Силвија Гeлевски од „WITCON 2025“ за "AI": „Моментот помина, ние можеме да се радуваме или да негодуваме“: - Канал 5

Силвија Гeлевски од „WITCON 2025“ за "AI": „Моментот помина, ние можеме да се радуваме или да негодуваме“:

Денеска, Телевизија Канал 5 имаше можност да присуствува на конференцијата „WITCON 2025“, чија цел е да претстави што се случува во светот на технологијата и АИ-иновациите, но и колку важна улога во тоа всушност имаат жените.

Силвија Гeлевски од „WITCON 2025“ за "AI": „Моментот помина, ние можеме да се радуваме или да негодуваме“:

Денес, во 2025 година, е мит дека одредени работни позиции се само за мажи, а други само за жени, бидејќи со развојот на технологијата дефинитивно ја урнавме таа бариера меѓу половите. Доказ за тоа беше и конференцијата „WITCON“, која покажа дека и жените имаат еднакво голема и значајна улога во светот на технологијата како и мажите.

Во тој контекст, решивме да поразговараме со Силвија Гелевски – која е директор за стратешки операции во организацијата „Women in Tech Macedonia“, а таа ни посочи која е целта на ваквите настани, но и на самата организација.

- Ние како организација постоиме 15 години и сме вшусност дел од глобална организација „Woman in tech“ која постои во повеќе од 100 држави во светот. Нашата мисија је двојна: едната е да го намалиме родовиот јаз во технологијата, а второто е да помогнеме и да ги поддржиме жените да станат активни креатори и лидери во СТЕМ областите. Ова го правиме преку многу иницијативи како менторски програми, најразлични програми за усовршување, обуки за програмирање, конференции како денешнава, конференции за проектен и продукт менаџмент, за автоматизирано и мануелно тестирање, како и за дизајн. Како бројка до сега имаме над 200.000 посители на нашите настани и што ми е битно да споменам за нашата организација е тоа дека годинава за втор пат добивме „Impact award“ за едукација и тоа докажува дека најверојатно правиме нешто како што треба- кажа Силвија за Канал 5.

Откако и самите видовме колку голема беше гужвата, но и колкава беше заинтересираноста за оваа конференција, ја прашавме Силвија како од нејзина перспектива изгледаше организирањето на еден ваков настан?

- Ова е многу интересно прашање, „WITCON“ настана пред три години, ние секако организиравме два пати месечно настани поврзани со технологија, ама се јави идејата за да организираме еден настан кои може да ги опфати сите трендови на таа година околу технологија. И така го организиравме првиот настан, кој траеше шест часа и имаше неколку стотини гости и говорници од локалната заедница. Видовме огромен интерес па втората година го направивме малко поголем, траеше осум часа и имаше над 450 гости со тоа што третава година забележуваме експоненцијален раст и направивме конференцијава во два дена како што првиот ден беше онлајн, а вториот ден е во живо и имаме близу 1000 учесници и 59 спикери кои што ни доаѓат од различни делови на светот – ни кажа Силвија.

Не треба да се плашиме од вештачката интелигенција

Целата оваа конференција денес е фокусирана на вештачката интелигенција, а поголемиот дел од луѓето што се присутни овде знаат што претставува овој моќен алат во иднината. Но, секако дека мнозинството кое сè уште не знае многу за тоа има одреден страв дека вештачката интелигенција еден ден ќе ги замени – што можеме да им порачаме?

- Слушнавме многу интересни презентации денес, меѓу кои е и легалната регулатива и што по најновите стандарди и прогреси е дозволено, а што не е дозволено да се користи, да се имплементира за вештачката интелигенција. Е сега да се осврнам на прашањето за „страв“. Вештачката интелигенција не е ништо ново, значи таа постои од 1956 година, меѓутоа комерцијално станува многу популаризирана со појавата на „ChatGPT“ пред три години во ноември и тогаш се јавува некој страв кај луѓето. Меѓутоа, од технолошка перспектива се предува дека во наредните пет до десет години со вештачка интелигенција, роботика и нанотехнологија ќе се случат многу повеќе промени во технологија одколку вкупно досега во историја на човештвото, што всушност не е лоша работа. Сега, зависи и перспективата од која се гледат работите, меѓутоа, многу е подобро да ги гледаме работите од аспект дека ќе се подобри нивото и стандардот на животот отколку нели дека „роботите ќе надвладат и дека ќе ја нападнат државата“ или светот. Е сега ако се вратиме малце назад, низ историјата постојат секакви технолошки подеми, а 95-та кога излезе Windows, како оперативен систем, Бил Гејтс ги има најмено Џенифер Анистон и Метју Пери, двајцата глумци од серијата "FRIENDS", бидејќи биле многу познати на јавност и човекот ги најмува нив да демонстрират и да обучат луѓето како да користат оперативен систем, значи 95-та. Сега сме 2025-та и запрашајте се дали во резимето (CV) некој го става „Windows“ оперативен систем како скил, е па сигурно дека не. Нормално е и природно да имаме новитети и светот да оди понатака, не може да стагнира, меѓутоа наше е како ќе направиме адапција на тоа што ни се нуди и како ние ќе го примениме тоа за подобро утре. Видовме денеска на конференцијата и вчера дека обрабутуваме многу интересни теми, наш пријател Миодраг Цекиќ ни покажа како вештачката интелигенција може да се користи за детекција на рак и Паркинсонова болест уште пред да се појават, што е една многу позитивна примена – ни одговори Силвија. Научивме и како да ја користиме во софтверско инженерство. Нашите говорници од водечки фирми ни доближија и како тие ја имплементираат за подобрување на целосни сектори и индустрии и како ние можеме да ги превземеме истите стратегии за поефикасно работење и позиционирање на пазарот. – ни одговори Силвија.

„Моментот помина, ние можеме да се радуваме или да негодуваме“

Илон Маск неодамна на една слична конференција изјави дека во иднина работата ќе биде опционална, односно човек ќе може да избере дали ќе работи, исто како што избира дали ќе купи нешто во маркет или не. Како би можел да се протумачи овој коментар?

- Тоа е перспектива на Илон Маск, за него знаеме дека е контроверзен, така што мислам дека тоа останува на индивидуален став и одлука на секој индивидуалец како ќе се позиционира со ова промена и дали ќе сака да се репозиционира и да го смени мајндсетот и да се подготви за следно утре. Можно е неговата мисла да е насочена кон идејата дека луѓето кои ќе ги купат неговите самоуправувачки возила, па би можеле да ја гледаат иднината на следниот начин: да се одвезат на работа, а потоа автомобилот самостојно да продолжи да превезува други патници и да остварува заработка како такси, додека сопственикот работи нешто друго или, пак, воопшто не работи. Или, како што претходно споменав, можеби мисли на подемот на автоматизацијата и роботиката, каде што заработувачката би можела сè повеќе да се движи кон пасивен приход. Сакам да нагласам дека ова е мое лично мислење. Тој самиот не дава објаснување за оваа констатација. Сепак, сметам дека станува збор за индивидуална одлука.

Моментот помина, ние можеме да се радуваме или да негодуваме, меѓутоа светот е сменет и нема да се врати на назад, можеме само да одиме напред и да се адаптираме или да не се адаптираме- заклучи Силвија Гелевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

Алта банка немала никаква забрана за работа во ЕУ при нејзиниот влез во Македонија, како што лажеа Венко Филипче и СДС.

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

Информацијата која ја лиферуваа Филипче и СДС во јавноста, дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ, е голема невистина.

Што е тука вистината?

Во Адико банка, Алта банка поседува 9,63% од акциите, додека Дипломат пеј купува удел од 9,99% од акциите.

Во август 2024 година, им биле суспендирани гласачките права на двете компании во „Адико банка“. Регулаторот утврдил дека „Алта пеј“ и „Дипломат пеј“ дејствувале заеднички како поврзани лица и заедно стекнале квалификуван удел од 19,62%, без претходно да ги известат надлежните австриски и европски финансиски регулатори, што е законска обврска при надминување на прагот од 10%.

Токму ова е тој документ каде што Алта банка била прекршочно санкционирана.

Во декември 2024 година, „Дипломат пеј“ ги продава своите акции на австриски инвеститор. По ова, во февруари 2025 година, била укината суспензијата на гласачките права за „Алта пеј“, во Адико банка, констатирајќи дека повеќе нема заедничко дејствување меѓу двете фирми.

Токму ова е вистината. Се друго е лага од страна на Венко Филипче и СДС.

Да резимирам, Алта банка немала никаква забрана за работа од ЕЦБ, туку имала прекршочна казна од австриските регулатори, за ненавремено пријавување на купен удел над 10%.

Почитувани граѓани,

Банка којашто би имала забрана за работа од ЕУ, нема можност да влезе во Македонија. Затоа, во Македонија, немало никаква можност да биде забранет влез на Алта банка.

СДС и Филипче се фатени во лага, се што кажаа излезе сосема спротивно. И за мигрантите, и за ИПАРД програмата и за пензиите, и за извештајот на Томас Вајц, лажеа и за водата во Скопје, а сега лажат и за Алта банка.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од „квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови, која се одржува во Охрид од 12 до 14 ноември 2026 година.

Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од „квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови, која се одржува во Охрид од 12 до 14 ноември 2026 година, на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“.

Во обраќањето, претседателот Костадиновски ги сподели своите согледувања за тоа како уставните судови можат да одговорат на демократската ерозија и на притисоците врз нивната независност. Тој нагласи дека институционалните гаранции за независност добиваат вистинска содржина кога судијата има знаење, интегритет и храброст да одлучува според сопственото правно убедување.

Како втор столб на уставното судство ја издвои довербата на граѓаните, која се гради преку отвореност и аргументирани, разбирливи одлуки. Во тој контекст се осврна на практиката на Судот да ја информира јавноста за најзначајните одлуки по секоја седница и на можноста граѓаните да ги следат седниците во живо.

„Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи“, истакна претседателот Костадиновски.

Во освртот на вештачката интелигенција, тој посочи дека технолошкиот развој отвора можности за поефикасна заштита на Уставот и на човековите права. Истовремено, го постави прашањето дали вештачката интелигенција може да ги замени совеста, етиката, моралниот интегритет и независното правно убедување на судијата.

Во продолжение го објавуваме целосното обраќање на претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски

Во името на Уставниот суд на Република Македонија и во мое лично име, ви посакувам срдечно добредојде во Охрид, на Четвртата годишна конференција во рамките на Форумот на Балканските уставни судови.

Во Македонија нема посоодветно место за ваков собир на кој ќе споделуваме знаења и искуства, ќе учиме едни од други. Охрид е град во кој се вкрсутвале цивилизациите, Охрид е град во кој со векови знаењето се пренесувало од генерација на генерација, и токму во Охрид денес ќе разговараме за предизвиците на правната држава и владеењето на правото, но ќе разговараме и за бенефитите и ризиците кои ни ги носи вештачката интелегенција и технологиите што знаењето го пренесуваат за миг.

Не знам која е поправилна квалификација - предизвици или пак криза на правната држава и владеењето на правото? Но она што го знам е дека без разлика која од нив да ја употребиме, резултатот е безмалку ист – тоа значи предизвик или пак криза на демократијата! Современите демократии поставуваат нови и многу покомплексни предизвици. Сведоци сме на ослабена улога на парламентите, сѐ посилни извршни власти, појава на демократски ерозии и авторитарни тенденции, кои иако формално се одвиваат во рамките на демократските институции, суштински ги поткопуваат демократските вредности. Истовремено, уставните судови се соочуваат и со еден сосема поинаков предизвик – да ја бранат својата независност и да се бранат од обвинувањата за прекумерен судски активизам. Овие предизвици се дополнително изразени во државите во транзиција, каде што демократските институции сѐ уште се консолидираат, политичката култура е недоволно развиена, а политичките влијанија врз институциите претставуваат секојдневен предизвик.

Во такви околности улогата на уставното судство добива дополнително на својата важност и одговорност, и клучното прашање е како уставното судство да одговори на овие предизвици. Ми треба многу време да кажам се што мислам, но го немам, и оттука јас ќе се задржам на она што мислам дека е најсуштествено, најфундаментално.

Почитувани,

Прво, и најважно е да ја браниме независноста на судството, бидејќи таа е суштинска гаранција за владеењето на правото. Во уставното судство таа има посебна тежина, бидејќи Судот одлучува за границите на државната власт и за заштитата на темелните уставни вредности.

Второ, подеднакво важно е зголемувањето на довербата во уставното судство. Тоа станува една од најважните задачи на секој уставен суд! Довербата е најважниот капитал за секој уставен суд. За разлика од политичките институции, уставните судови не располагаат ниту со политичка моќ, ниту со механизми на принуда. Нивниот авторитет произлегува исклучиво од квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните.

Во однос на независноста, нема да ги користам старите и добро познати флоскули, во смисла, знаеме кој се начините и можностите со кои политиката кога сака влијае на уставните судови, дали е со избор на подобни судии, неизбор и некомплтирање на составите на Судовите, измени на институционалната, нормативната рамка во која се состои статусната независност, јавни прозивки, разни начини на влијанија, итн. Она на што јас сакам да се задржам покрај институционалните гаранции кои се нужни, се личните својства кај оние што ја остваруваат судиската функција. Формално обезбедената независност и самостојност добива вистинска содржина кога судијата има знаење, интегритет и храброст да одлучува според сопственото правно убедување, ослободен од политички влијанија, лични преференци и интереси, или очекувања за јавна наклонетост. Токму тука се среќаваат институционалната положба на Судот и личната одговорност на уставниот судија.

Јас, по кој знае кој пат, ќе го цитирам мојот драг и голем пријател Кадир Озкаја, претседател на Уставниот суд на Република Туркије: „Вагата на правдата се наоѓа во рацете на судиите. Тоа е најчувствителната вага на светот и за нејзино правилно држење не е доволно само познавањето на правото, туку се потребни совест, морален интегритет, чесност и скромност“.

Во овие негови зборови е содржана една длабока вистина. Правното знаење мора да биде придружено со будна совест и морална цврстина. Од судијата се очекуваат почитување на правото, чесност, скромност и смиреност.

Надменоста и избувливоста ја нарушуваат способноста за правично одмерување. Искреноста и личниот интегритет треба да го направат пример за другите. Совеста, како внатрешна способност да се разликува исправното од погрешното, во ова гледиште е насочена кон вистината и не го оправдува неправилното постапување. Таа е поврзана со независноста и непристрасноста. Разумот, стручноста, етичноста и совеста заедно ја создаваат способноста за правично судење.

Затоа, сметам дека само судии со вакви карактеристики, можат да одговорат на современите предизвици на владеењето на правото.

Вториот столб е довербата, а таа е комплексно прашање кое не зависи само од Уставните судови, туку од многу други фактори и актери. Сепак независноста и довербата се фундаментално поврзани и условени. Довербата е невозможна без транспарентноста и отвореноста, без силни и аргументирани образложенија на одлуките.

Во однос на транспарентноста, нашиот Суд веќе имаше воспоставени стандарди. Но, во однос на отвореноста сметав дека може да се направи значителен исчекор. Затоа, уште во првите два месеци од мојот мандат донесов одлука по секоја седница, лично јас и/или судијата - известител, да ја информираме јавноста за најзначајните одлуки на Судот. Понатаму, јас и уште неколку судии сме често присутни во медиумите. Не со цел судиите да станат celebrities, туку како одговор на реакциите, критиките и манипулациите што неизбежно ги предизвикува еден поодлучен и бескомпромисен Уставен суд. Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи. Да им објасниме на нашите граѓани што конкретната одлука значи за нивните права и слободи, но, истовремено и граѓаните и државните органи да разберат дека Судот одлучува исклучиво врз основа на правни аргументи, а не под влијание на политички, етнички, верски или какви било други преференции. И конечно, охрабрени од резултатите направивме уште еден чекор кој е вистинска реткост во уставното судство глобално. Седниците на Уставниот суд граѓаните можат да ги следат во живо преку нашата веб страна.

Почитувани колеги, драги гости

Речиси и да нема меѓународна конференција за современите предизвици на уставното судство на која не се разговара и за вештачката интелигенција. И тоа не е случајно. Технолошкиот развој го менува пристапот до знаењето, начинот на работа на институциите и очекувањата на граѓаните. Пред уставните судови се отвора прашањето како тие можности да се употребат за поефикасна заштита на Уставот и на човековите права.

Но исто така пред Уставните судови се отвора и прашањето дали вештачката интелигенција може да ги замени својствата кои треба да ги поседуваат уставните судии? Може ли вештачката интелегенција да ги замени, или да ја преземе улогата на особини својствени за човечки суштества, совеста, етиката, разумот, моралниот интегритет и независното правно убедување? Веројатно денес ќе можеме да слушнеме повеќе за ова дилема.

Драги гости,

Форумот на Балканските уставни судови ја потврдува вредноста на непосредниот дијалог. Нашите уставни системи имаат свои особености, но прашањата со кои се соочуваме често ги надминуваат националните граници. Заштитата на независноста, авторитетот на уставносудските одлуки и довербата на граѓаните се заедничка грижа. Регионалната соработка ни овозможува сопственото искуство да го преиспитаме низ искуството на другите и навреме да ги препознаеме предизвиците што се присутни и оние кои доаѓаат.

Ви посакувам плодна работа и пријатен престој во Охрид.

Ви благодарам на вниманието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина ќе се одлучува за крајот на војната Украина - Русија?!

Во Абу Даби завршија преговорите меѓу Русија, Украина и САД – прва ваква дипломатска средба по речиси девет месеци.

Во Кина ќе се одлучува за крајот на војната Украина - Русија?!

Како што се очекуваше, не беше постигнат конечен мировен договор, ниту пак беше запрена војната.

Сепак, започнати се одредени клучни процеси што би можеле целосно да ја прекројат безбедносната карта на Европа, како и самата динамика на војната во Украина.

Вториот ден, разговорите зад затворени врати траеја околу два часа. Како што потврди главниот американски преговарач, Џаред Кушнер, најголемите спорови се воделе околу исклучително чувствителни територијални прашања.

Уште пред почетокот на средбата, Русите – со помош на пратениците на Трамп – промовираа предлог за промена на административните граници, со цел, барем на хартија, да ја остварат својата зацртана цел: заземање на целиот регион Донбас.

Киев категорично ги отфрли ваквите идеи, повторувајќи дека немаат намера да ја повлечат војската зад границите на Доњецката област, која Украина сè уште делумно ја контролира.

Бидејќи не успеаја да постигнат договор за територијата, единствениот конкретен резултат од оваа средба остана големата размена на затвореници.

Според изјавите на руските и украинските претставници, тоа ќе биде најголемата размена од почетокот на војната.

Зеленски и неговото политичко раководство сега се наоѓаат во крајно незавидна ситуација. Официјален Киев строго инсистира на одреден редослед на потези: прво бараат целосен прекин на огнот, потоа јасни безбедносни гаранции, па дури потоа преговори за поширок воено-безбедносен договор.

Истовремено, украинските генерали не се откажуваат од барањето војската да остане оперативна и силна. Бидејќи стана сосема јасно дека западните сојузници сè уште не се подготвени да ја примат Украина во НАТО, Киев излегува со ново барање.

Тие бараат долгорочна финансиска поддршка во траење од најмалку десет години, за да можат да одржуваат војска од неверојатни 800 до 900 илјади војници. Во Киев сметаат дека само толку моќна воена сила би можела ефикасно да ги одврати Русите од нова инвазија.

И самото украинско општество почна да ги менува позициите кога станува збор за војната и мирот.

До неодамна, секое спомнување на компромис со Москва автоматски се прогласуваше за чиста капитулација. Денес, сепак, Украинците сè поотворено предупредуваат во јавноста за опасноста од целосен економски колапс.

Се разбира, порадикалната опозиција и дел од здруженијата продолжуваат остро да ја напаѓаат владата штом некој само ќе ги спомне преговорите со Русите. Поделбата се чувствува и во самата војска.

Од друга страна, Русите пристигнаа во Абу Даби со амбициозен план кој оди многу подалеку од самото решавање на војната во Украина. Москва се стреми кон изградба на целосно нова безбедносна архитектура.

Со цел да ги принуди Киев и Западот на отстапки, Русија намерно ја уништува украинската енергетска мрежа среде зима, ставајќи ги Украинците во уште понеповолна преговарачка позиција.

Особено е интересно како Москва грчевито инсистираше Европа да биде исклучена од преговорите. Имено, Русите сакаат САД да останат единствениот легитимен канал преку кој ќе преговараат за поделбата на сферите на влијание. Европските дипломати во Абу Даби буквално седеа на „резервната клупа“ и учествуваа исклучиво на споредни состаноци.

Понатамошните потези ќе зависат од Москва, при што Европа – веројатно со одредени отстапки што ќе мора да се побараат од Вашингтон – сепак ќе остане само обичен набљудувач.

Во пракса, тоа значи дека Вашингтон и Москва ќе ја кројат картата на Европа и ќе одлучуваат каде ќе биде стационирана војската, додека на европските лидери ќе им остане само да стават потпис. Русите одлично ја согледуваат ранливоста на европската заедница, па затоа намерно ја заобиколуваат Западна Европа и сакаат да ги наметнат своите услови преку директен договор со САД.

Сериозноста на руската позиција – како и степенот до кој светската карта навистина се прекројува – најдобро се илустрира со фактот дека Пекинг официјално потврди оти се водат разговори за историска средба меѓу Доналд Трамп, Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг.

Се очекува овој трилатерален самит да се одржи на маргините на состанокот на лидерите на АПЕК во Шенжен, Кина, на 18 и 19 ноември.

Русите веќе навестија дека, за време на престојот во Кина, Путин и Трамп имаат намера да разговараат за мировен договор за Украина – маса на која не е поканет апсолутно никој од Европа или од Киев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер