Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
1Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотСимболите на последната штафета на Тито го најавиле крвавиот распад на Југославија (фото)Последната Штафета на младоста е од 1987 година, а околу нејзиниот дизајн и денеска кружат разни теории, според кои таа донекаде го навестила крвавиот распад на Југославија, па поради тоа предизвикува посебен интерес. Имено, таа година дизајнот на штафетата и идејното решение на плакатот за Денот на младоста е поверена на дизајнерското студио „Нов колективизам“. Самата штафета, во облик на градба на четири столбови кои е невозможно да се носат, го навестила поинаквиот пристап на членовите на „Нов колективизам“ спрема споменатата манифестација. Скандалот избил кога е откриено дека плакатот за манифестацијата е всушност е незначително изменета верзија на нацистичкиот плакат на Третиот Рахј, од Ричард Клајне од 1936 година. „Во почетокот апсолутно никој не ја препозна поврзаноста. Најпрво Словенечкото младинско претседателство се идентификуваше со нашата плаката, а после тоа и целокупната младинска организација на Југославија. И тогашните генерали беа задоволни. На нив им се допадна. Добро се сеќавам дека еден од генералите изјави дека многу му е мило дека на постерот е поставено развиено момче, а не некоја апстракција. Тие навистина го сакаа и со тоа се идентификуваа. Но кога се откри поврзаноста, настанаа проблемите. Бевме изненадени што се дигна толкава прашина: сите весници пишуваа за тоа. Тоа не ни беше логично бидејќи знаевме колку на генералите и другите претставници на еднопартискиот тогашен режим, им се допадна нашиот постер“ – го објасни овој настан Роман Уранјек, член на „Нов колективизам“, во проектот „VlasTITO iskustvo”. Кога станало јасно дека ова решение на словенската уметничка група не може да се употреби, за потребите на одбележувањето на денот на младоста во 1987 година, била изработена нова штафета. Таа морала да ги задоволисите стандарди за таа манифестација. Сепак, во нејзиниот изглед со осум црвени диоди кои потсетуваат на капки крв, можеле да се препознаат работи кои се случувале во текот на 90-те години на овие простори. Инаку, штафетата на младоста е воведена во 1945 година, која прво била наречена штафета на Тито. Првата штафета Тито ја превземал во Загреб додека во годините до 1956 година лично ги примал последните носители на штафетата пред белиот двор во Белград, со свечен дочек на плоштадот. На иницијатива на Тито во 1957 година тој настан е наречен Ден на младоста. До неговата смрт во 1980 година, штафетата ја примал на стадионот на ЈНА во Белград. Сите штафети кои биле носени во текот на 42 години се чуваат во музејот на Југославија во Белград. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банкатаМинистерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба.Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, ниту како Министерство за финансии сме помогнале да се случи продажбата и сопственикот да се стекне со мнозинскиот пакет, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Kочоска во рамки на Надзорната расправа во Собранието посветена на причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Таа потсети на постапките што се преземени од страна на Народната банка, Комисијата за хартии од вредност до објавување на јавната понуда на 11 септември и дека на 23 септември имајќи ја предвид јавната понуда на Владата се дискутира на тема на тоа дали во државата има одредени институции кои што имаат акции во оваа банка. „На 1 септември Народната банка дава претходна согласност за квалификувано учество. Што значи тоа? Тоа значи дека до 1 септември целокупната постапка околу лиценцирање на лицата, банка или било физички лице, тоа Народната банка си знае, го имала завршено. На 10 септември Комисијата за хартии од вредност дава дозвола за јавна понуда за превземање, којашто јавна понуда за превземање, односно јавна понуда и проспект, се објавени на 11 септември. Во таа јавна понуда и во тој објавен проспект, стои датум, кој што вели дека секој оној кој што е заинтересиран да ги продаде акциите, има обврска тоа да го направи до 10 октомври, што значи дека нема апсолутно никаква врска со претходните изнесувања, дека записникот бил поврзан со некакви датуми, туку исклучиво со датумот кој што стои во јавната објава, повторно тоа е на Македонска берза. На 19 септември имаме објава во Службен весник, согласно која, сопственикот се стекнал со 74 и нешто проценти, на сопственост иако прагот на успешност во тој период бил 70%. Значи, до овој момент постапката се одвива, така што Народната банка е вклучена, Комисијата за хартии од вредност, заинтересираната банка и тука веќе имаме објава во Службен весник дека продажбата е успешно завршена“, појасни министерката. При тоа посочи на информацијата од седницата на Владата во која од страна на Министерството за финансии е објаснета постапката, но при тоа да се има предвид дека станува збор за изборен период. При тоа таа се повика на записник од владината седница. Министерката повтори дека клучниот момент е фактот дека Министерството за финансии апсолутно немало никакво учество при превземањето на банката, купување, коешто завршува на 19 септември и е објавено во Службен весник, од каде што ние во Министерството, всушност, ги добивме и информациите, па врз основа на тоа почнаа постапките за да видиме дали прво државата има некаква сопственост и да предупредиме дека имаме избори и дека немаат можност да вршат продажба“, истакна министерката. Таа заклучи дека во однос на надлежност како Министерство за финансии, Министерството апсолутно нема никаква надлежност во целата постапка за продажба, затоа што ние, освен тоа што го подготвуваме и предлагаме законот, кој преку Владата се усвојува во Собранието во конкретната ситуција немаме никава надлежност бидејќи целата контрола, супервизија и надзор на банкарското работење е од страна на Народната банка.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово судско рочиште за случајот со Државна ЛотаријаСо испрашување на вештото лицe кое го работело економското вештачење за набавката на ВЛТ апарати во државна лотарија, продолжи денешното судење за Државна лотарија, чиј предмет на обвинение е токму оваа спорна набавка.Вештакот Анита Поповска пред судот образложуваше што стоело во финансискиот план за набавка на овие ВЛТ апарати, а рече дека вкупниот износ на набавката изнесувал над 9ипол милиони евра. Во финансискиот план за набавка на ВЛТ апаратите, се покажани сите расходи на друштвото и платите на вработените. Конкретно за набавка на ВЛТ апарати вкупната вредност која што било издвоена изнесува 596. 125.511 денари. Понатаму обвинителите продолжија да го испрашуваат сведокот во делот на даденото мислење од Министерството за финансии, на што одбраната постојано реплицираше дека вештакот не може да вади правни заклучоци. Според одбраната вештачењето не е спорно, но тврдат дека обвинителите со своите прашања се обиделе да го натераат вештакот да одговори на работи кои не се содржани во вештачењето. Судењето за државна лотарија ќе продолжи на 18 ноември со испитување на Александар Климовски, актуелниот директор на државна лотарија и последен сведок на обвинителството, пред да започнат во судница да се појавуваат сведоци предложени од одбраната. Во судското рочиште за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра првообвинет е поранешниот директор на Лотарија Перпарим Бајрами, а обвинението ги опфаќа и поранешните прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот генерален секретар во владата Методија Димовски и уште пет лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка Серија паузи и тензии на денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието.На обвинувањата од опозицијата дека дека актуелната влада дозволила сомнителен капитал од АЛТА банка да влезе во домашната банка, премиерот Мицкоски објави записник од седница на екс владата на СДСМ во 2023 според кој биле дадени насоки на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура. Филипче експресно дематнира. Во Собранието е Михајло Видимлиски.. Михајло до каде е надзорната расправа и кои се клуичните пораки од надзорната расправа? Денеска премиерот одржа брифинг со новинарите на кој соопшти дека Народна банка поднела кривични пријави против лица од СДСМ за ширење паника во случајот со АЛТА банка. Кои се деталите, и има ли одговор од обвинителството? Целиот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook