Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките

Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите.

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на настанот за промоција на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата како дел од сеопфатната реформа на безбедносниот сектор во нашата држава, организиран од страна на Министерството за одбрана и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, со што се заокружи проектот за изработка на Родовиот акциски план 2024 – 2028.

Зборувајќи како жена, претседателка на државата и врховна командантка на вооружените сили, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека вистинската борба на жените, припаднички на Армијата, не почнува во мисиите во коишто учествуваат и еднакво се жртвуваат, туку во нивните сопствени редови, како борба за еднакви услови за работа и за третман, усогласување со семејните обврски, а за жал и борба за еднакво вреднување и напредок.

Третирајќи го прашањето на промовирање на родовата еднаквост како прашање на националната безбедност, претседателката потсети дека промовирањето на родовата еднаквост не подразбира давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите, при што мора солидарно да се израмни патот и да се отвори простор за извонредност, без оглед од каде таа доаѓа, бидејќи Министерството за одбрана и вооружените сили коишто целосно ја одразуваат различноста и ползуваат сечии вештини, ќе бидат сила подготвена за секоја мисија или предизвик во иднина.

Во продолжение, интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Почитувани претставници на Армијата,

Почитуван министре за одбрана,

Почитуван началник на Генералштабот,

Почитувани партнери од ДЦАФ,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Моето денешно присуство овде, меѓу вас, го сметам за привилегија и резултат на мојата цврста лична заложба – да учествувам во унапредувањето на еднаквите можности, родовата сензитивност и инклузивната институционална култура во одбранбениот сектор.

Денес, таа моја заложба ја реализирам, заедно со министерот за одбрана, кој ме изненади синоќа со прекрасните резултати, преку промоцијата на два клучни документи: наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата како дел, како што чувме, од сеопфатната реформа на безбедносниот сектор во државава. Без проценка - нема реформи, без дијагноза – нема терапија. Ова се неопходните први чекори за промени, иако некој може да забележи дека самоевалуацијата не е вистинска евалуација, дека евалуацијата однадвор е пообјективна. Се разбира и таква постои.

Станува збор за настан, овој во кој учествувам, со којшто се заокружува првата самопроценка од оваа област во земјава, но и на Балканот, за што јас, еве сакам да изразам особена благодарност до Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор, како и до сите учесници во овој процес.

Како претседателка и врховна командантка на вооружените сили, многу убаво звучи во женски род, кон родовите прашања во Армијата и во одбраната не се однесувам само како набљудувачка, туку како актерка.

Секоја жена којашто остварила одреден напредок во својата кариера во било која област, особено ако станува збор за успех во т.н. традиционално „машка“ област, вештачка синтагма, ќе се присети на оној за мене тивок, а неретко и гласен сомнеж во нејзините способности, ќе се соочи со скептицизам па и со осудувачки погледи на нашиот трнлив пат, наречен „професионален развој“ и замислете, сето тоа за да не биде гледана, перцепирана како жена претседател, жена војник, нема изгледа ни именка во женски род или жена генерал, туку единствено како личност на претседателската, војничката или генералската должност. Личности сме ние како и сите луѓе.

Искрено, кога ќе прочитам дека дел од нашите одбранбени сили се соочуваат со вакви предизвици и бариери, не само што го разбирам, туку јас добро го познавам тоа чувство.

Жалам што, за многу жени во одбраната, без оглед дали се дел од Министерството или од воените структури, вистинската борба не почнува во мисиите во коишто учествуваат и еднакво се жртвуваат, туку во нивните сопствени редови, како борба за еднакви услови за работа и за рамноправен статус, како борба за усогласување на професионалниот живот со семејните обврски, а за жал и борба понекогаш за еднакво вреднување на трудот и напредокот.

Почитувани,

Самопроценката, сама по себе, е чин на искреност кон себе, но и кон другите, на одговорност, на отчетност, но и на растеж и јас мислам дека не секој и секогаш е подготвен на тоа. Ние сме подготвени.

Таа не е брз поглед во огледалото, туку е длабока интроспекција, фокусирање на сржта на институцијата или организацијата на којашто ѝ припаѓаме и којашто ја сакаме и сакаме да ја негуваме.

Токму затоа, за мене Акцискиот план којшто произлегува од ваквата самопроценка има специфична тежина и има поинаква димензија – се темели на автентичното и интимно чувство на секој од нас за нашата улога во институцијата и ја одразува нашата искрена желба за нејзин развој и за нејзин раст.

Неспорно е дека не е доволно институционалната култура на инклузивност само да се регулира со закон, мислам дека институционалната култура мора да се живее. Родовите стереотипи се длабоко вкоренети и потребен е труд и личен пример за да се искоренат. Затоа јас сум денеска овде. Но, не е доволен ни личниот пример, туку е потребно нешто што јас честопати сум им го замерила на жените – солидарноста, женска солидарност, женско сестринство, да не зборуваме повеќе за „успешни мажи зад кои стојат добри жени“, туку успешни мажи и жени коишто чекорат заедно, свесни дека дискриминацијата еднакво ја чувствуваат, но не секогаш на иста основа, но со еднаков разорен ефект.

Затоа силината и важноста на овој момент лежат во нашата волја да се соочиме со сите предизвици заедно, и мажите и жените, а тоа го правиме, не заради некој надворешен фактор или заради убавата слика, небаре е Доријан Греј, туку затоа што така е правилно и така е добро.

Кога ги игнорираме или ги потценуваме способностите на луѓето заради нивниот пол, всушност ги ослабнуваме сопствените капацитети. Кога унапредувањата во која било област, па и во Армијата, се вршат врз основа на некои застарени претпоставки, тогаш буквално ги испуштаме од раце оние што можат да ја обликуваат иднината или ако сакате во најмала рака, да внесат нов и поинаков дух во начинот на управувањето и менаџирањето, односно во начинот на којшто се работи во овие институции.

Тука доаѓам до едно прашање на кое му посветувам особено внимание.

Иако денес жените се присутни во речиси секој армиски род, сепак се многу ретко или поретко, да бидам поумерена, присутни на раководна, водечка или командна улога. Го гледам началникот пред мене и знае колку сум досадна кога велам: чекам предлози за жени генерали. Оваа нерамнотежа испраќа една суптилна порака дека иако жените се прифатени како дел од Армијата или безбедносните структури, не секогаш се добредојдени и на врвот, токму како резултат на одредени застарени концепти, за мене налик на некакви бирократски Гордиеви јазли што мора да се пресечат со нови, современи решенија. Јас ветувам дека како претседателка ќе дадам сè од себе да помогнам во тој процес.

Почитувани припадници на Армијата,

Промовирањето на родовата еднаквост според мене не подразбира давање предност, туку отстранување на пречките и овозможување еднаков третман за сите. Ние мора да го израмниме патот и да отвориме простор за извонредност, без оглед на тоа од каде таа доаѓа. Јас уште во мојата кампања најавив дека имам амбиции за отворање на национален центар за извонредност и очекувам тука помош од нашата претставничка, заменичката во НАТО, Радмила Шекеринска, мислам дека може да ни помогне. Не станува збор за идеологија, туку за национална безбедност бидејќи Министерството за одбрана и вооружените сили, коишто целосно ја одразуваат различноста и ползуваат сечии вештини, сигурна сум дека ќе бидат сила подготвена за секоја мисија или предизвик во иднина.

На крај, би сакала да им честитам и да им заблагодарам на кои учествуваа во овој процес, да ги охрабрам да продолжат во истиот правец, со дела, а не само со зборови, вклучувајќи ме и мене. Начинот на којшто донесуваме одлуки, начинот на којшто правиме акциски планови и ги реализираме, е марш кон нашата иднина. Не велам маратон зошто имаме и друг маратон - евроинтеграциски. А, вие, одбравте вистински начин, свесни дека силата се гради со еднаквост, а јас сум убедена дека силната, правична и единствена Армија е темелот на секоја држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе

Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. 

Нов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе

Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно.

Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци.

Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци.

Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции.

Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда.

Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Прамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. 

Прамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долари

Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година.

Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено.

Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари.

Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions).

Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“.

Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На пат кон болница починало тригодишно дете од Гевгелија

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството.

Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер