Силјановска прв пат стави вето: Не го потпиша указот за двојазични лиценци во градинките

Одребите од Законот за заштита на деца кои се однесуваат на воведувањето на двојазичните лиценци се спорни и истите треба да се пресипитаат низ призма на амандамнот 5 од Уставот и актуелната регулатива за употреба на јазиците. 

Ова го наведува претседателката Сиљановска Давкова во образложението напишано на две страни за одлуката да не го потпише указот за законот, до кое дојде Канал 5. Во него Сиљановска упатува на преиспитување на спорните одреби од членовите 9 и 10 од законот во кои се наведува дека лиценците за работа се издаваат на македонски и на јазикот кои го говораат 20 проценти од граѓаните на државата, како и на ставот кој се однесува на полагањето на првиот дел од испитот електронски наместо во хартиена форма на македонски јазик и на јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните – односно албански.

- Потсетувам дека начинот на употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со закон. Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите и ќе креира јасни, прецизни и недосмислени решенија во согласност со Уставот, наведува претседателката во образложението доставено до Парламентот.

Неставањето потпис на указот од страна на претседателката Сиљановска го поздравија од СДСМ од каде побараа Власта целосно да се откаже од измените на Законот за заштита на деца поради спорните одредби. Опозицијата во повеќе наврати реагираше токму за одредбите кои во образложенеито ги спори и Сиљановска посочувајќи дека со нив се крши унитарноста на државата и дека истите се воведуваат врз основа на неуставен Закон за двојазичност. Според СДСМ спорна е и процедурата при донесувањето на законските измени. Обвинуваат за прекршување на Деловникот од страна на собранискиот спикер поради тоа што наместо во надлежната собраниска Комисија за социјална политика, измените биле протуркани преку Комисијата за енергетика.

Од Владата за Канал 5 најавија дека Законот за заштита на децата ќе биде доработен и дека истиот повторно ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури, но немаат коментар за одлуката на Сиљановска да стави вето – прв пат по нејзиното доаѓање на функцијата.

Фото: Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека

Сексапилната фудбалерка се соблече во провокативна долна облека, што предизвика хаос на Инстаграм.

Алиша Леман е една од најсексапилните фудбалерки во светот, па решила да заработи од тоа.

Таа ги воодушеви своите фанови објавувајќи провокативни фотографии на социјалните мрежи.

Сексапилната Леман на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во долна облека, откако потпиша договор со популарна модна марка.

Видео: Џенифер Лопез и во педесеттите изгледа совршено!!

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез, иако има 54 години, и понатаму изгледа неверојатно младо, атрактивно и убаво.

Многумина се убедени дека тајната на нејзината младост се скапите третмани и производи кои многумина не можат да си ги дозволат. Пејачката тврди дека тајната е во нејзиниот животен стил и одредени навики кои ги следи уште од дваесеттите години, како и дека важна улога имала генетиката.

- Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа – открила таа.

Добро е познато дека популарната Џеј Ло редовно вежба и внимава на исхраната. Таа не легнува без темелно да го исчисти лицето, а потоа нанесува ноќна крема. По вежбањето секогаш темелно го чисти лицето, бидејќи не го поднесува чувството дека лицето не и е чисто.

Жешката Џеј Ло не конзумира алкохол и цигари, а убедена е дека квалитетниот и редовен сон и прави чуда, па затоа редовно спие најмалку осум часа.

Кошаркарките на Вардар го освоија Купот на Македонија

Кошаркарките на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако во финалето против Баскет Кам триумфираа со 69:55 (36:23). 

За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.

Селцова натпреварот го заврши со 25 поени, осум скока и две асистенции, додека Тасевска уфрли 22 поени, додавајќи девет скока и една систенција кај победниците. Кметовска реализираше 24 поени за Баскет Кам.

За најкорисна кошаркарка на финалниот натпревар е прогласена Елена Тасевска од ЖКК Вардар.

притисни ентер