Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
БалканСилна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица.Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина. Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани. - Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани. Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“. Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец. Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на косовскиот север, населен со мнозинско српско население. Во Звечан бомби беа фрлени врз полициската станица и во дворот на општината. По овие два напади, косовската полиција вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки на ниво на државата. Полиција на Косово: Експлозијата во каналот Ибар-Лепенец е терористички чин Косовската полиција во соопштение по нападот на водниот канал „Ибар-Лепенец“ кај Зубин Поток во северно Косово, соопшти дека е нападната критичната инфраструктура на земјата, а од увидот на стручни тимови на местото на настанот е заклучено дека експлозијата била намерна, што го прави овој напад терористички и криминален чин, јави дописникот на МИА од Приштина. Полицијата соопшти дека нејзини експертски тимови веднаш излегле на местото на настанот и за случајот ги известиле сите надлежни институции, итната помош, Водоводот, претпријатието Ибар-Лепенец и Косовската енергетска корпорација. „Од страна на косовската полиција и надлежните институции се преземени неопходните безбедносни мерки за запирање на протокот на вода, како и можноста за санација на водниот канал. Истовремено, единицата за справување со експлозивни материјали, врши интензивни увиди и испитувања на местото на настанот, од каде е констатирано дека експлозијата/детонацијата била намерен напад, извршено терористичко кривично дело од осомничено лице, односно лица“, се вели во полициското соопштение. Во тек е координацијата на акциите на терен од страна на институциите на Косово, а во врска со случајот се известени и меѓународните безбедносни институции. „Косовската полиција ги засили безбедносните мерки на чувствителните локации и ќе продолжи интензивно да работи на расветлување и расветлување на случајот за кој од првичните истраги постои сомнение врз основа на тоа дека нападот бил намерен и извршен со експлозив од поединец или криминална група, причинувајќи голема материјална штета“, се наведува во соопштението. „Косовската полиција ќе ги искористи сите вештини и помош од меѓународната заедница за да ги истражи доказите и да ги пронајде одговорните за штетите на водоснабдувањето на земјата, снабдувањето со електрани и Зубин Поток, што може да им наштети на граѓаните. Заедно ќе се обидеме да ги најдеме одговорните за овој случај и за другите напади врз полициската станица во Звечан и зградата на општината“, соопштија од полицијата. Вчера во доцните часови се случи силна експлозија, која го оштети каналот Ибар-Лепенец во Зубин-Поток. Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека го прекинало водоснабдувањето. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на север. Во Звечан, една од општините со мнозинско српско население во северно Косово, беа фрлени рачни бомб, во вторникот врз полициската станица, а во четвртокот вечерта и во дворот на општината. По ова, полицијата на Косово во петокот соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки низ државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанокПолскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“. Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите. Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран. „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X). Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет. Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански. Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата. #BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn — People's Eye (@eye_peoples) October 30, 2026 Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37