Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
Првиот човек на Мерцедес: Моторите со внатрешно согорување остануваат во понудата уште најмалку 15 години
1Ник Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)
2Првиот човек на Мерцедес: Моторите со внатрешно согорување остануваат во понудата уште најмалку 15 години
3Мост во Германија вреден 12 милијарди евра и претставен како чудо, стана промашување- нема да се користи за автомобили
МакедонијаСиљановска-Давкова се обрати на 5. Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазикПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Петтата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Петтата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска, под нејзино покровителство, се одржува на далечина. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна суштинската вредност на македонскиот јазик како темел на македонскиот ентитет и идентитет, нагласувајќи ја неговата моќ да отвора нови хоризонти и да освојува нови универзуми. Таа упати искрени честитки за сета вложена енергија и посветеност во организацијата на зимската школа, која се одликува со богати програмски содржини и висококвалитетна настава, реализирана од реномирани предавачи и лектори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите, културолозите од странските универзитети во светот, имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литература и култура“, истакна претседателката, изразувајќи задоволство што македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција и врвни резултати. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова Почитувани македонисти од целиот свет, Почитувана проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Почитувана проф. д-р Кристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Имам чест да се обратам на ова големо македонистичко собрание од 100-тина македонисти од целиот свет, од 18 земји, амбасадори на импресивната мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Семинарот, потомок на древната Охридска книжевна школа на Свети Климент, студиозно ја развива македонистичката наука во светот и кај нас, преку летни школи, зимски школи (на далечина) меѓународни научни конференции во Охрид, и преку лекторати по македонистика на универзитетите во странство. Чест е да се биде покровителка на Петтата зимска школа на УКИМ, којашто е репрезент на врвната филологија и културологија. Чест е да се биде репрезент на најстариот, најреномиран државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, носител на фундаменталната и стожерна мисија во високото образование и науката во Македонија, каде што го градев мојот академски пат како професорка и научна истражувачка. Чест е да се говори пред македонистички „океан“ како овој колосален собир. Импресивна е бројката на досегашни учесници на летните и зимските школи, на меѓународните конференции на Меѓународниот семинар на УКИМ – над 4 300 учесници од 70 земји, а фасцинантен е огромниот интерес за македонистиката во светот за кој сведочи досега рекордна бројка од 100-тина учесници на оваа Петта зимска школа (на далечина). Одлично е што постои континуитет меѓу летните школи на Семинарот во Охрид и зимските школи што се одржуваат на далечина, во согласност со најновите можности со кои и денес, сите заедно – македонствуваме: јазично, книжевно и културолошки. Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите, културолозите од странските универзитети во светот, имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литература и култура. И со задоволство можам да кажам дека македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција, врвни резултати до кои се доаѓа преку студиозен раст и развој, развој во кој стожерно значење има Меѓународниот семинар при УКИМ. Во таа грандиозна мисија, во тој раскошен македонистички „мозаик“, кој секојдневно расте, значајна улога имате вие, почитувани и драги македонисти од сите континенти, кои од денес отворате нова страница во историјата на македонистиката. И повторно, од денес, македонистиката ќе биде облагородена и „позлатена“ со македонистичко „семе“, коешто ќе биде „посеано“ насекаде кон светот, та како светлина ќе зрачи и ќе ја осветли оваа прекрасна и свечена македонистичка седмица во која 100-тина македонисти раскошно ќе ја растат и ќе ја развиваат македонистиката и ќе пратат моќно македонистичко послание кон светот. Послание со пораки за развој на македонистиката како наука, како извор на мудрословија, цитати, препеви, реплики, стихови, преку „океан од стихови“ на древна култура којашто праќа драгоцени книжевни, културолошки, благородни, благопожелни, мирољубиви пораки кон светот, како и пораки за развој на соработка во високото образование, науката, културната дипломатија – како врвни цивилизациски и хуманистички придобивки. Зимската школа на Меѓународниот семинар – нема граници, не познава бариери, гради мостови на соработка, научна и културна размена, пријателство и културна дипломатија. Почитувани македонисти, Македонскиот јазик е суштина на македонскиот ентитет и идентитет. Македонската реч, уметничка и научна – отвора нови хоризонти и освојува нови универзуми. Македонскиот мелос, фолклорот, историјата, археологијата – се нашите скапоцени и непресушни извори што ги споделуваме со вас. Честитки за сета вложена енергија во подготовките на Петтата зимска школа со богати програмски содржини и квалитетна настава којашто ја одржуваат реномирани предавачи и лектори на УКИМ. Ректорката на УКИМ, директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ и Советот на Семинарот, на најубав начин, успеаја да го кренат Семинарот на највисоко ниво. Како покровителка на летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ, изразувам поддршка на афирмацијата на македонистиката во светот и кај нас, како што државниот врв и институциите јасно ја искажуваат својата поддршка кон дејноста на Меѓународниот семинар при УКИМ. Сите ние треба да вложиме дел од себе, најубавиот дел од себе, како што се македонскиот јазик, македонската традиција, книжевност, уметност, култура, музика, фолклор и да ги покажеме пред светот како врвна вредност. Повторно сме заедно почитувани македонисти иако сега на далечина ќе ткаете голем македонистички мозаик налик везот на везилката ни. Ви благодарам што ја развивате македонистиката преку мостови на оваа прекрасна мрежа на соработка. Летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ се извор на љубов и почит кон јазикот, литературата, науката и културата – што е срцевина на зборот филологија, но и знак за човекољубие и космополитизам. Македонистичката мрежа е чиста сончевина. Нека зрачи и кон вашите универзитети и училници, и кон вашите срца и нека сјае како зраците на македонското знаме. Почитувани, Во својство на покровителка, чест ми е да ја прогласам за отворена Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и да ви посакам успешна и плодна работа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЗабаваНик Кенон се обидел да направи групен разговор со шесте жени, кои му родија 12 деца- настанал хаос (ВИДЕО)Ник Кенон неодамна откри дека неговиот обид да воспостави групен разговор со шест жени со кои има дванаесет деца бил неуспешен. Поранешниот водител на шоуто „Америка има талент“ изјавил дека комуникацијата со Мараја Кери, Британи Бел, Аби Де Ла Роса, Алиса Скот, Бре Тиеси и Ланиша Кол во заедничката група брзо пропаднала, пишува E! News. „Се обидов“, рекол Кенон на 9 ноември во подкастот „On Par with Maury Povich“. „Беше тотален хаос. Премногу лудо дури и за телевизија“. Кога водителот Мори Пович го прашал дали неговите сегашни и поранешни партнери се сложуваат, Кенон одговорил со контрапрашање: „Како го дефинирате „сложувањето“?“ Кенон моментално е во отворени врски со Де Ла Роса и Тиеси, додека го дели родителското старателство со другите четири жени. И покрај шегата, тој појаснил дека сите се во коректна врска, но дека „секој има свој живот“. Сепак, 46-годишникот признал дека ставањето на сите во иста група „не било најдобра идеја“. Канон, исто така, објави дека неговата семејна динамика ќе биде истражена детално во претстојната документарна серија на Нетфликс, која треба да излезе оваа зима. Кога Пович го праша дали неговите партнерки се вознемирени затоа што тој поминува повеќе време со некои од нив, тој одговори: „Звучи како веќе да сте ја гледале мојата серија“. Бре Тиеси: Тринаесеттото дете би било крај на врската Во меѓувреме, и други членови на семејството зборуваат за нивната необична ситуација. Бре Тиеси, која со Канон го има четиригодишниот син Легендарна љубов, неодамна откри што би значело крајот на нивната врска за неа. „Ако има уште едно дете, си одам“, рече Тиеси во подкастот „Lip Service“ на 6 октомври. „Нема повеќе“. Таа призна дека сегашната големина на семејството на Канон е исто така голем предизвик за неа. „Се чувствувам виновна затоа што немам доволно време, а градам кариера“, објасни 35-годишната. „Ова е како „Брејди Банч“. Нема да одиме до тринаесеттото дете“. Тиеси нагласи дека прави „сè“ за да остане мајка на само едно дете и дека не станува збор за нова бременост за неа. „Никогаш повеќе, навистина. Тоа е завршена приказна. Една ми е доволна“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Bre Tiesi (@bre_tiesi) Преглед на семејното дрво на Ник Канон Мараја Кери роди близнаци, Марокан и Монро, на 30 април 2011 година. Двојката ја објави својата разделба во 2015 година по шест години брак, а разводот беше финализиран една година подоцна. Поранешната госпоѓица Британи Бел го роди своето прво заедничко дете, синот Голден „Сагон“, на 21 февруари 2017 година. Во декември 2020 година, тие ја добија и ќерката, Моќниот Квин. Диџејката Аби Де Ла Роса ги роди близнаците Зајон Миксолидијан и Зилион Хеир на 14 јуни 2021 година. Во ноември 2022 година, таа роди и ќерка, Бизубет Цепелин, нејзиното трето дете со Канон. Моделот Алиса Скот го роди синот Зен на 23 јуни 2021 година. Само пет месеци подоцна, Канон објави дека Зен починал од рак на мозокот. „Алиса е најсилната жена што некогаш сум ја видел“, рече тој во своето шоу во тоа време. „Никогаш не се каравме, таа никогаш не беше лута. Беше емотивна кога требаше, но секогаш беше и останува најдобрата можна мајка.“ Тој им рече на публиката: „Никогаш не знаете низ што поминува некој. Прегрнете го вашето семејство. Бакнете некого. Кажете им дека го сакате.“ На 14 декември 2022 година, Алиса роди ќерка, Хало Мари. „Нашите животи се променети засекогаш“, напиша таа на Инстаграм. „Зен е во секој мој здив. Знам дека неговиот дух беше со нас во собата тоа утро. Знам дека нè гледа одозгора. Ќе го негувам ова сеќавање засекогаш. Ќе го паметам звукот на гласот на Ник кога рече „девојче е“ и изразот на неговото лице што покажуваше сè низ што поминавме.“ Моделот Бре Тиеси го роди своето прво дете со Ник, син на Леџендер Лав, на 28 јуни 2022 година. „Го направив тоа. Сосема природно породување дома без лекови“, сподели таа на Инстаграм. „Ова беше искуство кое ме понижи и ги тестираше моите граници, но исто така ме просветли и ме овласти.“ Моделот ЛаНиша Кол ја роди ќерката, Оникс Ајс Кол, на 14 септември 2022 година. Британи Бел го роди своето трето дете со синот на Рајз Месија, Ник, на 23 септември 2022 година.Тагови: Ник Кенон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Остануваме посветени на исполнувањето на ветувањата пред граѓанитеЦентралното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која се разговараше за актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите за претстојниот период. Усвојувањето на предлогот за правосудниот испит во Владата претставува историски исчекор, со кој за првпат се предвидува полагање на испитот и на албански јазик. Ги слушнавме студентите и се заложивме ова прашање да добие институционално решение. Охридскиот договор не е сопственост на која било политичка партија. Тој е историско достигнување и резултат на жртвите што албанскиот народ ги поднесе за рамноправност. По повеќе од две децении чекање, правичната и соодветна застапеност на сите етнички заедници мора да биде загарантирана со закон. Донесувањето на Законот за правична и соодветна застапеност останува наша клучна заложба. Апсурдно е да се повикувате на Охридскиот договор, а да го блокирате неговото унапредување. Одговорноста за заокружување на овој процес ја носат сите парламентарни партии што се изјаснуваат за поддршка на Охридскиот договор. Остануваме посветени и на донесувањето на предложениот закон за трансформација во редовен работен однос, со кој лицата што ги исполнуваат условите ќе добијат вработување на неопределено време. И покрај блокадите на Законот за правична и соодветна застапеност од опозицијата, ние и без алатката „Балансер“ докажуваме дека со ВЛЕН вратите за Албанците во јавната служба се широко отворени. Работното место не смее да биде средство за политички уцени. Децентрализацијата, како еден од столбовите на Охридскиот договор, останува наш приоритет. Општините со мнозинско албанско население веќе ја чувствуваат финансиската поддршка преку проекти и инвестиции, без оглед на тоа која политичка партија ги раководи. Владиното партнерство е стабилно. ВЛЕН останува посветен на исполнување на програмските приоритети ветени пред граѓаните. Во таа насока сметаме дека целокупната ефикасност на актуелната Влада треба да се цени во полн мандат. Новиот извештај на Европската комисија го оценуваме како реален и објективен приказ на напредокот и предизвиците што остануваат. Членството во Европската Унија останува наша стратешка цел и одговорност кон граѓаните. Претставниците на ВЛЕН во Владата, Собранието и локалната власт ќе продолжат да работат на остварувањето на сите зацртани приоритети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАлбанец е изрешетан среде бел ден во Шпанија, убиецот избегал со тротинет (ВИДЕО)Албански државјанин (39) е убиен во пукотница во бар во Ориуела Коста, Шпанија.Осомничениот за убиството е лице кое, откако испукало неколку куршуми кон Албанецот на терасата од барот, избегало од местото на настанот со електричен тротинет, пренесува Газета Експрес. Според шпанските медиуми, пукотницата се случила кратко пред 13 часот во спортско-забавниот комплекс „Плаја Фламенка Спорт Клуб“, на улицата Николас де Буси, во областа Плаја Фламенка. Жртвата седела на терасата од еден од баровите во комплексот кога непознато лице му се приближило и испукало неколку куршуми. Албанецот починал на лице место, додека напаѓачот по пукотницата избегал со електричен тротинет. Сведоците веднаш ги известиле надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале членови на Шпанската цивилна гарда. Покрената е истрага за идентификување и апсење на напаѓачот, а истражителите не ја исклучуваат можноста дека станува збор за пресметка. На местото на убиството интервенирале членови на службите за јавна безбедност, судската полиција и форензички експерти, кои извршиле увид на лице место и собрале докази. Комплексот каде што се случила пукотницата вклучува спортски терени, терени за тесни патеки, мини-голф, барови, ресторани и детско катче. По пукотницата пристигнала и екипата на брзата помош на SAMU. Сепак, и покрај интервенцијата на медицинскиот персонал, 39-годишниот маж не можел да се спаси. Лекарите можеле само да го прогласат за мртов, соопшти Центарот за информации и координација на службите за итни случаи (CICU). Телото на убиениот маж останало покрај терасата на барот до доаѓањето на судските власти, кои наредиле негово префрлање во Институтот за судска медицина во Аликанте. Обдукцијата треба да се изврши утре, додека истрагата е во тек за да се утврдат сите околности на убиството и да се идентификува напаѓачот, кој сè уште не е уапсен.Тагови: Албанец тротинет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21