МакедонијаСиљановска-Давкова учествува на самитот на европската политичка заедница во ЕрменијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Ереван оствари средба со претседателот на Република Еременија, Вахан Хачатурјан, на којашто обајцата изразија подготвеност за продлабочување на пријателските односи и унапредување на соработката.Од кабинетот на претседателката велат дека ерменскиот претседател се заблагодарил за посетата и учеството на Сиљановска-Давкова на осмиот самит на европската политичка заедница. „Сиљановска-Давкова се заблагодари за гостопримството и организацијата на самитот, оценувајќи дека европската политичка заедница постепено се афирмира како значајна платформа за европско единство, дијалог и координација во соочувањето со заедничките предизвици. претседателите се согласија дека визните олеснувања и директните авионски врски би придонеле за унапредување на економската соработка и трговската размена во иднина, коишто се на ниско ниво.“- стои во соопштението од вила ВодноТагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возилоСите возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници, а еден и бил и под дејство на алкохол. По две лица во Скопје и Прилеп и по едно лице во Кочани, Гевгелија, Кратово, Македонски Брод (малолетник) и Кривогаштани (малолетник) возеле без дозвола. Лицето во Кратово претходно учествувало во сообраќајна незгода, како и едно од лицата во Прилеп, кое воедно било и под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: возачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија12 лица лишени од слобода во Гевгелија, Охрид и Скопје затоа што кај нив била пронајдена дрогаВо текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 12 лица кај кои била пронајдена дрога.На 12.06.2026 во 21:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода С.К.(21), К.П.(20) и А.С.(21), сите од Гевгелија. Тие биле затекнати како во патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки употребуваат марихуана, а кога им пристапиле полициските службеници се обиделе да побегнат и до возилото фрлиле марихуана, која е пронајдена и одземена. Остатоци од марихуана се пронајдени и при преглед на возилото. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Ноќеска (13.06.2026) во 00:30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Т.М.(52) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.М., била пронајдена марихуана. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. На 12.06.2026 во 19:55 часот на бул.,,Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода С.П.(45) од Охрид. При преглед на патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. На 12/13.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.Д.(40), Ч.И.(36), Д.К.(30), Д.Б.(19), Б.Х.(20) и 17-годишник, сите од Скопје, како и А.Н.(22) од с.Желино, тетовско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрадиција и раскош: Велика Британија го слави роденденот на кралот Чарлс со воен спектаклВелика Британија денес го одбележува роденденот на кралот Чарлс со традиционалната воена церемонија „Trooping the Colour“, еден од најважните настани во кралскиот календар, објави „GB News“.Овогодинешната парада ќе биде четврта што кралот Чарлс ќе ја предводи откако се искачи на тронот. Илјадници граѓани се собираат по Вајтхол за да го следат настанот. Првиот баталјон на Гренадиерската гарда оваа година имаше чест да го носи своето знаме за време на парадата. Ова е најстариот пешадиски полк на британската армија, основан во 1656 година, кој освоил 78 борбени почести и 14 Викториини крстови низ целата своја историја. По воената парада, се очекува членовите на кралското семејство да се соберат на балконот на Бакингемската палата за да го поздрават традиционалниот надлет на авионите на Кралските воздухопловни сили. Кралот Чарлс носи униформа на Гренадиерската гарда, а на парадата учествуваат и принцот Вилијам, принцезата Ана и принцот Едвард, војводата од Единбург. Церемонијата „Trooping the Colour“ се одржува во сегашната форма од 1748 година и е комбинација од воена традиција и прослава на официјалниот роденден на британскиот монарх. Кралот Чарлс првпат присуствувал на настанот во 1951 година како тригодишен принц. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter