МакедонијаСиљановска Давкова: Ромите се неразделен дел од државата, заштитата за нив треба да биде најголемаНевладините организации, заедно со меѓународните организации континуирано работат на подобрување на животот на Ромите, но нема големи резултати. Социјалната димензија во држава која се нарекува социјална, мора да се реализира континуирано, да размисли Владата за тоа дали можеби токму онаа категорија на социјални станови треба прво да биде наменета за нив. Противник сум на изолиран живот само во една населба. Треба и поинаков пристап во поглед на градењето. Ова денеска го изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред почетокот на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа рече дека заштитата за нив треба да биде најголема. -Во социјална држава, во држава што гарантира рамноправност, еднаквост, потребни се сериозни реформи. Непријатно ми е дури со години да го повторувам истото. Ромите се неразделен дел од оваа држава, тие се посветени, лојални, не се дојдени од никаде. Често пати ги охрабрувам младите Роми токму затоа и се обидувам и во мојот кабинет и во органите во кои имам влијание, да ги вклучам. Треба да се одважат, да се вклучат во политиката, образованите, умните, да ги потикнат, инспирираат и останатите, бидејќи долго време во политиката нивните интереси беа запоставувани не само од самата држава и од државните органи, туку и од многу честото вклучување во политиката заради, што не е непознато и за другите, од лични интереси, а не заради заштита на интересите на оваа ранлива категорија, истакна Сиљановска Давкова. Посочи дека правото на домување е едно од најважните, таму се формира семејството, се учи, се живее во супстандардни услови. -Најчесто ромските семејства се многудетни се живее субстандардно што значи дека во стартот на живото ромските деца се хендикепирани, нивните родители многу тешко наоѓаат работа, најчесто сами се грижат на свој начин како да се справат со животните предизвици. Најчесто живеат изолирано. Од местоположбата на живеалиштето зависи со кого ќе се дружите какви пријателства ќе имате, колку ќе ви бидат достапни сите институции, додаде претседателката Сиљановска Давкова. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Лимко Бејзароски изјави дека денеска ќе презентираат проект на кој макотрпно работеле по претставка на правен субјект посветен за пристапот до јавни добра, како што е водата и останата инфраструктура. Од теренските инстражувања, појасни тој, Комисијата доби одредени решенија, заклучоци, мислења и информации. Истакна дека се работи за категорија граѓани која во подолг историски период била инфериорна од власта, се работи за пристапот до јавни добра, односно вода, канализација, асфалт итн. на целата територија на Македонија. - Ние во нашиот предмет даваме препорака сите општини добро да внимаваат кога ги изработуваат дуповите и да ги спроведуваат политиките и на локално ниво и тие донесени на државно ниво. Информациите од теренските инстражувања упатуваат на тоа дека локалните власти треба сериозно и поактивно да работат на подобрување на граѓаните поконкретно за ромската етничка популација. Најкритично е на целата територија на државата. Не се задоволителни показателите од теренските истражувања и со оваа препорака ние ќе ги упатиме локалните и државните власти поактивно да работат во спроведување на тие политики, додаде Бејзароски. На отворањето на второто издание на годишниот настан „Разговори за еднаквост“, на тема „Право на домување на Ромите“ освен претседателката Сиљановска Давкова и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Бејзароски се обратија и евроамбасадорот Михалис Рокас, заменик - министерот за локална самоуправа Ерџан Селими и лидерката на компонентата 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, Барбара Лигл. Тагови: Сиљановска Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook