СветСилното невреме на Балтикот остави стотици илјади домови без струја (ВИДЕО)Невремето и обилните врнежи од дожд оставија денеска без струја стотици илјади луѓе во Литванија и Летонија.Околу 165.000 домаќинства во Литванија останаа без струја или се погодени од прекинот, соопшти снабдувачот со енергија ЕСО. Зафатена е целата земја, а особено погодени се главниот град Вилнус и околните области, пренесува новинската агенција БНС. Во Летонија без струја останаа 37.000 корисници на мрежниот оператор Sadales Tīkls. @rus.tvnet.lv ❗️Вот такие последствия бури можно наблюдать в Каугури 🌪 Напомним, что через Латвию прошел активный циклон, который особенно сильно задел центральные районы Латвии: Ригу, Юрмалу, Елгаву #буря #латвия #шторм ♬ оригинальный звук - RUS TVNET Силната бура која беснееше низ балтичкиот регион корнеше дрвја, преврте столбови и го оштети покривот на катедралата во Рига. Заменик-градоначалникот на главниот град на Летонија, Едвардс Ратниекс, на социјалните мрежи објави кратко видео на кое се гледа како ветерот дува под дел од покривот на катедралата, предизвикувајќи да се тресе. Помеѓу неделата и понеделникот, Летонија забележа речиси еден и пол пати повеќе од месечниот национален просек на врнежи за јули, објави метеоролошката служба на земјата. Силниот дожд доведе до откажување на летовите на аеродромите во Рига, Вилнус и литванскиот град Каунас. Литванските железници исто така известија за доцнење поради невремето, додека еден човек загинал од паѓање на дрво во градот Григишкес во близина на Вилнус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветВидео: Седум загинати во хеликоптерска несреќа во КенијаСедум лица, меѓу кои и пет државјани на САД, загинаа кога хеликоптер што превезувал туристи на сафари се урнал во оддалечен дел на северна Кенија.Во леталото се наоѓале пилотот и шест патници, објави Си-Би-Ес (CBS). Хеликоптерот „Еурокоптер EC130 B4“ се урнал во 9:13 часот наутро додека летал од резерватот за диви животни „Лоисаба“ кон областа на реката Евасо Нџиро во округот Самбуру, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Кенија. 🇺🇸🇰🇪 Four Americans are among seven people killed in a helicopter crash in Kenya. It went down near Mount Ololokwe in northern Kenya this morning with six passengers and a pilot onboard. Getting to the crash site wasn’t easy either. Rescue teams had to deal with rough terrain… — Mario Nawfal (@MarioNawfal) August 19, 2026 Несреќата се случи на непристапен терен во подножјето на планината Ололокве, а истрагата е во тек. Меѓу загинатите беа Хозе Алберто Суарез, претседател и генерален директор на неколку телевизиски станици на „Телемундо“, како и познат угостител од Мајами. Hoy, miércoles 19 de agosto, alrededor de las 9:13, un helicóptero turístico Eurocopter EC130 B4 con matrícula 5Y-GYM, operado por "Lady Lori Kenya" en un vuelo charter de safari panorámico, se estrelló e incendió al pie del monte Ololokwe cerca de Kirish, en el condado de… pic.twitter.com/zQAPMCvHSv — Anxious Vids🔥 (@Anxiousvids) August 19, 2026 Во несреќата загинаа и шефот на разузнавачката служба на Еквадор, Микеле Сенси-Контуџи, и неговата сопруга.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПрезимето Модриќ повторно во Реал: Ема тргна по стапките на својот таткоЌерката на најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ, Ема ќе игра за Реал Мадрид.Презимето Модриќ повторно ќе биде присутно во Реал Мадрид. Овој пат не преку Лука, туку преку неговата 13-годишна ќерка Ема, која ќе го продолжи својот фудбалски развој во женската академија на мадридскиот гигант. Ема пристигнува во Мадрид од Милано, каде што претходно постигна забележителен успех. Со својот тим таа ја освои титулата шампион на Италија во категоријата до 13 години, а до трофејот стигна по победата над градскиот ривал Интер во финалето на женскиот Куп „Гарино“, одиграно во април. Иако Лука Модриќ минатата година стави крај на една долга ера во Реал, семејната поврзаност со клубот сега добива ново продолжение. Хрватскиот играч за врска помина 13 години на „Сантијаго Бернабеу“, од 2012 до 2025 година, и во тој период стана еден од најтрофејните играчи во историјата на клубот. Со Реал Мадрид, Модриќ освои дури 28 трофеи, вклучувајќи шест титули во Лигата на шампионите и четири титули во шпанското првенство. Тој одигра 597 натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи 43 гола и запишувајќи 95 асистенции. Посебно место во неговата кариера зазема 2018 година, кога ја освои „Златната топка“ и ја прекина долгогодишната доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во изборот за најдобар фудбалер во светот. Додека Лука ја продолжува кариерата во Италија, каде што го продолжи договорот со Милан, неговата ќерка ќе ги направи своите нови фудбалски чекори во Мадрид. Така, Ема ќе се обиде да изгради сопствен спортски пат, но првиот голем чекор ќе го направи во клубот во кој нејзиниот татко остави длабока трага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКатастрофа во рудник за злато: Најмалку 100 загинати по уривање во Централноафриканската Република Најмалку 100 луѓе загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република.Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти. Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во вторникот, пренесува „Фигаро“. Рудникот „Замбоје“ се наоѓа на околу 50 километри од градот Бабу, каде што биле пренесени голем број од повредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19