3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
БалканСилно невреме во Хрватска: Однесени покриви, дрвја, далноводи, превртени камиони Областа околу местото Чазма во Хрватска денеска било опустошена од силно невреме, по што илјадници домаќинства останаа без електрична енергија, е предизвикана е и голема материјална штета.Потпретседателот на хрватската влада, Томо Медвед, министерот за просторно планирање Иван Паладина и министерката за земјоделство Марија Вучковиќ ќе ја посетат Чазма, откако областа денеска беше опустошена од силно невреме. Како што потврдиле од Владата, во Чазма ќе го посетат подрачјето кое настрадало во силното невреме. Силниот ветер однел покриви, корнел дрвја и превртел камиони, а според првичните информации, причинета е голема материјална штета на покривите на семејните куќи и деловните објекти, возила и на основното училиште. Делови од градот останале без струја поради паднати далноводи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска трескаНа Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика. Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд. Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик. На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе. Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдено е: Си на средба со Трамп Кина потврди дека претседателот Си Џинпинг ќе оствари државна посета на Соединетите Држави, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Кинескиот лидер ќе престојува во САД од 23 до 25 септември, на покана на американскиот претседател Доналд Трамп. Првиот човек на САД, Трамп го покани Си во Белата куќа на 24 септември, за време на неговата посета на Пекинг во средината на мај. Оваа посета ќе биде прва посета на Си Џинпинг на САД од 2023 година, кога тој отпатува во Калифорнија за состанокот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка (APEC) и се сретна со тогашниот американски претседател Џо Бајден.Тагови: Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook