3Одржана ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите: Динамо и Звезда ги дознаа потенцијалните противници
МакедонијаСИЛНО НЕВРЕМЕ НАД БАЛКАНОТ: Обилни врнежи и бура го зафатија регионотУтрото нè дочека со дожд, а заедно со дождот следуваше и огромна гужва во сообраќајот. А еве што сè нè очекува во наредните три дена. На радарот може да се забележи како облак од Албанија се приближува кон Македонија, носејќи силно невреме.Силно невреме со обилни врнежи и локално невреме со грмежи и силен ветер денес го зафати Балканскиот полуостров. Според метеоролошките модели, најинтензивни врнежи се очекуваат во Албанија, западните делови на Македонија, Црна Гора и делови од северна Грција и Корфу, каде картата покажува највисоко ниво на врнежи обележани со црвена и виолетова зона. Скопје и западниот регион на земјата се наоѓаат под зона на силни и проливни дождови, кои може да предизвикаат локални поплави и проблеми во сообраќајот. Средни врнежи се бележат и во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска и делови од Италија. Можеби ќе ве интересира: Свлечиште уништи куќи, луѓе на покриви чекаат евакуација- силно невреме во Италија (ВИДЕО) Метеоролозите најавуваат дека невремето ќе продолжи и во наредните часови, со можност за појава на краткотрајни но интензивни врнежи и силни налети на ветер. На граѓаните им се препорачува внимателност и избегнување на движење во поплавени подрачја. Ситуацијата ќе биде внимателно следена и според развојот на прогнозите ќе бидат издадени дополнителни предупредувања. УХМР предупредување Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, предупредува УХМР. Еве какво време не очекува во наредните три дена Прогноза за 20.11.2025 Минимална температура: 5°C до 10°C Максимална температура: 14°C до 20°C Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Прогноза за 21.11.2025 Минимална температура: 5°C до 11°C Максимална температура: 13°C до 20°C Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Прогноза за 22.11.2025 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 12°C до 19°C Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Тагови: временска прогноза дожд невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелскиот министер Кац во судир со воениот врв Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го разреши командантот на Централната команда на Израелските одбранбени сили (ИДФ), генералот Ави Балут.Промената уследи по спорот предизвикан од одлуката на тој офицер да изрече административна мерка против израелски доселеник осомничен за напади врз Палестинци, пишува денеска израелскиот весник „Марив“, повикувајќи се на извори кои ја оцениле одлуката како политички мотивирана, бидејќи Балут наводно не ја спровел политиката на Кац. Весникот наведува дека конфликтот меѓу военото раководство и министерот за одбрана бил предизвикан од одлуката на Балут – кој е надлежен за окупираниот Западен Брег – да спроведе административна мерка против доселеници обвинети за насилство врз Палестинци. Кац ја објави одлуката за замена на Балут во телевизиска емисија на „Канал 14“, наведувајќи дека на негово место ќе биде назначен Дадо Бар Калифа. Според весникот „Марив“, овој потег предизвикал незадоволство во израелската армија, каде што дел од офицерите сметаат дека одлуката е политички мотивирана. Началникoт на Генералштабот на ИДФ, генерал Ејал Замир, изјави дека одлуката на Кац не е во согласност со неговите планови и дека тој нема намера да врши промени на командантите на клучни позиции во овој период. „Марив“, повикувајќи се на воени извори, наведува дека ниту Балут, ниту неговиот наследник не биле однапред информирани за одлуката на министерот, туку за неа дознале дури по јавното соопштување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКоло Муани во Јувентус Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус објави дека постигнал договор за ангажман на францускиот напаѓач Рандал Коло Муани (27) од ПСЖ. Тој потпиша договор со важност до летото 2031 година. Обесштетувањето изнесува 38 милиони евра. Со тоа, Коло Муани се враќа во клубот каде што помина половина сезона како позајмен играч во текот на пролетта 2025 година. Во тој период, тој постигна 10 гола на 22 натпревари за Јувентус. Претходната сезона ја мина на позајмица од ПСЖ во англискиот клуб Тотенхем.Тагови: Јувентус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ФудбалВелс прв официјално ја повлече поддршката за Инфантино Фудбалскиот сојуз на Велс стана првиот сојуз што официјално ја повлече својата поддршка за реизборот на Џани Инфантино за претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за мандатот до 2027 година.Се известува дека Велс испратил писмо до ФИФА во кое се наведува дека ја изгубиле довербата во Инфантино и неговото раководство по обидот за продажба на натпреварувањето што се одвива под покровителство на ФИФА. „Неодамнешните неуспеси во областите на доброто управување, лидерството, вредностите, односите со засегнатите страни, комуникацијата и разумното одлучување нè доведоа до ситуација во која Инфантино ја изгуби довербата на Фудбалскиот сојуз на Велс за да остане на чело на светскиот фудбал“, се наведува во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс. Се нагласува дека тоа што интересите на фудбалот не се ставени на прво место претставува пропуст што не може да се прифати. „Скај“ наведува дека соопштението на Фудбалскиот сојуз на Велс е дел од координирани активности на Европската фудбалска унија (УЕФА), која претходно побара одговорност поради обидот за продажба на Светското првенство. Во саботата, УЕФА упати критики за „тајните планови што се спроведуваат со забрзано темпо, осмислени од анонимни поединци и чија корист за самиот спорт е сомнителна“, и најави дека работи на план „за да се осигури дека вакво нешто нема да се повтори“, при што не исклучи ниту една опција. Се очекува и други фудбалски сојузи да го следат примерот на Велс и да го засилат притисокот врз Инфантино да се повлече, без потреба од иницирање гласање за недоверба. Инфантино, кој е на чело на ФИФА во изминатите 10 години и планира повторно да се кандидира, добил повеќе од 200 писма за поддршка од членките на ФИФА – вклучително и од 52 од вкупно 55-те што ја сочинуваат УЕФА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook