3СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!
МакедонијаСиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидливаСо видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално беше одбележан претстојниот почеток на новата година. Додека децата на македонските мировници во странство ги примаа своите новогодишни пакетчиња, државниот и воениот врв упати пораки на благодарност до припадниците на Армијата во Косово, Босна, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија. Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, им посака успешна работа на мировниците во странство. - Се чини дека никогаш на светот, мирот не му бил потребен повеќе, а вредноста на нашите мировници и македонската Aрмија никогаш не била повидлива. Ви посакувам успешно да продолжите гордо да ја претставувате Армијата, затоа што имате што да претставите, рече таа. Министерот за одбрана Владо Мисајловски додаде дека ова средба има особена тежина и значење бидејќи, како што рече, „нѐ обединува како семејство“. - Како денеска сме физички оддалечени, оваа средба има особена тежина и значење бидејќи нѐ обединува како семејство. Ви благодарам за вашата служба во името на мирот, безбедноста и сигурноста на секој еден од нас, нагласи министерот. Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски е уверен дека секој од мировниците ја извршува задачата крајно професионално и се заблагодари на поддршката од претседателката Сиљаноска-Давкова и Министерството за одбрана. - Уверен сум дека ја извршувате вашата задача крајно професионално и стојам зад секој од вас. Со вашата енергија давате посебна суштина. Знам дека некои од континентите веќе се подготвуваат да се вратат и верувам дека на самиот праг на старата година ќе имаат можност да се спојат со нивните најблиски, порача тој. Контингентите од мисиите, исто така, во добро здравје упатија честитки и пораки за новата година. Традиционално, и оваа година, дечињата го пречекаа Дедо Мраз со хеликоптер, на тренинг центарот за пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРегистриран силен земјотрес во ИндонезијаЗемјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Сумбава во Индонезија, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ).Земјотресот се случил во саботата во 22:55 часот по Гринич, со епицентар на длабочина од 10 километри. Според прелиминарните податоци од „GFZ“, епицентарот е регистриран на 9,69 степени јужна географска ширина и 118,93 степени источна географска должина. Засега нема информации за можни жртви или материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓанитеВо изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните. Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места. Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле. Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини. Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези. Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот. Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј. Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот. Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема. Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко. Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни. Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“. Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари. Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција. Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ. Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра. Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра. Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување. Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери. Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа. Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери. Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите. СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05