена од насилни протести во текот на последните недели, а најтешките немири беа забележани во Милано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаЗелена агенда: Од национални политики до локални економски можности Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.Како националните зелени политики да се преточат во применливи локални мерки и можности за економски развој беше централното прашање на Регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“, кој денес се одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Центарот за климатски промени. Настанот обедини претставници на националните институции, локалните власти, планските региони и граѓанските организации, со цел размена на искуства за спроведувањето на Зелената агенда и разгледување на потребната поддршка за општините. Програмата ги поврза институционалните перспективи со практичните предизвици во локалното планирање, финансирање и реализација на зелените мерки. Во рамките на првиот панел, „Од национални политики до локално дејствување“, дискусијата беше насочена кон националните приоритети, достапните алатки и ресурси и начините на кои институциите можат да им помогнат на општините. Беа разгледани и клучните наоди и препораки од Годишниот извештај од мониторингот на општините за спроведувањето на политиките поврзани со Зелената агенда за Западен Балкан. Вториот панел, „Локални зелени приоритети како основа за инвестиции и економски раст“, ја насочи дискусијата кон искуствата на општините и можностите за партнерства и меѓуопштинска соработка. Во фокусот беа поврзувањето на зелените мерки со подобри јавни услуги, поефикасно користење на ресурсите и создавање услови за одржливи инвестиции. Општините имаат непосредна улога во областите што го обликуваат секојдневието на граѓаните: енергетската ефикасност на јавните објекти, управувањето со отпадот, заштитата на водите, воздухот и зеленилото. За долгорочна примена на овие мерки, препораките од мониторингот ја нагласуваат потребата од нивно поврзување со редовните општински буџети, зајакнување на стручните капацитети и воспоставување функционални механизми за соработка и отчетност. Регионалниот форум се спроведе во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената Агенда на локално ниво“, спроведен од Центарот за климатски промени заедно со партнерските организации, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Во текот на проектот, соработката со општините, планските региони, националните институции и граѓанските организации беше насочена кон следење на зелените политики и создавање основа за нивна поефикасна примена, со видливи придобивки за граѓаните и локалните заедници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто денес започна во 7 часот утринава. Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37