МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игриПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри.Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку и колективниот и националниот идентитет. Спортските резултати и успеси, напомена таа, го јакнат единството на младите, надминувајќи ги разликите. Таранто, како спортски мегдан деновиве, смета таа, ќе биде место на коешто нашите спортисти имаат шанса достоинствено да ја претставуваат државата. Претседателката ги охрабри натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата е највредна кога е извојувана во фер борба. Сиљановска-Давкова ги охрабри македонските спортисти на големата меѓународна сцена да ја покажат препознатливата македонска спортска сила, нескротливата борбеност и нескршливиот дух. Медитеранските игри овозможуваат промоција на вистински вредности преку спортска дипломатија, верува претседателката. Претставниците на Олимпискиот комитет ја информираа претседателката дека ова е четврто учество на македонски спортисти на Медитеранските игри од независноста, а таа е првиот претседател на државата што присуствува на истите. На Игрите настапува најбројната македонска делегација досега, составена од 130 членови, од кои 88 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во 19 спортски дисциплини, во индивидуални и колективни спортови. Посакувајќи им успех на сите натпревари, Сиљановска-Давкова им порача да веруваат во себе и преку витешка игра да ја манифестираат македонската спортска енергија на големата медитеранска спортска сцена.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалАртета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во МинхенАктуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито. По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак. „Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“. Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира. „Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета. Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати. Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84 Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81 Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72 Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85 Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68 Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1 Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook