Сиљановска-Давкова: Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат - Канал 5

Сиљановска-Давкова: Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат

Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права.

Сиљановска-Давкова: Први мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат

Денеска го славиме 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот, ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано, како и сите оние кои оставиле историски печат во долгата и тешка борба за вреднување на работничкиот труд и почитување на работничките права, напиша претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во пораката по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.

На овој ден, како што истакнува Сиљановска-Давкова, им оддаваме заслужена посебна почит и признание на работниците – генерации и генерации на мнозинството луѓе со најголем придонес во создавањето и изградбата на државата и општествените вредности.

Посочува дека 1 Мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права, потенцирајќи го социјалниот карактер на македонската држава што има уставна обврска да води сметка за хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок.

-Први мај е вистинскиот ден кога ние, носителите на власта треба да се запрашаме: дали и како се остварува правото на работа, дали секој има слободен избор на вработување, дали вработените се заштитени при вработувањето, дали се соодветно материјално обезбедени при невработеност, дали секому под еднакви услови му е достапно секое работно место, дали заработувачката е соодветна на трудот, дали секој вработен има право на дневен, неделен и годишен одмор, дали се почитуваат колективните договори, истакнува Сиљановска-Давкова.

Пред нас, како што додава, се многу проблеми и дилеми што мора да се надминат.

-Социјалната правда не смее да се применува селективно, ниту да се перцепира како недостижен идеал. Таа е невозможна без соодветно вреднување на човековиот труд и без уважување на работничкото достоинствено. Тоа подразбира правична плата, квалитетни услови за работа, безбедност и сигурност во работењето, можност за надградување и напредување. Во демократски политички систем мора да се слуша гласот на работникот, да се почитува синдикалното организирање и правото на штрајк, да се негува социјалниот дијалог, да се гради партиципативна демократија. Убедена сум дека само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен. Да го чуваме и да вложуваме во нашиот највреден ресурс – човекот, истакнува претседателката Сиљановска-Давкова.

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Поубавите половини на српските фудбалски ѕвезди,  Предраг Рајковиќ, Александар Митровиќ и на Зоран Бамби Тошиќ го „запалија“ интернетот!

Фото: Сопруги на српски фудбалери го истакнаа деколтето?!

Девојките и сопругите на скапоплатените фудбалери отсекогаш важеле за вистински убавици кои предизвикуваат воздишките меѓу мажите каде и да се појават.

Така е и со сопругите на српските спортисти кои речиси секојдневно ја креваат температурата на социјалните мрежи.

Деновиве на Инстаграм особено се активни поубавата половина на голманот на новиот шампион на Саудиска Арабија, Ал Итихад, Предраг Рајковиќ - Ана, сопругата на најдобриот стрелец во дресот на Србија, Александар Митровиќ - Кристина и избраничката на Зоран Бамби Тошиќ - Јована Гајиќ.

Во преден план на фотографиите се бујните гради и облини на овие убавици.

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Светската фудбалска ведета, Португалецот Кристијано Роналдо повторно е најплатениот светски спортист. 

Кристијано Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот

Португалскиот ас трета година по ред, а петти во кариерата е најплатениот спортист во светот со годишна плата од 275 милиони долари, објави магазинот Форбс.

На второ место на листата на најплатени спортисти на Планетата е американскиот кошаркар Стеф Кари од Голден Стејт Вориорс со 156 милиони долари, а трет е британскиот боксер Тајсон Фјури со 146 милиони долари.

Четвртото место го зазема НФЛ ѕвездата Дак Прескот со 137 милиони, додека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси од третото падна на петтото со заработка од 135 милиони.

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Србинот Никола Јокиќ е 41-ви со заработка од 57,6 милиони долари.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Кој би рекол дека светската музичка ѕвезда Никол Шерцингер има 46 години.

Фото: Сексапилна пејачка блеска во бикини!

Најсексапилната пејачка во светот според нејзините милиони фанови, со нови фотки иако е длабоко влезена во петтата деценија од животот повторно покажа како блеска во бикини.

Никол уште еднаш ги почести своите фанови со атрактивен изглед во бикини.

По нејзиниот деби настап на овогодинешната Мет Гала, убавата Никол Шерцингер е на заслужен одмор.

Пејачката неодамна на Инстаграм објави жешки фотографии од уште пожешка плажа, а судејќи по објавата, таа ужива „за сите пари“.

притисни ентер