Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
2Мицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик
3Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.
МакедонијаСиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцетоДенот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје. Белиот стап, нагласи Сиљановска-Давкова, ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска дека 4 илјади наши сограѓани заслужуваат наши конкретни чекори. -Затоа денешниот ден не е само одбележување, тој не потсетува дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето. Тој е повик до сите да ги отвориме очите и го видиме светот со емпатија. Да не заборавиме белиот стап симболизира достоинствен животен пат, но и обврска да создадеме градови што се пристапни и хумани, порача Сиљановска Давкова. Посакувам, порача Сиљановска-Давкова, сите да подаваме раце кога е потребно, да бидеме глас на оние што не се слушаат доволно, да бидеме светлина и да дадеме почит на сите оние кои со оштетен вид секојдневно ни покажуваат дека животот не се мери со она што го гледаме, туку со она што го чувствуваме. Директорката на училиштето Александра Јаковчевска, порача дека училиштето и ресурсниот центар „Димитар Влахов“ повеќе од седум децении е срцето на образованието на лицата со оштетен вид и симбол на независност и еднаквост. - Белиот стап не е само помагало, туку инструмент што секое дете го учи на независност. Потребно ни е општество кое верува дека инклузијата не е процес, туку став. Нашата заедничка цел е едноставна, но суштинска, да живееме во земја каде Белиот стап не е симбол на немоќ, туку симбол на сила, порача Јаковчевска. Образованието и раната рехабилитација на лицата со оштетен вид, нагласи Јаковчевска, е многу важна и според истражувањата значи и до 50 проценти поголема независност во секојдневниот живот за лицата со оштетен вид. Славењето на 15 октомври како Меѓународен ден на белиот стап службено започнало во 1964 година. Истиот ден се одбележува и во нашата земја. Имено, белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1981 година како би им го олеснил движењето на слепите лица меѓу автомобилите. Националниот сојуз на слепите на Република Македонија формиран во далечната 1946 година, речиси 7 децении дејствува како национална, инвалидска, непартиска, непрофтина хуманитарна организација од особено општествено значење. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд четврток нема да се примаат деца во градинка без примена вакцина против морбили? „Ако нема примено МРП вакцина од четврток вашето дете нема да биде примено во градинка“. Ваков телефонски позив од воспитувачки утрово добиле дел од родителите чии деца ја посетуваат градинката „8-ми март“ во Кисела вода, кои се обратија до Канал 5, но сакаа да останат анонимни. Велат дека ја одложиле вакцинацијата по насока на медицинска препорака, и иако имаат намера да ги имунизираат своите деца, сепак реагираа за ваквата забрана поради тоа што ефективна мерка за вакво нешто не постои. Канал 5 стапи во контакт со Директорката на градинката, таа во телефонска изјава тврди дека вакво нешто не се случувало, и дека сите деца ќе бидат примани во градинка, иако препораките за законската обрска ќе ја продолжат, но само како укажување. Во меѓувреме и родители од Ѓорче Петров се обратија до редакцијата посочувајќи дека добиле соопштение на вибер во кое стои дека како установа имаат препораки што мораат да ги почитуваат без да биде прецизно јасно што стои во нив, но на врата кога денеска ги оставиле децата во градинка им кажале дека од четврток нема да бидат примени внатре ако немаат МРП. Од општината Ѓорче Петров демантираа дека во градинките се спроведуваат било какви забрани, а потврдија дека во дописот на ИЈЗ пратен до нив има само препораки за проверка на вакционалниот статус и протокол за постапување со дете кои за време на престојот ќе јави симптоми, но нема никакви забрани за прием на деца. Во протоколите на ИЈЗ стои дека треба се изврши проверка на вакциналниот статус на сите деца и вработени во установата, со посебен акцент на примени дози МРП вакцина, а родителите на децата со пропуштени дози да се известат и упатат до надлежниот вакцинален пункт за проверка и дополнување на вакцинацијата согласно Календарот за имунизација. Во Македонија нема епидемија на морбили, засега има потврдено 5 случаи, еден возрасен странец од Косово и четири дечиња, три бебиња до една година а едно е на година ипол. За време на викендот се тестирале два сомнителни случаи кои се негативни, потврдија од ИЈЗ за Канал 5. Министерот за здравство Сашо Клековски во последните изјави кажа дека засаега нема услови за прогласување на епидемија, и посочи дека нема да се применуваат присилни мерки за имунизација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонскиот јазик е „лингва франка“, практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазикДелот од правосудниот испит во кој се симулира судски процес, ќе се полага само на македонски јазик, потенцираше премиерот Христијан Мицкоски. Тој појасни дека понуденото предлог решение за правосудниот испит не значи овозможување за негово целосно полагање на албански јазик, туку можност теоретскиот дел да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, но не и практичниот. „Нема да има решение со кое ќе се полага испитот на албански јазик. Студентите ќе можат оној дел којшто е поврзан со нивните додипломски студии на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици на албански, турски и англиски да го полагаат на тој јазик на кој го дооформиле своето високо образование. Оној дел од правосудсниот испит што се симулира судски процес, дел од кривична постапка и дел од граѓанска постапка ќе биде на македонски и со тоа уште еднаш се потврдува дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва тоа е македонскот јазик, бидејќи тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со друго право или политиканства коишто се поврзани со тоа“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада . Прашањето околу полагањето на правосудниот испит повторно се отвори во јавноста откако лидерот на владината колаициска партија ЗНАМ Максим Димитриевски се закани со можно напуштање на Владата ако се дозволи правосуден испит на албански јазик и најави дека од премиерот Мицкоски ќе побарал свикување лидерска средба на колициско ниво за утврдување на таканарачени црвени линии по ова прашање. Ваквата изјава на Димитриевски пак наиде на остри реакции кај дел од политичарите од албанскиот политички блок од каде меѓудругото го обвинуваат и за шовинизам. Инаку во предлог решението кое министерот за правда Јетотн Шасивари пред три недели го презентираше пред студентите Албанции, се нуди теоретскиот дел од правосудниот испит, кој опфаќа 12 предмети, да се полага на албански јазик, а практичниот дел, составен од два испита, на македонски. За ваквиот предлог закон ќе се бара мислење и од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Студентите по средбата со Шасивари изразија незадоволство поради како што рекоа делумното решение и не ја исклучија можноста повторно да излезат на улица доколку нивното барање не биде исплнето во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.Во Основниот суд во Кочани се одржа првото рочиште во судскиот процес против Ива Михаилова, по нејзиното бегство во Бугарија. Таа е обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани, а по бегството, судот по предлог на обвинителство донесе решение да и се суди во отсуство и по неа да се распише потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски. Михајло, Ива Михаилова преку тамошните медиуми порача дека нема намера да се враќа во земјава и побара да учествува на судењето преку видео-врска, но судот го одби барањето. Кое е образложението? Михаилова не планира да се враќа, побара да ја учествува на судењето он-лајн од Бугарија, што е одбиено од судот. -Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка против неа. Законот за кривична постапка предвидува такви ситуации во случај кога треба да се испитаат сведоци или вештаци а не и обвинети лица, образложи судијата Спиро Борисов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook