МакедонијаСиљановска-Давкова: Законот за помилување е нефункционален, а измените на Кривичниот закон треба да се усвојат час поскоро-Законот за помилување, како што изгледа сега, поради многу укинати одредби, веќе не личи на логичен законски текст. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова предупреди дека актуелниот Закон за помилување е нефункционален и треба да се реформира, а истовремено ги охрабри измените на Кривичниот закон, нагласувајќи дека тие се клучни за борбата против корупцијата и криминалот. -Законот за помилување, како што изгледа сега, поради многу укинати одредби, веќе не личи на логичен законски текст. Секаде во светот постои можност за помилување – самиот збор покажува дека понекогаш човек треба да се апстрахира од казната и да го вреднува процесот на престој во затворите, да го стимулира излегувањето од тој свет и можноста за поинакво однесување. Треба да има можност за помилување кое ќе опфаќа подолг временски период, а Комисијата за помилување да има обврска да доаѓа во затворите и да разговара со луѓето кои поднеле барања. Исто така, да може за определени датуми да се посетуваат затворите, изјави Сиљановска-Давкова при денешната посета на КПУ Идризово. Таа додаде дека е неопходно да се создаде систем кој ќе дава надеж на затворениците и ќе го стимулира нивниот ангажман за ресоцијализација. -Мора да им дадеме надеж на овие луѓе дека нивната решеност, нивниот ангажман да станат подобри луѓе, треба да се вреднува и да се награди, рече таа. Во однос на измените на Кривичниот закон и поострите казни за злоупотреба на службена положба, претседателката порача рече дека ги охрабрува реформите. -Ги охрабрувам реформите, бидејќи тоа е многу важна измена во рамките на судските реформи и мислам дека треба да се усвојат час поскоро. Исто така, укажувам и на опасноста – или реалното предупредување од Уставниот суд, дека ако ова не се случи до крајот на месецот, тие може да посегнат по други мерки, рече таа. Дополни дека ги охрабрува не само измените на Кривичниот закон, туку и сите закони што се однесуваат на правосудството. -Ги охрабрувам не само измените на Кривичниот закон, туку и сите закони што се однесуваат на правосудството да се донесат, бидејќи можеби првпат имаме случај еден пакет закони да се најде пред Венецијанската комисија и да го помине строгиот филтер. Во оваа сфера не се работи за хармонизација, бидејќи нема европско право, но таа е клучна за борбата против најголемото зло – корупцијата и криминалот, рече претседателката Сиљановска - Давкова.Тагови: Сиљановска – Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаГаши од Рим: Силни институции за доследна примена на правилатаАфрим Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“.На конференцијата на претседатели на парламенти и на генерални секретари на земјите членки на Советот на Европа, која на 15 и 16 октомври 2026 година се одржува во Рим, претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши се обрати на тема „Обновување на меѓународниот поредок заснован на правила: улогата на парламентите во справувањето и одговарањето на современите кризи“. Во својот говор пред колегите, претседателот Гаши нагласи дека во услови на зголемена неизвесност и сложени геополитички, безбедносни и економски предизвици, меѓународното право претставува клучен предуслов за зачувување на мирот и стабилноста, заштита на суверенитетот и правата на државите и воспоставување јасни правила во меѓународните односи. Притоа, ја истакна потребата од силни институции што ќе обезбедат доследна примена на овие правила, посочувајќи ја улогата на парламентите во демократскиот надзор, легитимирањето на меѓународните обврски и поттикнувањето на дијалогот и соработката. Осврнувајќи се на улогата на Советот на Европа, тој го истакна придонесот на Организацијата во унапредувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Нагласи и дека парламентарната дипломатија е важен инструмент за зајакнување на меѓусебната доверба, продлабочување на меѓупарламентарниот дијалог и развивање долгорочни партнерства засновани на соработка и почитување. Во контекст на современите предизвици, претстедателот Гаши ја потенцираше важноста и на регионалната соработка и координираните активности за зајакнување на колективната отпорност и справување со заедничките безбедносни, економски и социјални предизвици. На крајот заклучи дека преку отворен дијалог, размена на искуства и меѓусебна поддршка, парламентите можат да придонесат кон траен мир, стабилност и одржлив развој, во интерес на граѓаните.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во БугаријаСлучајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Случајот со бегството на Ива Михаилова ќе биде презентиран и пред меѓународните партнери во НАТО, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се следните чекори на државата по бегството на Михаилова во Бугарија. Запрашан како го коментира негирањето на бугарското Министерство за надворешни работи дека бугарските власти учествувале во изнесувањето на Михаилова од Македонија, Мицкоски одговори со контрапрашање. „А, што очекувате, да кажат дека учествувале во такво нешто?“ Дел од тие докази коишто ќе ги имаме во истрагата прво ќе ги презентираме прво пред нашите меѓународни партнери во НАТО, за да покажеме како партнерски земји во НАТО се однесуваат. Овој упад којшто е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши. Вака едноставно нема да заврши. Но, ние исто така нема да дозволиме, да бидеме жртва на емотивни реакции. Ние ќе продолжиме со она што е нас интерес, а тоа е процесот на евроинтеграција и нема да ги напуштиме преговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски уште еднаш испрати порака дека случајот со бегството на Михаилова ќе добие правна завршница, и ги отфрла обвинувањата од опозцијата за договор со бугарските власти за нејзиното пуштање. „Со одговорот на бугарските власти најпрво паднаа во вода координираните напади што доаѓаа оттаму и од нашата опозиција дека нешто било договорено. Имаме потерница и очекуваме родителот на Ива, кој е осуден, да биде вратен, а Ива да дојде и да ја докажува невиноста пред судовите во Македонија“, изјави Мицкоски. Мицкоски рече и дека истрагата околу бегството на Михаилова на 11 октормври е во тек, но не сакаше да открива повеќе детали од истата. Веќе на 12 септември беше распишана потерница за неа, но бугарското МВР преку соопштение навести дека нема наемра ниту да ја приведен, ниту да ја екстрадира, повијувајќи се на уставот на Бугарија. По првичните изјави што ги даде по доаѓањето во Софија, Михаилова не се појави веќе во јавноста, а нема информации ниту каква дијагноза и утврдиле лекарите во Пирогов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter