БалканСилна експлозија пред зграда во Солун Две лица, кои случајно се нашле во близина, се полесно повредени од експлозијата на бомба поставена пред станбена зграда во источното предградие во Солун, во која според грчките медиуми живее затворски службеник. Две лица, кои случајно се нашле во близина, се полесно повредени од експлозијата на бомба поставена пред станбена зграда во источното предградие во Солун, во која според грчките медиуми живее затворски службеник, јави дописничката на МИА од Атина. Експлозијата се случила кусо по 2 часот, а била толку силна што ја слушнале и на оддалеченост од еден километар. Според државната телевизија ЕРТ, во моментот на експлозијата, девојче и момче минувале покрај зградата, враќајќи се од матурска забава и полесно се повредени од стаклото од скршените прозорци. Истрагата за бомбата, што како што пишуваат медиумите во Грција, содржела најмалку три килограми експлозивен материјал, ја презела Дирекцијата организиран криминал. Експлозивниот механизам, наводно бил поставен во ископана дупка кај лифтот, токму под станот на затворскиот службеник. Предизвикана е материјална штета на влезот на зградата, се скршиле прозорците од становите, како и на автомобилите паркирани во близина, но и на продавници што се во околината. Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. „Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“ На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на МакедонијаПо повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава. Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех. Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска. Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија. Честит 8-ми Септември! Честити 35 години независна Македонија! Движење ЗНАМ за наша МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаУтрово Охрид го стресе земјотрес од 3,9 степени Утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 05 часот и 40 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9. Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112 Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12